Број 3485  четврток, 20 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Годинава поскапо и авансното рентање велосипеди

Наместо 10 денари еден час изнајмување ќе чини 15 денари, а уплатениот аванс ќе биде гаранција за велосипедот

Деспина Трајковска


И годинава скопјани ќе имаат можност да рентаат градски велосипеди, но со авансна уплата и поскапо од лани, па наместо 10 денари за час ќе плаќаат 15. Ова се дел од новините што, најверојатно, ќе се воведат како дел од проектот „Изнајми велосипед“, со цел возниот парк на ЈП „Градски паркинг“ да се заштити од кражби и од други злоупотреби. Поучени од искуството стекнато минатата година кога проектот сефте се воведе во нашиот град, во претпријатието уште отсега го надградуваат за да се надминат ланските проблеми. Иако се свесни дека авансот што евентуално ќе треба да се уплати за да се најми велосипед ќе биде непопуларна мерка, надлежните сметаат дека граѓаните ќе имаат разбирање.

„Тоа е една од опциите што размислуваме да ја воведеме како гаранција ако велосипедите не се вратат, или ни бидат вратени во половна состојба. Иако не планираме авансот да биде симболичен, сепак, нема да биде ни преголема сума за да не се доведеме во ситуација да опа��не интересот за велосипедите. Размислуваме и деловите од велосипедот да ги маркираме за да утврдиме нивна евентуална замена од страна на корисникот. За овие две опции, како начини за заштита, наскоро очекуваме согласност од Управниот одбор на ЈП, а потоа и од Советот на Град Скопје. Сметам дека ќе ја добиеме поддршката ако се има предвид дека проектот го истуркавме со загуби, поточно остваривме промет од 120.000 денари, а само за поправка на велосипедите имавме расходи од 150.000 денари, притоа не пресметувајќи ги другите тековни трошоци за проектот“, вели Борче Јакимовски, директор на ЈП „Градски паркинг“.

Тој информира дека наместо досегашните 70 велосипеди за изнајмување ќе има уште најмалку 100 нови и тоа не само „обични“, туку и детски и двојни велосипеди, односно со две седишта. Во проширувањето на возниот парк претпријатието ќе учествува со 500.000 денари, а нови велосипеди ќе набави и Градот, благодарение на добиената донација од Кина во висина од 600.000 денари.

Надлежните договориле да го зголемат и бројот на пунктовите за изнајмување, па освен од плоштадот „Македонија“, пред „Треска“ и пред ТЦ „Бисер“ во Аеродром, велосипеди ќе можат да се изнајмуваат и од паркинзите на ЈП „Градски паркинг“ во Ѓорче Петров и кај Транспортниот центар.

Инаку, и претстојнава сезона за „Изнајмување велосипед“ ќе важи истото работно време како и лани, што значи велосипед ќе може да се изнајмува секојдневно од 7 до 23 часот. Градски велосипед ќе може да користи секој полнолетен граѓанин со приложување лична карта. Проектот годинава ќе стартува на 1 април.


#
Статијата е прочитана 1063 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 20.01.2011 15:49:09
Ocigledno na aktuelniot direktor proektot mu e teret a ne dobra ideja, pa pokraj zgolemena cena ima namera i da bara kaucija zato sto se ostetuvale velosipedite. Ocigledno covekot ne bil vo nekoj evropski grad ili koga bil go drzele za raka.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Политиката ја продолжи тутунарската сага
Бензинот чудно мириса
Кога шефот дискриминира...
Резил од протест
Тачи се навредил од поканата за лидерска
Бледнее ли ѕвездата на Груевски?
Полицијата заплени 1,5 килограми висококвалитетен кокаин
Голем концерт во Скопје на 19 март
„Како бити херој у ова шугава времена?“
Возовите уште долго ќе не' клацкаат со 50 км на час
Штом молчат министрите, ќе царуваат шпекулациите
Груев „Волјата на револуционерна Македонија“
Ајде сите сами на избори
Добија втора ќерка
„Мајки“ не влезе во потесниот круг за „Оскар“
Карикатура
Украинските автобуси подготвени да тргнат за Скопје
Уапсен Македонец за шверц на злато
Прва фотографија од синчето Флин
Со коката Боливија ќе војува со „Кока-кола“
Македонија и Грција ќе се соочат на 21. март
Стил
Денеска средба меѓу политичките лидери