Во првиот натпревар од втората група која игра во Скопје, Русија ја совлада Хрватска со 24:21
00:00 10.12 - Репрезентацијата на Македонија загуби од Шведска со 24:23 во натпреварот што вечерва се одигра во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, во рамки на Европското првенство во ракомет за жени.
На полувремето резултатот беше изедначен 13:13. Победникот беше решен во средината на второто полувреме кога Свеганките направија разлика од цетири гола 21:17. До крајот Македонките успеаја само да ја намалат разликата, но не и да го избегнат поразот.
Во првиот натпревар од втората група која игра во Скопје, Русија ја совлада Хрватска со 24:21 и со оваа победа го превзеде водството на табелата со седум бода пред Германија која има шест. Шведска е трета со четири бода, Македонија и Хрватска имаат по два, а Белорусија е со еден бод. Германија и Белорусија имаат натпревар помалку и тие треба да се сретнат вечерва, со што ќе се комплетира второто коло од втората фаза на Европското првенство чиј домаќин е Република Македонија. (MИА)
A nekoj da se setese, osven da bara dobri rakometarki, da pobara PODOBAR golman. Se dodeka Andreeva, so 30 % odbrana stoi na golot nema da ima pobeda ovaa generacija koja vetuva mnogu.
Zalno ama vistinito.....
Videte samo kako drugite reprezentacii stojat so svojata odbrana na golot, na primer, C Lunde od Norveska ima prosek 50-60 % odbrani na natprevar. Se dodeka toj procent e visok ke ima i rezultati.
A dodeka nasata Andreeva se plasi da ja frli topkata i da stvori sansa za kontra, ke tapkame vo mesto.
Poglednete i na vistinata vo oci......smenete ja golmankata