Бранко Наумоски стан прв човек на Уставен
(29.10.2010г.-11:13ч.) Со потребното двотретинско мнозинство на денешното тајно гласање, судијата Бранко Наумоски е избран за претседател на Уставниот суд. Наумоски го наследува Трендафил Ивановски, чиј тригодишен мандат истекува во понеделник. Мандатот на претседателот, кој се избира од редовите на Уставниот суд, е три години, без право на реизбор.
|