Кина направи најбрз компјутер на светот
(29.10.2010г.-10:01ч.) Кина го произведе најбрзиот компјутер во светот. Тианхе-1, што во превод значи Млечен пат, има брзина од 2.507 билиони пресметки во секунда и е најбрзиот компјутер во Кина, но исто така е побрз за 1,4 пати од досега најбрзиот компјутер во светот, кој се наоѓа во Националната лабораторија во Тенеси, во САД. Тианхе-1 е развиен во Националниот центар за суперкомпјутери во северниот кинески пристанишен град Тианин, со користење на чипови кои претежно се дизајнирани од американски компании. Некои кинески институции, како на пример Метеоролошкиот завод во Тианин веќе почнаа да го користат овој компјутер за одредени испитувања. - Исто така тој ќе може да се користи во анимациската индустрија и за биомедицински истражувања, изјави директорот на Центарот Лиу Гуангминг. Професорот Џек Донгар од универзитетот во Тенеси истакна дека сега „кинеската ѕверка“ е најсилната машина во светот. (МИА)
|