Број 2950  вторник, 31 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Вчера и завчера убиство и пет самоубиства во Македонија

Продолжува трендот на негативни вести во земјава

Пет самоубиства, едно убиство и еден пронајден труп е билансот на црните вести за инциденти и трагедии што во неделата и во понеделникот се случија низ земјава.

Крвава драма, вчераутро околу 6 часот, се случи во куќата на семејството Алексовски на улицата ,,Прохор Пчињски‘‘ број15 во центарот на Куманово. Со два истрела од пиштол, Властимир Алексовски (47) го лиши од живот својот четири години помлад брат Јовица, а потоа се застрела со еден куршум во главата. Властимир е воен старешина - заставник на АРМ, пензиониран пред две години. При увидот од страна судско-полициските истражни органи, покрај телото на постариот брат Властимир е пронајден пиштолот марка ЦЗ калибар 7,62 мм, што го поседувал со дозвола во својство на воено лице во пензија. Случајот во СВР-Куманово по телефон го пријавил еден од соседите, откако слушнал три истрели во куќата на Алексовски, а потоа и пискотници од членовите на семејството. Мртвите тела на двајцата браќа се пренесени на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Никој од потресените роднини и пријатели на браќата Алексовски не сакаше јавно да говори за мотивите на оваа тешка семејна драма. Неофицијално, од соседите се слуша дека двајцата браќа, кои живееле во двокатната куќа, никогаш немале меѓусебни расправии. Постариот, кој живеел на горниот кат од куќата, е женет и татко на две малолетни деца, а помладиот е разведен и е татко на едно машко дете. Според близок пријател на семејството Алексовски, вчера околу 6 часот кај Јовица дошол негов пријател, со кого требало да заминат на работа што ја договориле претходниот ден. Постариот брат Властимир им предложил да им направи кафе пред да заминат и го замолил гостинот да оди по кафе во блиската продавница. По неколку минути, откако гостинот заминал по кафе, соседите слушнале три истрели од оружје.

Допрва ќе се утврдуваат причините за оваа крвава драма, но се претпоставува дека мотивот за братоубиството е тешката социјална положба во семејството, бидејќи извршителот на делото почесто бил во напнато расположение и се жалел дека не може да излезе на крај со ниската пензија, со која издржувал невработена сопруга, две деца и стара мајка.

Трендот на негативни вести што веќе подолго време ја оптоваруваат земјава, го надополнуваат уште четири случаи на самоубиства. Велешанецот Сашо Тасевски (39) вчераутро се обесил во објект во изградба, на кој работел на улицата „Првомајска“ во Скопје. Неговото тело го пронашол вработен во обезбедувањето на објектот.

Во неделата вечерта, на булеварот „Никола Карев“ во Скопје, во објект на поранешна автошкола, бил пронајден мртов Меџаил Исмаили (38), кој во саботата бил пријавен за исчезнат. Трупот на Исмаили го пронашол неговиот постар брат.

Седумдесет и двегодишниот Неџми Фехи од тетовското село Мала Речица си го одзел животот пукајќи си во глава со пиштол, за кој немал дозвола. Стефан Стровјански (23) од Велес се самоубил, скокајќи од својот стан на петти кат на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес.

Во МВР информираат за уште еден смртен случај. Шукрие Махмутовиќ (57) од Лажани, Прилепско, вчера околу 9 часот бил пронајден мртов во бунар на патот меѓу селата Костинци и Зрзе. Махмутовиќ во неделата попладне заминал од дома и не се вратил. На неговото тело немало траги на насилство, но обдукцијата во Скопје треба да ги покаже причините за смртта. (Ст.Б.-Г.А.)


#
Статијата е прочитана 4789 пати.

Испрати коментар

Од: Zalosno
Датум: 31.03.2009 00:29:10
Sram da mu e na Gruevski i negovite luge. Sto ne se interesira za izgradba na fabriki , a ne za crkvi. Ovie tragedii se samo pocetok. Boze cuvaj ne.
Од: jimmy1
Датум: 31.03.2009 06:24:49
Se gleda deka vo site ovie slucai, pricina za ubistva i samoubistva e socijalnata polozba na lugeto, siromastijata. Ovcarot trosi drzavni pari za reklami za podobar rajting, trosi drzavni pari za kupuvanje glasovi, trosi za gluposti a ne gleda da potrosi nekoj denar za podobar zivoten standard na graganite na Makedonija. Na covek sto nema srce i dusa kako sto e ovcarot, povazen mu e rajtingot od narodot. Gospodine ovcaru, rajtingot nikogas ne mozi da ve napravi covek, rajtingot nikogas ne mozi da te opravda deka ne si diktator na svojot narod. Rajtingot sto go gradis so narodni pari mozi samo da te upropasti vo zivotot a ne da te napravi covek, (prasanje e dali si bil nekogas covek). Rajtingot se pravi so rabota, so uspeh, so podobar zivoten standard a ne so reklamiranje, pretenje, kradenje i red drugi raboti za koi ovde nema dovolno mesto da se napsat. Ne mozam da svatam, pokraj se ova sto pravis licno ti i tvojata partija, kako mozis spokojno da spies.
Од: leni
Датум: 31.03.2009 08:42:08
Isprakanjeto na staresinite so vaka ponizuvacki penzii dovede do sozdavanje na socijalni slucaevi. Kaj pogolemiot del od staresinite soprugite im se nevraboteni i sega mizeruvaat. Zakonot ne im ovozmozuva dopolnitelno rabotenje, no i gordosta i moralot na penzioniranite staresini ne im dozvoluva da se ponizuvaat i molaat. zalno
Од: Mene do Jimmy1
Датум: 31.03.2009 09:15:01
Gruevski e vinoven no i opozicijata. Site takanareceni politicari vo M se borat za vlast samo za da ukradat i i da se osiguraat sebe si, svoite rodnini i prijateli. Za ostanatoto naselenie ne im e gajle. Koj prezivee, ha preziveal. Go svrtea narodot sam protiv sebe da se bori. Komshija protiv komshija, brat protiv brat. Site pogovorki vazat vo M pa i Razdeli pa vladej. Narodot ja snosi odgovornosta so svojot izbor pa i simnuvanje od visoki funkcii. Ako sakaat mozat da simnat bilo kogo. Ama bez zdrava opozicija - nema asalen zamenik ??? Kogo da biraat.
Од: Davor Kamenko
Датум: 31.03.2009 09:21:40
Uste kolku ke go izmacuvate Makedonskiot narod? Neli gledate deka puka filmot i deka veke ova ne moze da se izdrzi? Pet samoubistva se premnogu za bilo koja drzava a kamoli za ova nase malo drzavice!!! Grujo pogledni sto mu pravis na narodot!!! Pazete lugje i mislete kako ke glasate, zasto denes se ovie pet lugje, utre moze da bidete i vie! Kako trgnale site e ne poludat!!! Svestete se lugje da gi simneme ovie ovcari od vlast!!!
Од: zabegan.
Датум: 31.03.2009 09:40:12
МАКЕДОНИЈО-пробудисе неје ова случајно овде почнува на ГОЛЕМО да се одразува сиромаштиата.Не треба објекти да гради власта кои не придонесуват за подобар живот.Треба да се обрне внимание на СОциалните проблеми.Како со мали пензи,плати и социална помош од 700 денари да се опстане???А господата од власта фрлат непотребно пари за РЕКЛАМИ,ЦРКВИ,СПОМЕНИЦИ и други будалштини а народот тивко но сигурно изумира.Како да обезбеди ХРАНА,ДА ПЛАТИ СМЕТКИ .Жално но вистинито.
Од: srebre
Датум: 31.03.2009 10:23:13
znaci nisto novo vo politikata na mvr taka bese i pred 10-15god kako nikade vo svet vo mak uspehot na otkrivanje na ubistva bese 98% ednostavno proglasi se sto nema dokazi za ubistvo samoubistvo i slucajot e uspesno otkrien.....
Од: intelekt
Датум: 31.03.2009 10:53:23
aman lisite ne od vakvi brutalni vesti dosta ni se ludila!!!!zarabotuvajte od ponormalni vesti!!!
Од: АД
Датум: 31.03.2009 13:49:59
ДОСТА Е. ДОБРО РАЗМИСЛЕТЕ ШТО НИ ТРЕБА ВО МОМЕНТОВ: Цркви или пари за да ПРЕЖИВЕЕМЕ. Има време кога е благосостојба и добро е да се градат божји храмови, но има време кога е криза и треба да се преживее. Денес во МКД уметност е да се преживее, помогнете ни. Немеме сите можност да избегаме, не сакаме да посегнеме по сопствените животи. ПОМОГНЕТЕ. За цркви има време ќе се градат. Треба да се ,,почувствува,, моментот.
Од: GEVGELI4ANEC
Датум: 31.03.2009 14:26:51
ah bre makedonci,edvaj cekate nekoj da se ubie i pravo grujo e kriv branko e kriv.nikoj ne im e kriv sto nemat dve cisti vo glava .nikoj ne go tera da skoka od zgrada za nekoja zenska ili brat mu go poglednal na krivo ili televizorot ne mu raboti.
Од: rece
Датум: 31.03.2009 16:03:13
Gospodine Grujo sto si napravil makenoskite luge se pod depresija samite se ubivaat kako ne tie zal za niv ama ti toa ne te interesira da im otvraras fabriki da ima vrabotenost a ne samoubistvo vaj bre makedonija ke se izgubime nie samite od pravdata na Grujo .Sto si ja misle samo svojata ubava fotela. .
Од: Trajko
Датум: 31.03.2009 16:48:05
Sigurno ke e od mnogu golema ubaina shto ni pruza vladata.A se soglasuvam so nekoi komentatori deka sekoj sluchaj najlesno e da se proglasi samoubistvo.

Најди! во Утрински
Насловна
Ректорот забрани расправа
Бакојани го отфрли предлогот на Милошоски
„Телеком Словенија“ нов газда на „Космофон“
„Христијански“ ќотек
Се запали покривот на Македонската опера и балет
Изборите и буџетарите
Македонија нема да биде заборавена на самитот на НАТО
Кампањата не ги мотивира колебливите гласачи
Британска министерка со државни пари најмувала порнофилмови
Избирачки одбори штимале резултати во Тетово
На кого да му се испрати сметката?
Мегафоните од фиреровиот сокак
Погром на плоштадот