Вардарци му порачуваат на Трифун Костовски да се врати
МВР се' уште работи на утврдување на лицата кои учествуваа во инцидентот на преслапот Стража
Сашко Ѓ. Димовски
Ден по одлуката на семејството Костовски да го напушти Вардар, фудбалерите на нашиот најтрофеен клуб упатија заеднички апел до спонзорот да го промени својот став и да се врати во „црвено-црните“ структури.
„Не е спорно дека екипата е во резултатска криза во ситуација кога клубот функционира беспрекорно на организациски и финансиски план. Во неколку натпревари се загубени бодови со примени голови во последните минути. Ние како фудбалери ја прифаќаме одговорноста за слабите резултати, но тоа треба да биде предмет на расправа во преодниот рок и во рамките на клубот“, се вели во почетоток на соопштението на вардаровите првотимци до средствата за јавно информирање.
„Не е добро за македонскиот фудбал и спорт воопшто да замине финансиер кој коректно и во целост ги исполнува своите финансиски обврски кон клубот и играчите, кој се има докажано и во Европа на спортски план. Затоа упатуваме заеднички апел до фамилијата Костовски да ја промени својата одлука и да остане во Вардар во овие тешки моменти за клубот. Зад спонзорот стојат сите вистински симпатизери на клубот и спортската јавност во Македонија која знае да препознае искрени заложби за создавање модерен фудбалски колектив“, се вели на крајот од дописот на „црвено-црните“.
Како претставник на првиот тим на Вардар, Мирослав Вајс, изрази поддршка за семејството Костовски и апелира да се врати во клубот.
Ниту претставници на клубот ниту пак фудбалерите не сакаа да говорат за идентитетот на сторителите на немилиот настан на преслапот Стража. Ја осудија постапката на дел од навивачката група „Комити“, но велат дека решавањето на случајот не е нивна обврска туку тоа е работа на припадниците на Министреството за внатрешни работи (МВР). Оттаму пак порачуваат дека се преземени сите мерки за утврдување на лицата кои учествуваа во инцидентот.
Со соопштение, вчера, се огласија и вработените во Вардар. И тие побараа промена на одлуката на семејството Костовски и негово враќање во клубот.
„Од вашето преземање на раководењето со Вардар сведоци сме на едно крајно професионално организирање на работењето и поставување на работните обврски во насока на успешно функционирање на клубот. Затоа, најискрено Ве молиме да се вратите и со заеднички сили да ги надминеме последните негативни случувања и заедно да продолжиме по патот кон успех кој веќе почнавме да го градиме“, е пораката на вработените во Вардар до семејството Костовски.
Kogo vie dragi fudbaleri molite da se vrati nazad Trifun pa toj tamu kade nema pari ne se zadrzuva, setete se sto im napravi na rakometarkite na gjorce petrov, pa na rabotnicki na gjore i sl. Pustete go neka si odi zosto ne mu e mestoto so vas
Од: miki
Датум: 11.12.2008 01:55:39
jas da bev Trifun do sea stopati kje si otidev od sportot, a vo Makedonija samo mangup kje se prave so svoite pari. Tekovnoto evropsko prvenstvo e zasluga na Kostovski i Kometal ama na nashive novinarski poltroni im e bitno koj ja platil poslednata desetina od salata. Nieden biznismen ne najde za shodno da investira kolku nego a taka za site niv kje imashe zarabotka zaradi konkurecija, ali zatoa po nekoe evro za da se krshat avtobusi za da se dokaze koj kolkav VMROvec bil ima. Trifun otkazi si se od se i uzivaj nekoi lugje ednostavno ne gi zasluzuvaat tvoite investicii.
Од: Toni
Датум: 11.12.2008 03:07:37
nema veze nedelniot insident na straza so povlekuvanjeto na trifun kostovski od fk vardar, trifun e vo golemi problemi so vmro-dpmne pa zatoa se povlece od kometal gjorce i od rfm a sega se povlekuva i od fk vardar, a nedelniot insident mu dojde kako shlak na torta da moze da se pravda pred javnosta, isto kako sto dostajnic se povlece od trenerskata pozicija poradi priznavivanje na kosovo od strana na makedonija a vistinata bese druga
Од: LF_NL
Датум: 11.12.2008 10:29:28
Odi si be Trifun siguren sum deka ne e rabotata zardi incidentot sigurno imas druga pricina vo pozadina no nesakas da ja kazes zatoa sto ke ispadnes luzer ,a vaka si odis kako heroj.Samo te molam da ne se premisluvas zatoa sto Vardar e pregolem zalak za tebe.