Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Фељтон

Македонско-бугарски историски контроверзии (16)

Еуфорија во Софија по изборите во 1998

По изборите во 1998 Бугарија очекуваше ВМРО-ДПМНЕ да започне процес на бугарско национално „осознавање“ на Македонците

Виктор Цветаноски

По победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 1998 година, поголемиот дел од бугарската јавност очекуваше дека таа ќе создаде услови Македонците да ги „осознаат“ своите корени и, конечно, да се ослободат од „југокомунизмот“, кој повеќе децении го прекројувал нивниот бугарски идентитет. Сета надеж за спроведување на оваа задача беше свртена кон тогашниот лидер на победничката партија, Љупчо Георгиевски, кој, според нив, ги сфатил историските реалности.

„Во услови на новата слобода, со паѓање на бариерите на стравот, на репресијата, Македонецот (терминот Македонец не е употребен во национална смисла, н.з.) е во можност да ја побара својата суштина и својот идентитет. Во продолжение на многу десетици години, Македонците или немаа право да го бараат својот идентитет или им беше натуруван од горе еден идентитет, за кој тие не можеа да дискутираат и не можеа да го поврзат со сопствениот идентитет. Отсега натаму во Македонија треба да очекуваме еден тежок, можеби болен, но, сепак, слободен процес на нивна самоидентификација“, ќе изјави бугарскиот политиколог Огњан Минчев.

Според него, со победата на ВМРО-ДПМНЕ бил ставен крај на 85-годишниот период на „колонијално господарство“ на Белград врз Македонија. „Поради тоа, задоцниле и реформите и промените по 1990 година, бидејќи надминувањето на тоа наследство во психологијата и секојдневјето на луѓето во Македонија било многу тешко“, оцени Минчев.

Некогашниот бугарски министер за просвета, академикот Иљчо Димитров, ќе изјави дека Лазар Колишевски, Крсте Црвенковски, Михајло Апостолски и нивните продолжувачи до голем степен го исполниле „заветот на великосрбизмот“: ако не може да се изврши директна србизација на Македонија, да се примени тогаш поприфатливата варијанта македонизмот против бугарското национално чувство. „Со последните македонски избори беше нанесен удар врз агентурата на великосрбизмот, кој господареше во текот на близу еден век и кој, ми се чини, повеќе нема да ја види власта. Во тоа е нивното значење”, ќе заклучи бугарскиот академик.

Тогашниот главен обвинител на Бугарија, Иван Татарчев, од ресенската семејна лоза на првиот претседател на ВМРО, Христо Татарчев, рече дека по промените во Македонија „најважно е да се изврши револуција во главите на тие луѓе“, на Македонците, за да си ги осознаеле своите бугарски корени и својот бугарски идентитет. „Со разумен однос треба да им дадеме храброст на луѓето што сметаат дека заедничкото потекло со ништо не ја застрашува македонската држава”, изјави тој.

За судбината на Македонија беа водени повеќе дебати преку националната телевизија и радио, а некои од учесниците предлагаа македонскиот јазик да се признае како „јазична норма“ врз основа на бугарскиот јазик, но не како посебен, зашто тоа би значело и делумно признавање на македонската нација, која, според нив, била вештачка творба. Според нив, на кој било начин требало да се „олабават“ односите меѓу двете држави, а ако настапеле некакви промени во иднина, тие ќе дојделе по нормален пат. За присутните македонизмот бил доказ дека „од Бугарин не бидува Србин“.

Инаку, изборите во Бугарија беа настан број еден и се следеа со големо внимание како да се решава судбината на бугарската држава. Секоја изјава поврзана со нив беше проследена со разни анализи и коментари, што не било случај дотогаш со ниту едни избори во друга држава. На јавноста и' се сервираа многу нешта кои неутралниот посматрач не можеше да ги сфати и да ги разбере. Поддршката и симпатиите целосно беа на страната на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Љупчо Георгиевски, кој очекуваа да ги врати Македонците на нивните бугарски корени. Сите критики беа упатувани на СДСМ. Нејзините членови беа нарекувани бивши „србокомунисти“ и прогласени за најголеми непријатели на бугарската држава, кои настојувале да победат веејќи го „бугарското плашило“ и создавајќи антибугарско расположение.

Општата еуфорија што ги зафати и обичните граѓани постојано беше подгрејувана од медиумите. „Сега дојде моментот да видиме дали, како што препорачува Левски, да си ги кажеме едни на други вините и да одиме напред или, напротив, ќе се случи, како што рекол Гоце Делчев, како вистински Бугари ќе ги продолжиме караниците, зашто боледуваме од една болест - колку глави, толку капетани“, коментираше весникот „Труд“, нагласувајќи дека Македонија веќе е поинаква штом на чело на државата е ВМРО-ДПМНЕ и дека „ветерот на промената најпосле ги ослободи духовите заковани од југостравот“.

Слични констатации ќе застапува и „24 часа“. „Евентуалниот иден премиер Љупчо Георгиевски ја фали Бугарија при секој погоден случај. Нели од името си ја смени буквата ’п‘ со буквата ’б‘ - според бугарскиот правопис“, оценува весникот, кој пред самите избори го постави прашањето дали Георгиевски е бугарски адут? Истовремено, побара од бугарските политичари да постигнат консензус за Македонија, прогласувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ за пробугарска партија. „Кога еден ден ќе паднат границите, кога ќе дојде до слободна размена на луѓе, стоки и капитали, може да ги натера нашите македонски братучеди да ги осознаат своите бугарски корени“, ќе заклучи весникот.

Бугарија ја зафати голема еуфорија, а нејзините граѓани ликуваа по победата на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш национална телевизија ќе им соопшти на гледачите дека во Македонија првпат се прегрнувале граѓани и полицајци и дека тие се радувале не само поради победата на опозицијата, туку затоа што се чувствувале слободни. „Оттука натаму македонските граѓани ќе ја разделуваат историјата на два дела, пред и по 1 ноември”, ќе заклучи нејзиниот известувач.

Некои печатени медиуми на првите страници ќе се појават со наслови „ВМРО ја презеде Македонија“ и ќе подвлечат дека ВМРО-ДПМНЕ, конечно, ги исклоцала од власта бившите македонски комунисти, кои со години раздувувале „антибугарска хистерија“, а Скопје заличило на источноевропските главни градови од крајот на 90-тите години, кога го празнувале паѓањето на комунизмот. „Македонија се разделуваше со еден над 50-годишен период, во кој на власт беа бившите југокомунисти, а за време на последните години - децата и децата на нивните деца... Од власта во Скопје ќе треба да се повлечат неокомунистичките лидери, врзани со папочна врвка со Белград“, ќе препорачуваат весниците и ќе подвлечат дека „тандемот Киро Глигоров - Бранко Црвенковски“ станале „христоматичен“ пример како уривањето на комунизмот во државите од Источна Европа води до „пештерен национализам“. „Таа партија (се мисли на ВМРО-ДПМНЕ н.з.) ги призна своите бугарски историски корени и не' смета за држава што води најкоректна политика спрема Македонија“, ќе напише „24 часа“.

Весникот на социјалистите „Дума“ побара брзо и целосно прочистување на државниот, административниот и стопанскиот апарат од „југокомунистите“, зашто тоа било поважно од името, јазикот и нацијата. „Изборот на 11 октомври 1941 година, денот кој Титовите одроденици во Македонија го објавија за ден на востанието, се претвори во почеток на антибугарски прогони. Поради ВМРО, илјади македонски Бугари ја најдоа смртта или го зацрнија својот живот во ’Идризово‘, Голи Оток и други концентрациони логори и затвори на Тито. Дај Боже, 1 ноември 1998 година да биде ден на воскреснување! Големиот ден на воскрснувањето и помирувањето меѓу Вардар и Марица“, ќе напише органот на социјалистите.

Весникот изнесе мошне оптимистички очекувања, дека македонските граѓани ќе ги осознаат своите бугарски корени по победата на ВМРО-ДПМНЕ, подвлекувајќи дека повеќе од 50 години бившиот режим во Македонија „колел и бесел“, испраќал во концентрациони логори и во затвори за да ја поддржел единствената омраза, омразата спрема Бугарија, спрема „мајката родина на македонските браќа“. „Но, дај Боже, изборот на Георгиевски да ја придобие вистинската смисла. Зашто, луѓето што ги разделија со граници туѓи империи и туѓи идеологии за да живеат во злоба и омраза повеќе не го сакаат тоа. И за нив зборот љубов не е празен збор“, ќе заклучи весникот со убедување дека Македонците, конечно, ќе сфатат дека се Бугари.


#
Статијата е прочитана 3142 пати.

Испрати коментар

Од: МЕГАЛЕКСАНДРОС КИПАРСКИ
Датум: 28.10.2010 12:08:10
Грција и Бугарија се полни со Македонци едно 3 до 4 милиони луге со мак. потекло.Фиљо Феличита ке реши за името. По него оти античките Македонци биле Грци а такви имало во областа Македонија тоа се Македонци ама Грци исто како Шумадинци ама Срби а ние сме само Словени а црните Грци од Кипар биле најнаследници на Александар. Hans Lotar Македонски јазол стр 50 Не сите народи имаа среќа рано да го манифестираат својот јазик Македонците имаа. Траутман вие сте од Солун а тука се зборува чисто. Значи дијалектите не беа од Црно Море или Родопи туку од Солун Македонија. Делото на браќата сеуште зрачи во Русија Бугарија Србија Хрватска.....И Турско-татарските Бугари ги озари зрак од оваа култура не само што беа асимилирани туку и јазикот го прифатија. Од Татарите им остана само името Бугари.Го вреѓаш баш словенството кај Лотар.Ти си Каравангелис. Јас велам има само Македонци како нас и тука и во Грција а ти велиш има Македонци ама Грци и Славоси. И второ наместо по бугарофилите ти по мене.
Од: pameten
Датум: 28.10.2010 12:22:11
"Sofija da go prifati faktot deka Makedoncite i takanarecenite Bugari imaat razlicni nacionalni koreni"... Ovo Sofija i da saka ne mozhe da go prifati. Vinata ne e na Karakachanov ili na B. Dimitrov, toku na Sv. Kliment, na car Samoil, na Krchovski I Pejchinovikj, na Miladinovci, na BMORO, na Todor Aleksandro… Negirajki ja nivnata Bugarshtina, pa i celiot (Sloveno) Bugarski identitet so zborovi kako “takanarecheni Bugari” (poshto “vistinskite” Bugari pred 13 veka! bile ne znam kakvi…) samo kje naterame Bugarite i pred se tie so poteklo od Makedonija da se pripojat kon golemata koalicija koja shto saka da go unishti deneshniot Makedonski identitet. Sporot so niv e paguben za Makedonija, poshto sporot so Grcite ne’ obedinuva, no sporovi so Bugarite kje ne’ podelat.
Од: павле АЛИМАСКА ,Прилеп
Датум: 28.10.2010 13:20:19
Многу ми е жал што и ден денес има многу неук,припрост и неписмен народ кој не може да ја види трулата позадина на лицемерната политика на ДПМНЕ.Она што се произнесе за себе ЉУБЧО истото го мислат и го чувствуваат и многу други “ ВИДНИ ЛУЃЕ “ од ДПМНЕ,ама тие го чекаат “СВЕЧЕНИОТ „ чин на обединување со МАЈКА БУЛГАРИЈА за да си ја отворат душата
Од: sime
Датум: 28.10.2010 14:38:29
Ljubco si kaza poluotvoreno deka e probugarski oriuentiran i ja izgubi doverbata kaj narodot,Grueski e popameten i ja brani makedonskata kauza i vlasta,se nadevam iskreno.
Од: Владимир
Датум: 28.10.2010 15:22:13
Многу нешта напишани погоре во текстот се ТОЧНИ. Факт е дека во Македонија, денес, нема ни бугаризација, ни грцизација, а имало и има СРБИЗАЦИЈА. Секој кој неутрално гледа на нештата ќе сфати дека тоа што се случува во Македонија - бомбардирање со српски емисии, шоуа, естрадни гости, концерти, музика по кафеаните итн. не е случајно туку е процес на србизација кој го спроведуваат бивши удбашки послушници, денешни милионери кои поседуваат и телевизии, и хотели, и фабрики, и универзитети итн. Навистина е срамно во време кога на Македонија и се сучува србизација, вие да пишувате статии против Бугарија, а да ја премолчувате србизацијата. Или можеби и на вас ви одговара србизацијата?!
Од: За чедото на Каравангелис
Датум: 28.10.2010 15:41:21
Таткото на Кирил и Методиј бил Гркот Лав (Леон),а мајката Марија „можеби“ имала словенско потекло.Во книгите пишува „Вие Солуњатите го разбирата славјанскиот јазик“.Никаде не се спомнува македонскиот јазик,а ти продолжи ја реченицата како што е во оригинал „ ... во Солун се зборува чисто СЛАВЈАНСКИ“! Што ви направи тој Каравангелис на вас ,Егејците,тотално ве збрлави со Мегалосот!
Од: Makedonec
Датум: 28.10.2010 21:23:59
Mi zapakalo seloto,seloto Vatasa...Dzelati kleti ne slusa ne slusa narodot...Dajte gi vamu nasite deca ej vie kleti fasisti...!Dali Vi e poznata pesnava i dali ne se prepozavata vo nea VRHOVISTI?Koi bea tie trianaeset rosa mladinci i za sto se pogubeni na zverski nacin za da sega im gi rusite spomenicite?Dodeka partizaite i ovie triaesetmina pravea drzava vie sorabotuvavte so bugarskiot okupator.Ova e nepobita istorija ne govor na omraza.
Од: nacional-patriot
Датум: 28.10.2010 22:17:44
Sekako deka Sofija odbiva da go priznae faktot deka Makedoncite i takanarecenite Bugari imaat razlicno nacionalno poteklo,bidejki ke se doznae nejzinata zabluda za minatoto.Pred 19 vek ne postoel "bugarski" identitet,a nekolku veka porano imalo azijatsko naselenie Tatari koe se naselilo na Balkanot pomegju rekata Dunav i Trakija i se sloveniziralo.Vekje ima dilemi kaj nekoi stranski istoricari za samoilovoto carstvo deka e pogresno narekuvano "bugarsko" i soznanija deka toa bilo srednovekovna makedonska drzava.Vo minatoto delovi od istorijata se pisuvala pod vlijanie na sofiskata,atinskata,srpskata istoriografija.
Од: dimitar
Датум: 29.10.2010 00:19:43
E tek sega sfakam zasto Bugarite pripagaat vo Neoromanticarski nacii, pisuvaat balalajki i notarni nevistini, a najtragicno e sto sami si veruvaat!!! Se cudam koga ke dojde denot koga konecno ke Sfatat deka nit sme imale nitu ke imame Bugarski koreni a najmalce ke bideme Bugari!! p.s Istoto se odnesuva i na Grcite kako zla nacija
Од: BgMak
Датум: 29.10.2010 06:04:23
i soznanija deka toa bilo srednovekovna makedonska drzava. Vo minatoto delovi od istorijata se pisuvala pod vlijanie na sofiskata,atinskata,srpskata istoriografija.>>>Koя е оваа средовековна држава со главен град Атина????
Од: ЕТЕ ГО ПРОБЛЛЕМОТ
Датум: 29.10.2010 08:13:33
Александар не е Македонец. И Кирил и Методи не се . Тие се Словени. А какви Словени од Македонија. Словенски бе. Е и така и Самоили не е. И Крали Марко не е. И Прохор Пчински не. Па и Гоце и Даме и Мисирков не биле Македонци. ЕУРЕКААА од 45 сме. Сиктер бе чеда гркосрбублгарофилски.
Од: VP
Датум: 29.10.2010 10:24:29
Добро, има ли и друго освен контроверзии - можно ли е взаемно почитување; добрососедство; поддршка ?

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Нерамнини со рамните даноци
За името е потребен тежок компромис
Бранко Наумоски стан прв човек на Уставен
Ја здувнале од затвор кога снемало струја
Сите чурат
Новинарството не е само бизнис
Фестивал на комедијата во Гевгелија
Не се вратив во Гана поради љубовта
Се трага по средношколец
Мaјки и шајки
Кина направи најбрз компјутер на светот
Карикатура
Фросина“ домаќин на француски филмови
Му истетовирал пенис без да знае
И Швеѓаните загрижени за нашите азиланти






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000