Филм
„Мајки“ не влезе во потесниот круг за „Оскар“
21.01.2011, 11:18
Македонскиот филм „Мајки" на режисерот Милчо Манчевски не влезе помеѓу филмовите во најтесниот круг за „Оскар“ за најдобар странски филм.
Девет наслови се во трка за пет номинации, кои ќе бидат објавени на 25 јануари во театарот „Семјуел Голдвин“ во Лос Анџелес. Од земјите од регионот понатаму ќе продолжи само Грција со филмот „Кучешки заб“ на режисерот Јоргос Лантимос, а меѓу деветте влезе и филмот на мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалес Инариту „Biutiful“ so Хавиер Бардем во главната улога. Во потесниот избор влегоа и филмови од Алжир, Канада, Данска, Јапонија, Јужна Африка, Шпанија и од Шведска.
Интересно е и тоа што во потесниот круг не е избран ни добитникот на Златната палма во Кан, тајландскиот филм „Чичко Бонмее се сеќава на минатите животи“, како и добитникот на Гран при во Кан, францускиот „За боговите и за луѓето“.
|