Му истетовирал пенис без да знае
(29.10.2010г.-09:58ч.) Дваесет и едногодишен австралиски мајстор за тетовирање се соочува со кривична одговорност, откако се пошегувал на невкусен начин. Тој на грбот од својот пријател истетовирал пенис долг 40 сантиметри, под кој напишал дека е хомосексуалец. Жртвата очекувала дека ќе ја добие тетоважата што ја посакува: симболот Јин и Јанг и неколку змаеви. Инаку, како што соопшти полицијата, двајцата не биле во идеални односи и жртвата воопшто не сакала да се тетовира, но тату-мајсторот победил во убедувањето. Сега ќе треба да плати 1.430 евра за отстранување на тетоважата, а ќе одговара и кривично за намерно нанесување телесни повреди и прекршок поврзан со јавната безбедност, редот и мирот.
|