И Швеѓаните загрижени за нашите азиланти
(29.10.2010г.-10:07ч.) Вознемиреност поради с` поголемиот број азиланти од Македонија и Србија, кои доаѓаат пред с` во Шведска, Белгија и Германија, изрази најголемата партиска група во Европскиот парламент. Шведските весници пишуваат дека и европратеничка Ана Мариа Кораца Билд, инаку сопруга на шефот на шведската дипломатија Карл Билд, смета дека надлежните српски и македонски институции мора да преземат итни мерки за да се справат со „оваа вознемирувачка ситуација“.
|