Јасен
Денеска средба меѓу политичките лидери
21.01.2011, 10:19
Претседателот Ѓорге Иванов и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груески, на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ДУИ, Али Ахмети и на Нова демократија, Имер Селмани денеска во ловиштето Јасен ќе разговараат за надворешно-политичките приоритети на Македонија, со акцент на интеграциите во НАТО и ЕУ и спорот за името.
На средбата што ја иницира претседателот Иванов, иако поканет, нема да присуствува лидерот на ДПА Мендух Тачи.
Шефот на државата и претседателите на најголемите парламентарни политички партии, како што е најавено, ќе расправаат и за препораките и приоритетите од Извештајот на Европската комисија за Македонија, за одбележувањето на двата важни годинашни јубилеја - две децении од назависноста и 10 години од Рамковниот договор, како и за одржувањето на претстојниот попис.
Целта за свикување на лидерската средба, посочуваат од кабинетот на Иванов, е продолжение на редовните консултации на шефот на државата со најрелевантните политички субјекти за подобра реализација на овие значајни настани, обврски и приоритети.
|