Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Ја здувнале од затвор кога снемало струја

Четворица притвореници го искористиле моментот кога снемало струја за да избегаат од тетовскиот затвор

Даниела Трпчевска
Гојко Ефтоски

Тетово – Четворица притвореници ја здувнале завчеравечер од тетовскиот затвор, искористувајќи го моментот кога сиот град поради дефект остана без струја. Селајдин Селим (22) од гостиварското село Дебреше, Шани Исмаили (18) од Тетово, Дели Илјази (21) од тетовско Доброште и Вејсел Ибраими (21) од Форино, Гостиварско, го искористиле мракот како сојузник. Тие најпрво ја отвориле вратата од ќелијата, го извадиле катанецот кој не бил заклучен и со него ја отвориле и втората метална врата. Откако го прескокнале заштитниот ѕид на затворот, кој се наоѓа во самиот центар на градот, избегале по улиците. Полицијата успеала да го фати Вејсел Ибраими, но по неговите цимери од ќелијата се' уште се трага. Поведена е иницијатива за разрешување на директорот на тетовскиот затвор, Асим Бајрами, а дисциплинска одговорн��ст ќе биде поведена и за надлежните од чуварската служба.

Бегството се случило околу 21 часот откако градот цело деноноќие немаше струја поради дефекти. Како што дознаваме, се' се случувало во трите ќелии на приземјето на Притворското одделение. Според непотврдени информации, безбедносните камери, поради немање струја, не работеле.

„Притвореникот Севдали Салиу успеал насила да го отвори задниот дел од вратата на ќелијата каде што престојувал и со подавање на раката успеал да го извади незаклучениот катанец. Потоа ја отворил и втората метална врата со која се обезбедува притворската ќелија“, велат од Управата за извршување санкции.

Според сознанијата, притворениците, помагајќи си меѓу себе, успеале да го прескокнат ѕидот и да побегнат. Полицијата успеала да го приведе Вејсел Ибраими, додека останатите тројца се во бегство. Во Притворското одделение бил уште еден притвореник, кој не се обидел да избега.

„Околу 21 часот, при бегство од тетовскиот затвор, фатен и приведен е В.И. од гостиварско Форино. Подоцна е пријавено дека од Притворското одделение избегале уште тројца затвореници. Екипа од СВР - Тетово, со истражен судија и јавен обвинител, извршија увид и се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на избеганите затвореници“, информираат од СВР - Тетово.

Поради несовесно и нестручно работење, веќе е доставен предлог за разрешување на директорот на затворот во Тетово, а против одговорните службени лица во установата е поведена дисциплинска постапка.

Севдали Салиу од селото Дебреше се наоѓал во притвор поради тешка кражба, како и Шани Исмаили од Тетово, кој извршил повеќе тешки кражби. Дели Иљази од село Доброште има подебело полициско досие. Тој треба да одговара за противправно лишување од слобода, грабнување и силување.

Поради последното бегство, министерот за правда, Михајло Маневски, донел наредба која е испратена до основните судови од Апелационото подрачје во Гостивар. Со неа децидно се укажува дека лицата притворени за дела за кои е пропишана казна затвор над десет години или потешка казна и повторителите на кривични дела мора да бидат сместени во затворот во Скопје, каде што безбедноста е на повисоко ниво.

Ова не е прво бегство од тетовскиот затвор. Во август годинава од затворот побегнал албански државјанин притворен поради убиство. По него е распишана потерница, но се' уште е во бегство. Во април 2009 година се обеси притвореник во тетовскиот затвор, а во сеќавањето на јавноста остана и мистериозната смрт на кичевскиот новинар Владо Танески, кој беше пронајден мртов во кофа со вода, токму во притворската ќелија на овој затвор.


#
Статијата е прочитана 915 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Македонско-бугарски историски контроверзии (16)
Нерамнини со рамните даноци
За името е потребен тежок компромис
Бранко Наумоски стан прв човек на Уставен
Сите чурат
Новинарството не е само бизнис
Фестивал на комедијата во Гевгелија
Не се вратив во Гана поради љубовта
Се трага по средношколец
Мaјки и шајки
Кина направи најбрз компјутер на светот
Карикатура
Фросина“ домаќин на француски филмови
Му истетовирал пенис без да знае
И Швеѓаните загрижени за нашите азиланти






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000