Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Спорт

Шпанската фурија ја оддува Романија

Бранителот на титулата Норвешка го декласира трикратниот европски шампион Данска

Шпанија неочекувано се вмеша во борбата за полуфиналето, изненадувајќи ја фаворизираната Романија со убедливи 26:18 на стартот во групата 1 од вториот круг на Европското првенство во Македонија. Првото полувреме помина со осцилации на двете страни, при што Шпанките во 10 мин. водеа со 4:2, а десет минути подоцна, благодарејќи на бравурозните одбрани на Дину и на четирите гола на Ардеан, Романките го свртеа резултатот и поведоа со 6:4. На одмор се замина со нерешен скор 9:9, а Романија се држеше до средината на второто полувреме. Тогаш шпанската фурија со низа од четири гола без одговор дојде до предност од 20:16, а новата серија од 6:0 во последните осум минути го докрајчи противникот. Ардеан со седум гола беше најефикасна на средбата, а во победничкиот тим се издвои Агилар со еден помалку.

Дуелот на најуспешните нации на европските првенства, скандинавското дерби меѓу трикратните шампиони Норвешка и Данска, целосно им припадна на првите, кои славеа со дури 12 гола разлика (31:19)! Првиот дел апсолутно не навестуваше таква разврска, бидејќи Данките имаа предност и од пет гола (12:7), а останаа во водство и на крајот од полувремето (12:10). Европскиот шампион направи тотален пресврт во голем стил, правејќи серија од 11:0 во периодот од 26 до 41 мин. за водство од 18:12 и тука заврши приказната за повратничките на големите натпреварувања. Ригелут со девет гола беше најдобар стрелец на мечот, а во поразениот тим Троелсен постигна пет погодока.

Единствениот друг европски првак покрај соседите од северот, селекцијата на Унгарија, се изнамачи против Украина, но со победата од 26:24 си ги задржа шансите за полуфиналето. Отпорот на жилавите Украинки беше скршен во самиот финиш, кога со головите на Гербич и на Вертен во последните две минути тимот на Имре Вилмош дојде до победоносната разлика (26:23). Гербич застана на десет гола, а кај Украинките Шимкуте даде еден повеќе.

Крај на ЕП за Романката Мајер



Десното крило на романската репрезентација Рамона Мајер во 11 мин. го скрши малиот прст на десната рака, со што за неа заврши Европското првенство. Таа веднаш беше прфрлена в болница со отворена скршени��а и итно оперирана.

Рехабилитацијата ќе трае најмалку шест недели, што значи дека една од најдобрите романски ракометарки ќе ја нема ни во тимот на Олчим Валчеа во продолжението на Лигата на шампионите на почетокот од јануари.


Статијата е прочитана 120 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Галатарасај пресилен за Работнички Ф.
Почина Дражен Јерковиќ
Ракометарките на Македонија поразени од Шведска
Сан Антонио подобар во дербото на Тексас
Со Белорусија за висок пласман
Лазаров- Девојки, израдувајте ја Македонија
Правило број 1 во Реал Мадрид - секогаш е виновен тренерот
Рома, Челзи и Панатинаикос ги пополнија последните три места
Вардарци му порачуваат на Трифун Костовски да се врати
Шкендија го елиминира Пелистер во Купот