Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Поглед

Сите чурат

Александрија Стевковска

Многу политички и економски теми во државава се актуализираат, па паѓаат во сенка, но пушењето беше и останува топ-тема меѓу граѓаните. Вечната борба меѓу активните и пасивните пушачи деновиве повторно е актуелно, во очекување што ќе пресуди Собранието, во корист на едните или на другите. Дали пратениците ќе омекнат и ќе ја прифатат иницијативата за промена на Законот за заштита од пушењето, или тој ќе остане ригорозен како што беше и досега? Аргументи за и против имаат и едните и другите. Пушачите велат дека се дискриминирани и дека и тие имаат право на избор дали и каде ќе пушат, а непушачите, велат, добро е, некој се грижи и за нивното здравје. Во право се и едните и другите, но некаде мора да се пресече, во корист на едната или на другата страна.

Сега се бара, пак, во поголемите ресторани да се одвојат посебни простории и за пушачите, а помалите локали да си се определат дали ќе бидат цели за пушачи или антипушачи.

Во меѓувреме, додека се бие правната битка за пушачите, низ локалите се пуши наголемо. Под најлон или стреа, сите интензивно чурат, контра законот. Имено, општините го продолжија рокот за терасите, но под услов тие да не се оградуваат. А кај нас не е така. Во име на муштериите, локалите не само што се оградени туку се и заштитени со најразлични материјали, се' со цел - пушачите намира да уживаат во кафето и цигарите.

Како и да е, наскоро ќе видиме дали ќе попушти стегата околу пушачите и тие зимава ќе пушат олабавено или ќе останат во челуста на законските окови, па ќе треба да продолжат да пушат скришум по ходници и тоалетите. Крајна опција останува пушењето дома. Тоа барем засега никој не може да го забрани и да го казни.


#
Статијата е прочитана 1622 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Македонско-бугарски историски контроверзии (16)
Нерамнини со рамните даноци
За името е потребен тежок компромис
Бранко Наумоски стан прв човек на Уставен
Ја здувнале од затвор кога снемало струја
Новинарството не е само бизнис
Фестивал на комедијата во Гевгелија
Не се вратив во Гана поради љубовта
Се трага по средношколец
Мaјки и шајки
Кина направи најбрз компјутер на светот
Карикатура
Фросина“ домаќин на француски филмови
Му истетовирал пенис без да знае
И Швеѓаните загрижени за нашите азиланти






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000