Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Спорт

Правило број 1 во Реал Мадрид - секогаш е виновен тренерот

Бернд Шустер е десетти тренер, кој добил отказ во последната декада на „Сантјаго Бернабе“

Наум Котевски

Приказната која со денови беше тема број еден во фудбалска Европа завчера доби потврда. Како што е познато, Бернд Шустер, не е повеќе тренер на Реал Мадрид! Него ќе го замени Хуанде Рамос, стручњакот кој имаше неславен престој во Тотенхем.

Рамос го водеше завчерашниот попладневен тренинг на Реал М., а пред да излезе на теренот на „Сантијаго Бернабе“ изјави дека „кралевите“ секогаш мора да победуваат. За разлика од таквите негови изјави, Шустер по поразот од Севилја (3:4) ги поплави медиумите со дефетизам: „Барса игра феноменално. Ова е нејзина година. Во дербито викендов на ’Ноу камп‘ може само да оставиме добар впечаток и ништо повеќе“, рече Шустер, свесен дека повеќе нема што да бара на „Бернабе“.

Шустер и како играч и како тренер секогаш држел до своите принципи. Едноставно, тоа не е човек што трпи некој да му се меша во работата. А, кога тимот се дели по сите шевови, нормално е да се множат сезнајковците. Тој беше скршен поради резултатите, но уште поскршен што на никого не можеше да му објасни дека причина за слабите резултати во последно време се многуте повредени фудбалери - Робен, Канаваро, Ван Нистелрој, Пепе, Игуаин.....

На таквите оправдувања првиот човек Рамон Калдерон реагира, како што веројатно би реагирал, кога некој запален навивач под силна доза на адреналин со маичка со ликот на Артур Кларк, би влегол жестоко во неговата канцеларија, без редовната консултација со секретарката и би му викнал: „Излези мој Рамоне да видиш како слетува НЛО над омилената статива на Касилјес на ’Бернабе‘ а НАСА досега не лажеше“. Така стојат работите во Реал М., кој во последната декада може да се пофали со 11 тренери, заедно со новиот Рамос (Хидинк, Тошак, Дел Боске, Карлос Кеирош, Камачо, Гарсија Ремон, Луксембурго, Лопез Каро, Капело). Тој податок потврдува дека ако Реал М. нема игра не се навлегува многу темелно во детектирање на причините зошто се случува тоа, па дури и во случај кога се освојува титула. Причината е една и единствена - тренерот. Таков беше примерот со Фабио Капело. Италијанецот го врати „кралот“ на тронот минатата сезона, а доби нога! Тоа е начинот на функционирање во Реал М., за разлика од оној, на пример, во еден друг гигант, Арсенал, каде што во идентични кризни периоди, никој не го става прстот во ушите кога зборува Арсен Венгер. Сето тоа на Германецот му беше повеќе од јасно, па затоа пред дербито со Барселона реши да си ја олесни душата симултано топејќи многу „килограми“ од тежината на „кралската гордост“. Дефинитивно не постои друг тренер во историјата на мадриѓаните (тешко и да има во иднина), кој пред тоа свето дерби со Каталонците кажал дека ќе загуби. Тоа ја објаснува неговата разочараност, која е суров победник со класичен нокаут и во дуелот со личната гордост. За тоа говорат и зборовите на директорот Предраг Мијатовиќ: „Лесно го убедив да си замине. Се сретнав попладнето со Шустер и разговаравме за проблемите. Тој по се' што се кажа - одлучи да замине. Убеден сум дека и ние и тој донесовме исправна одлука“.

Колку е одлуката исправна ќе покаже периодот со Хуанде Рамос, кој вчера во мечот со Зенит од Лигата на шампионите требаше да дебитира на жешката клупа: „Реал М. е сон на секој тренер, па и мој. Овој тим мора да има квалитет да победи кого било на овој свет. Во секој меч мора да се оди на победа“, вели 54-годишниот Рамос, кој на себе ја почувствува во многу случаи денешната реалност: „Додека на некој не му се стемни, на друг не може да му се раздени“.

„Изненаден сум колку сето ова брзо се случи. Ме повикаа на појадок и потпишавме договор. Останувам до лето, а ако се задоволни од мене, соработката ќе продолжи“, рече Рамос, по што многумина се прашаа колку ли само долго Хуанде ќе го пее тој „брекфст ин тифани“.

Шустер доби 4,5 милиони евра отштета

Бернд Шустер, кој требаше да биде тренер на Реал М. до 2010 година, поради предвремениот отказ ќе добие од клубот 4,5 милиони отштета. Од клубот порачаа дека Германецот не правел никакви проблеми, па очигледно е дека џентлменски се разделиле.


Статијата е прочитана 426 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Галатарасај пресилен за Работнички Ф.
Почина Дражен Јерковиќ
Ракометарките на Македонија поразени од Шведска
Сан Антонио подобар во дербото на Тексас
Со Белорусија за висок пласман
Шпанската фурија ја оддува Романија
Лазаров- Девојки, израдувајте ја Македонија
Рома, Челзи и Панатинаикос ги пополнија последните три места
Вардарци му порачуваат на Трифун Костовски да се врати
Шкендија го елиминира Пелистер во Купот