Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Спорт

Почина Дражен Јерковиќ

Во загрепската болница „Ребро“ во 72. година почина Дражен Јерковиќ, некогашен фудбалер на Динамо и член на репрезентацијата на Југославија која на Светското првенство во Чиле го освои 4. место. Јерковиќ имаше подолго време проблеми со срцето кои кулминираа минатата недела. За време на рутинската контрола на кардиоваскуларниот систем е констатиран прекин на циркулацијата на крвта во левата нога поради што му беше ампутирана потколеницата. Постоперативната рехабилитација течела без проблеми до моментот кога добил висока температура која, и покрај големиот труд на лекарите, не се спуштала.

Дражен Јерковиќ беше роден на 6 август 1936 година во Шибеник. Во периодот од 1954 до 1965 година за Динамо одигра 315 натпревари и постигна 300 гола! Врвот на кариерата го достигна на Светското првенство во Чиле во 1962 година на кое репрезентацијата на Југославија го освои 4. место, а тој со 4 гола ја подели титулата најдобар стрелец на шампионатот со Гаринчо, Вава, Леонел Санчез, Флоријан Алберт и Валентин Иванов.

Беше прв селектор на хрватската репрезентација и со неа оствари три победи, против САД (2:1), Романија (2:0) и Словенија (1:0).


Статијата е прочитана 697 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Галатарасај пресилен за Работнички Ф.
Ракометарките на Македонија поразени од Шведска
Сан Антонио подобар во дербото на Тексас
Со Белорусија за висок пласман
Шпанската фурија ја оддува Романија
Лазаров- Девојки, израдувајте ја Македонија
Правило број 1 во Реал Мадрид - секогаш е виновен тренерот
Рома, Челзи и Панатинаикос ги пополнија последните три места
Вардарци му порачуваат на Трифун Костовски да се врати
Шкендија го елиминира Пелистер во Купот