Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Словенечкиот Барак Обама

Не се вратив во Гана поради љубовта

Во Љубљана дошол во 1987 година, се вљубил во колешка

Работи како локален лекар, има сопствена клиника

„Повеќе не ја гледаат бојата на мојата кожа, туку во мене гледаат добар лекар и човек“




Пиранскиот Обама, како што го нарекуваат медиумите во Словенија, Питер Босман, 54-годишен лекар, со потекло од Гана, преку ноќ стана топ-ема во светските новински агенции што ја пренесоа веста за неговиот избор за градоначалник на Пиран, гратче во Словенија со околу 17 илјади жители, сместено во мал залив во Јадранското Море.

Мразот е скршен - словенечките избирачи покажаа дека не им робуваат на предрасудите. Кој е Босман и како стана првиот црномурен градоначалник на Балканот?

Новиот градоначалник т.е. жупан на Пиран дошол во поранешна Југославија во 1987 како студент, а откако на факултетот во Белград немало место за него, во Љубљана се нашол по игра на случајот. Како што вели, дотогаш не слушнал за градот, но веднаш се вљубил во него. За време на студиите се вљубил во Хрватката Кармен Лаковиќ, со која во брак и имаат две деца, Алис и Карин. Токму семејството е причината што по завршувањето на Медицинскиот факултет не се вратил дома, каде што денеска живеат мајка му и сестра му, додека шесттемина браќа се растурени низ Америка, Канада и низ Англија.

Локалниот Обама изгледа многу смирено и трезвено и вели дека победата не е случајна, туку е плод на напорна работа. Поради новата должност ќе мора да ја стави во мирување својата работа во клиниката за одвикнување од зависности што со години ја води во Копар.

Признава дека предизборната кампања беше валкана, а притоа бојата на кожата никој не ја потенцираше, но подметнувања имаше во облик на обвинувања за вонбрачно дете, па и дека е коцкар. На сето тоа тој одговараше смирено, а на веста за детето рече дека со задоволство и самиот би го запознал, зашто во неговата култура не постојат вонбрачни деца и за сите еднакво се грижат.

На прашањето како се чувствува кога го споредуваат со американскиот претседател вели: „Јас не сум Барак Обама, туку Питер Босман, од африканско потекло и сакав да станам градоначалник на Пиран. Фантастично чувство, горд сум на она што го постигнав“, изјави Босман за Би-Би-Си.

Тој вели дека неговата победа покажала високо ниво на демократија во Словенија. Додава дека во последниве десетина години не почувствувал никаква дискриминација поради бојата на својата кожа и оти немал никакви проблеми. Босман е убеден дека луѓето повеќе не ја ни гледаат бојата на неговата кожа кога ќе го погледнат, туку во него гледаат добар лекар и човек.


#
Статијата е прочитана 2346 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Македонско-бугарски историски контроверзии (16)
Нерамнини со рамните даноци
За името е потребен тежок компромис
Бранко Наумоски стан прв човек на Уставен
Ја здувнале од затвор кога снемало струја
Сите чурат
Новинарството не е само бизнис
Фестивал на комедијата во Гевгелија
Се трага по средношколец
Мaјки и шајки
Кина направи најбрз компјутер на светот
Карикатура
Фросина“ домаќин на француски филмови
Му истетовирал пенис без да знае
И Швеѓаните загрижени за нашите азиланти






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000