Сан Антонио подобар во дербото на Тексас
Највозбудливиот натпревар во НБА-програмата се одигра во далас, во кој Сан Антонио по две продолженија го доби дербито на Тексас со 133:126. Тим Данкан постигна осум поени во решавачките моменти на второто продолжение, а мечот го заврши со 32 коша. Тони Паркер застана на бројката од 29 поени и 10 асистенции. Кошаркарите на Кливленд го совладаа Торонто со 114:94 што е нивни девети триумф во серија. Леброн Џејмс со 31 поен ги предводеше Кавалирси до победата. Кливленд сите натпревари ги добиваше со најмалку 12 поени разлика и со тоа станаа првиот тим во историјата на НБА-лигата кој нзабележал толку победи со таква разлика.
Резултати: Кливленд - Торонто 114:94, Вашингтон - Детроит 107-94, Јута - Минесота 99:96, Чикаго - Њујорк 105:100, Далас - Сан Антонио 126:133 (две продолженија), Хјустон - Атланта 92:84, Феникс - Милвоки 125:110, Орландо - Портланд 109:108, Сакраменто - ЛА Лејкерс 113:101. |