Број 3417  четврток, 28 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Фестивал на комедијата во Гевгелија


(29.10.2010г.-11:15ч.) Со гостувањето на комедијата „Цунами“ на сцената на Домот на културата во Гевгелија, во изведба на Драмското студио „Тетово“ синоќа започна шестдневниот Фестивал на комедијата „Смеата мелем на душата“.
Од 28 октомври до 2 ноември на три сценски простори во Гевгелија, во Домот на културата „Македонија“, Пионерскиот дом и кафе бар „Корзо“, ќе бидат изведени шест, комедии со гостувања на исто толку театарски ансамбли.
На програмата денеска е претставата „Итар Пејо и завидливиот“, во изведба на Театарот „Колозов“, кој низ играта пред најмладата публика ќе ја пренесе мудроста на народната порака.
Утре театарската публика ќе може да ужива во ретките гостувања на професионални драмски ансамбли, како што е Драмскиот театар од Скопје со бравурозната комедија „Умри машки“. Покрај македонските артистички остварувања со преставите „Од кол на кол“ во изведба на НУ Театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп и стенд-ап комедијата „Ружни женски и мали рачиња“ со Горазд Цветковски, организатор��т обезбедил и гостувања од странство.
Младински театар од Благоевград, Бугарија, пред гевгеличани ќе ја одигра претставата „Мечка и просидба“ во режија на Бранко Митов.
Организатор на Првиот меѓународен театарски фестивал, посветен на комедијата под мотото „Смеата мелем на душата“ е Домот на културата Македонија“ од Гевгелија, во соработка со Општина Гевгелија, а под покровителство на Фондацијата „Аполонија“. (МИА)



#
Статијата е прочитана 277 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Македонско-бугарски историски контроверзии (16)
Нерамнини со рамните даноци
За името е потребен тежок компромис
Бранко Наумоски стан прв човек на Уставен
Ја здувнале од затвор кога снемало струја
Сите чурат
Новинарството не е само бизнис
Не се вратив во Гана поради љубовта
Се трага по средношколец
Мaјки и шајки
Кина направи најбрз компјутер на светот
Карикатура
Фросина“ домаќин на француски филмови
Му истетовирал пенис без да знае
И Швеѓаните загрижени за нашите азиланти






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000