Лазаров: Девојки, израдувајте ја Македонија
Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров даде мини-интервју за Интернет-страницата на ЕХФ
Дали ги следите натпреварите на ЕП?
Ги гледам кога можам и секогаш се трудам да бидам дома пред телевизорот кога игра Македонија. Не се случува често Македонија да организира Европско првенство.
Дали сте горд поради тоа што вашата татковина го организира ова ЕП?
Знаев дека Македонија може да биде многу добар домаќин. Македонскиот народ секогаш им посакува добредојде на гостите што доаѓаат во нашата земја и посакувам сите да си заминат дома со добри спомени од првенството.
Задоволен ли сте со вашата репрезентација?
Остваривме добри резултати во натпреварите од првиот круг против силни противници, посебно против Хрватска. Мислам дека Хрватска има голем потенцијал и оти може да се бори дури и за медал.
Ние треба да бидеме навистина среќни од настапите на македонските ракометарки. Да не заборавиме што се случи со нашиот најдобар тим Кометал Ѓорче Петров, потоа Бујанова многу доцна и' се приклучи на репрезентацијата, Акопјан беше ангажиран една седмица пред првенството и згора на се' Радуловиќ се повреди. Селекцијата од меч во меч игра подобро, а се надевам дека ќе играме уште подобро со помош на најдобрите навивачи во Европа.
Кој би можел да ја освои титулата?
Мои фаворити се Норвешка, Романија, Русија, Германија и Унгарија. За нашиот тим имам само една порака: само напред, со храброст и со голема мотивација и донесете и' радост на Македонија. Со среќа! |