Што сме му погрешиле на универзумот што сме имале несреќа да се родиме токму овде и токму сега
Додека се свестиме од разните проблесоци на генијалност со кои не' бомбардираат нашиве маријачи, ни се расплакаа сите мајки и шајки. Меѓу прокламациите за монументалниот и октроиран подем на македонската култура, триумфалната капија, лустрацијата во стил на јавен линч, односот на власта кон медиумите и очајниот обид за, демек, лобирање пред самитот на НАТО во Лисабон, ние сиротата публика отстрана го гледаме пропаѓањето на севкупниот политички дискурс, бедата на културната естетика и деградацијата на вкупното државно и социјално милје, па се прашуваме што сме му погрешиле на универзумот што сме имале несреќа да се родиме токму овде и токму сега.
Првата тажалка е за состојбата во културата во Македонија. Се произнесоа разните величини што владеат со моментниот културен производ и заклучија: културата доживувала ренесанса, особено театарската и филмската продукција. Со декрет и со јавна прокламација маријачите го цепнаа својот заклучок. Додека овие „искубани“ пауни гордо се шеткаат и се фалат еден со друг, половина од репертоарот на МНТ се состои од текстови на Нушиќ, сосема во стилот на популистичко- диригираниот стил: panem et circenses. За пауниве развојот на театарот застанал некаде кон средината на минатиот век. Што има да прават модерни претстави, па уште да ги трпат познатите македонски артисти и режисери, кога можат да си направат маалска игранка, а овие познативе да ги избркаат да скитаат по светот? Истовремено, директорот на МНТ, откако го „позлати“ сопствениот театар, му остана време и да режира не една претстава, туку две во Драмски. Плата си е плата, ама тезга си е тезга. Којзнае кога во иднина ќе има можност така уметнички да се истакне, а притоа да биде сигурен дека, каква и да е претставата, ќе има барем неколку сироти што зависат од него, па ќе го тапкаат по рамо.
Очигледен е стравот кај сегашната генерација културни „дејци“: свесни за очајната вредност на нивниот производ, тие исконски се плашат дека овие пет минути се единствените пет минути што ќе ги имаат, па така агресивно се етаблираат во сите пори, притоа метастазирајќи во дејноста во обид вештачки да го наметнат својот вкус како вкус на времето. Жално е што генерации млади автори и млада публика ќе мора да израснат со комплексите на пауниве и нема да има можност да проследи вистински квалитет што интелектуално ќе ги предизвика и нив самите и системот, туку ќе мора сами да се пробиваат низ културниов полтронизам на птициве што умираат пеејќи од петни жили.
Во меѓувреме, колку да ја закова поентава, бидна и премиерата на фамозниот „Мајки“. Дојде и премиерот, и тоа на време. За да се обезбеди од критика, авторот однапред најави дека филмот бил тежок, фестивалски, не бил за секого (читај ако не ти се допаѓа, значи не разбираш). Искрено, не можев да се оттргнам од впечатокот дека, всушност, станува збор за крпеница направена набрзина за да се оправда инвестицијата. Вкрстен меѓу една наративна структура што се распаѓа, меѓу вештачки и неприродно одолговлечени сцени и фотографија во најдобриот стил на спотот на „Леб и сол“ за Скопје, но и оптоварен со наместа неумесна интерпретација, филмот е полугледлив. Само нема кој да викне дека царот е гол.
За да се надоврзат на културната ренесанса маријачите ќе ни граделе и триумфална капија. Бадијала врескаат архитектите, бадијала протестираат студентите, капија ќе си никне. Нема врска што Скопје никогаш немало допирна точка со тој правец во архитектурата, што реално е надвор од секоја памет во третиот милениум да градиш градби што изгледаат како од првиот милениум, што тоа се бадијала потрошени пари (колку за два пати да се покријат сите дупки на улиците), што станува збор за проект што се соочува со најголем отпор од јавноста: маријачите мува не ги лази. Дојдоа од некаде, насила го запоседнаа урбаниот простор и сега ќе си обележат територија. Се прашувам, како во „Сексот и градот“ - до кога маријачиве ќе ни го силуваат градот?
Кога веќе сме кај сексот, еден-два збора за специфичниот однос на власта со медиумите. Намалувањето на слободата на изразување во медиумите сега е веќе и официјално. Поместувањето е точен приказ на состојбите, на неколку нивоа: прво, самиот факт што власта е најголем медиумски огласувач е доволен индикатор за неприродната спрега меѓу тие два центра на моќ што номинално мора да бидат одвоени. Натаму, агресивниот однос на спин-докторите во министерствата кон уредниците и новинарите создава притисок за автоцензура. Трето, во борбата меѓу власта и новинарите власта секогаш победува, зашто кај неа е славината: таа затрупува со информации или ги крие, ги обликува и ги темпира, притоа секогаш ги има на располагање погрубите лостови на моќта (како тужби за клевети и напад од позиција на авторитет), па токму затоа секоја демократска власт инсталира механизми што позитивно ги дискриминираат медиумите, ги заштитуваат и ја гарантираат нивната слобода. Наместо тоа, нашиве маријачи мислат дека медиумите треба да се стават под капа, да станат соработници во процесот и како ќе минува времето и рејтингот на власта ќе паѓа, така притисокот ќе се зголемува.
На крај, не можам а да не се посомневам во мотивите поради кои процесот на лустрација се претвори во јавен линч. Индикативен е фактот што некако спретно и миракулно почнаа да никнуваат досиеја во дворови и во поштенски сандачиња на медиуми: суштински, процесот мора да биде организиран така што наводите и индициите од таквите документи не смеат да станат јавни додека не бидат недвосмислено верификувани, зашто инаку носат непоправлива штета за оние што ќе бидат спомнати или инсинуирани во таквата постапка. Кај нас се случува токму спротивното: суштината на процесот стана јавниот линч, а проверката на фактите стана секундарен, придружен елемент. На крај, добитниците од целово лустрациско цунами се некако сомнително и непријатно сконцентрирани кај една од страните во процесот.
Tekstov e samo potvrda deka vo zemjava sekoj so se' se bavi i pri toa normalno deka se cuvstvuva superioren kako ekspert po temata.
Од: eleonora
Датум: 28.10.2010 12:58:07
Браво за статијава! Сите наши цареви се голи и време беше некој тоа и да го каже. Се надевам дека се повеќе ќе има такви гласови, зашто многумина гледаат, само им е страв да викнат. Власта има силни и најразновидни лостови за вршење притисок и застрашување. Среќа што тоа не може да трае вечно, на крај се ќе и се скрши од глава!
Од: izmaltretiran
Датум: 28.10.2010 13:22:36
Za filmot na Manchevski velite:"Само нема кој да викне дека царот е гол." Ima, Alagjozovski vo negovata kolumna od minatata nedela vo Shpic (Sega)
Од: ФЕЛИКС
Датум: 28.10.2010 13:25:26
Оти просторот за коментар е хендикеп само ќе искоментирам за притисокот само на власта врз медиумите а авторот свесно одбегна да искоментира за вчерашниот испад на неговиот опозициски лидер.Како му се чини заканата јавна со судска тужба ако новинарите пишуваат за залудно потрошените пари за саморекламерство.Ова е заради балансот на политичкото однесување..
Од: Blue fighter: Zosto Belgrad mu pomaga na Grujo ?
Датум: 28.10.2010 13:26:47
Za osvrtot na avtorot na temata "Majki" nema dilema ,deka se e soglasno familjarnata sema"da si ostanat parite kaj nas".Za takvi "biseri" na "prekrasniot um" na Milco Mancevski se davaat golemi pari,(filmovite po pravilo cinat mnogu pomalku)a proektite se voobicaeno nikakvi.A zosto Belgrad mu pomaga na Grujo vo presmetkata so DUI i site sledni sto ke se najdat na meta na vlasta za nivno damkosuvanje i politicka eliminicaija e jasno ako se znaat interesite na site sosedi vo odnos na opstojuvanjeto na MKD,no i ulogata na grcko-srpskoto prijatelstvo .Se pokaza dosega deka im se komplementarni interesite i vo odnos na crkovniot spor i za zaednickata granica sto ja mectaat.No,vo slucajov dviranjeto na procesot na lustracija i naviknuvanjteo na narodot deka se e montirovka ke im odi vo prilog na vmrovskite kodosi,koga ke dojdat na red i nivnite dosijea,za koi znaat deka ex-policajci gi imaat tuka.Zatoa,treba da ne se veruva i da se misli deka nekoj im podmetnuva,kako sto sega e slucaj.
Од: do feliks
Датум: 28.10.2010 15:10:06
Работава е држи го копилево да се смеам со копилјачкава. Некој потрошил за само реклама? Прво е лага од твојата муфлосана кујна, не сме виделе. А кога гледаме реклами наменети за слепци да им кажуваат дека знаењето е сила, знењето е моќ и ред други такви, кај си за коментар. Или тоа за тебе и таквите како тебе е поучно и ви треба да ви го кажат?
Од: caki,germanija
Датум: 28.10.2010 16:12:54
Prosto covek da ne veruva deka ste magistar,pa ne razbirate li deka ako vlezeme vo EU kako MAKEDONCI toa ke bide ogromen TRIUMF sto vredi nekolku miliona da se ovekoveci!!!Aman vise so toa :marijaci:
Од: karokan "gambit"
Датум: 28.10.2010 19:15:16
Pritisok vrz mediumite moze da ima samo ako toa se pravi voninstitucionalno,a nikako ako toa se pravi
preku instituciite na sistemot.Isto e i so pritisokot vrz sudstvoto,obrazovanieto i bilo koj drug segment na opstestvoto.Nikako ne e pritisok ako na sudijata mu kases:"Ce se zalam do povisokata sudska instanca
Taka ti e toa g-dine Felix.Zakana e ako ti recam:"Felix ce ti ja puknam glavata",no ne e zakana ako ti recam:"Felix za napisanoto ce se vidime na sud"!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Ne e pritisok vrz mediumite ako sefot na Kabinetot
na Kanal 5 TV i se zakanese:"Za iznesenoto ce ve dadam na sud",no pritisok e ako telefonski
nabroi koi novinari da bidat otpusteni so zakana deka ce se soocat so drugi,voninstitucionalni,
problemi.Dokolku razbiras dovolno e!!!!!!!!!!!
p.s. Inako tvojot omilen predmet na napad,liderot na opoziciskata SDSM, e navistina silna
politicka licnost.Zamisli 8000001 lica go napagjaat,a toj gajle nema.(8000000 bugari i nasiot Feli
Од: Ајван Доктор®
Датум: 28.10.2010 20:35:08
Жално,но сказната за „Сексот и градот“звучи поточно како „Селска идила“-Гоблените со нивните злато-китнести рамки,се прогласуваат за врвна уметност!Вредноста е во позлатата од овие накарадни рамки,тврдат овие накарадни умислени дијадоси!Жална приказна за нашата културна реалност.Ниту еден експеримент,никакво бранување - Ништо Ново!На сиот глас се рекламираше Нушиќевата „Госпоѓа Министерка“,најверојатно,повторно во чест на владетелот и неговиот апсолутен невкус!Целиот налудничав проект „Скопје 2014“,а не само Arc de Triomphe во име на анонимната победа,говори силно за истата тема.Дури и Садамовата Порта во Багдад е далеку посовремено дело и поголема Уметност од таа инспирирана од сендвичите на „Чичко Стоилко“!Она што Шупелкиве никогаш нема да го разберат е фактот дека нема никаква уметност во идејата нештата да ни наликуваат „како Во“,или „како На“!Текстот прекрасно го осликува наличјето на „нашиот“ опсценен „препород“! (www.ajvandoktor.blogspot.com)