Број 2950  вторник, 31 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Македонија нема да биде заборавена на самитот на НАТО


Се менува политиката на САД спрема Македонија, тие не се веќе лидери во промовирањето на членството на нашата држава, поголема загриженост покажуваат други земји во Алијансата

Од самитот ќе биде упатено охрабрување да не се обесхрабруваме

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

Брисел - Македонија ќе ја нема на самитот на НАТО неделава, но нема да биде сосема заборавена, па и повеќе од тоа, ќе добие охрабрување да не се обесхрабрува, бидејќи земјите-членки не сакаат да ја видат како оди назад место кон членство во Алијансата. Во ваков тон ќе биде заклучокот кој моментно се договара во НАТО и кој ќе биде дел од завршното коминике што ќе биде усвоено на самитот во Стразбур, планиран за в петок и сабота.

„Сигурно е дека Македонија ќе биде спомената во завршниот документ, иако се' уште не е прецизирано како. Имаме исход од Букурешкиот самит дека земјата ги исполни критериумите за членство и сега од огромно значење е да не видиме како таа оди назад со реформите. Тоа ќе биде изразено во коминикето“, изјави висок дипломат од Алијансата на брифингот со новинари.

Според овој извор, заклучокот за Македонија треба да биде охрабрувачки и да потврди дека позицијата во Алијансата во однос на Македонија нема да се смени, во смисла да се преиспита дали треба да остане полупоканата или не. „Македонија нема да биде големо прашање на самитот. Всушност, проширувањето нема да биде тема на овој собир во Стразбур. Но, ние мора да ја реафирмираме нашата позиција и да упатиме охрабрување“, изјави високиот дипломат на Алијансата. Според друг дипломат, на Македонија главно ќе и' се упатат топли зборови, со генерална порака на линијата на она што беше договорено во Букурешт.

Неофицијално во НАТО се' уште се расправа каков вординг да биде вклучен за Македониј�� за да не се почувствува заборавено, но не и да се премине тенката линија преку која ќе се остави впечаток дека има простор за преиспитување на веќе договорената условена покана. Иако деведесет отсто од агендата на самитот ќе биде новата стратегија на НАТО, Авганистан, односите со Русија и сојузништвото на САД и Европа, ќе се прати и генерална порака за Балканот дека треба да биде вклучен во евроатлантските интеграции за да биде и тој дел од стабилна и безбедна Европа.

Извори од Алијансата вчера ја правдаа одлуката Македонија да не биде поканета воопшто на самитот со забелешката дека ќе беше чудно да беше обратно, бидејќи на неа ќе седат само земји-членки, а таа не е. Хендикеп или можеби среќа е што самитот се одржува еден ден пред изборите во Македонија, па во завршниот документ ќе нема референца за нив, бидејќи земјите-членки не сакаат да се истрчаат со оцени кои потоа може да бидат демантирани во земјата. Македонија, сепак, ќе има свое место на состанокот што денес ќе се одржи во Хаг околу мисијата на НАТО во Авганистан и на кој, според најави од Брисел, најверојатно проширувањето ќе биде отворено како тема.

Иако на Македонија не и' е баш местото во таа расправа, бидејќи нејзиниот статус е далеку подобар од тој на Грузија и на Украина, кои се следни на линија, а чиј прогрес од Букурешт сега се игнорира во Алијансата, од сите, па и од новата администрација во САД. Во НАТО неофицијално се слуша дека се менува и политиката на САД спрема Македонија, во смисла дека тие не се веќе лидери во промовирањето на членството на нашата држава, па сега за нашето статус кво поголема загриженост покажуваат други земји во Алијансата.

Според американски извори, САД на самитот во Стразбур ќе дојдат не само со нова политика туку и со нов политички стил, односно нема да им кажуваат на другите членки што треба да прават, туку ќе ги остават самите да предлагаат, иако многумина и натаму очекуваат од нив да го прават спротивното, што во Вашингтон сега го сметаат како своја лоша навика.

„Ние сме заедница на нација. Надминувањето на оваа лоша навика, да им кажуваме на другите што да прават, не е лесно. Се' уште има луѓе кои очекуваат од нас да го правиме тоа“, тврдеше вчера американски дипломат. Неофицијално жртва на промените ќе биде и американскиот амбасадор Курт Волкер, бидејќи САД сакаат да ги рестартираат целосно односите и политиката спрема НАТО и жешките прашања околу него.
На самитот вест нема да бидат ни Албанија и Хрватска, бидејќи нивното членство стана реалност, а со тоа и техника. Според извори од НАТО, вчера попладнето во Вашингтон пристигнала ратификацијата на поканата за Хрватска од страна на Словенија, така што нивниот прием не е веќе тема за возбуда. На тема билатералните спорови, словенечко-хрватскиот и македонско-грчкиот, дипломатите порачаа дека е најважно да се надминат проблемите од минатото, односно да се отворат тие прашања, да се решат и надминат за овие земји да станат дел од стабилна и безбедна Европа, а не само да се здобијат со членство. Пораката е дека проблемите треба да се затвораат, а не да се игнорираат, биле пречка за членство или не.


Статијата е прочитана 2022 пати.

Испрати коментар

Од: Mihajlov
Датум: 31.03.2009 00:09:47
Porakata e mnugu "uteshna". Simpatiite shto gi imavme od evropejcite, so imenuvanjata na stadioni i aerodrumi so grchki iminja, se prokockani. Edinstven profiter e izgleda Grujo i kompanija. Majkamu velat imala 4 stana.
Од: Nina
Датум: 31.03.2009 00:18:02
Pa normalno deka taka ke ni recat...Ke vidime,ima vreme!
Од: mene
Датум: 31.03.2009 01:34:42
Ova mene mi zvuci na: nie ke ve .... a vie ke vikate bravo bravo odime napred...Samo do koga ne znam...
Од: Filip Shumski USA
Датум: 31.03.2009 02:18:31
Posto za chudenje i komu da se veruva na ovie sto pishuvaat deka R.M.nema da dobie pokana za prisustvo na samitot na NATO i deka makedonija pod hitno da go reshi problemot so imeto pa istite signali ni dogaat chesto i od EU.So ohrabruvanjaodnosno scukanje po ramena. Ili na kandidadatot za predsedatel od VMRODPMNE koj tvrdi deka nee toa tochno deka niesme izolirani i deka nie naskoro ke bideme chlenki vo NAO i pregovori za chlenstvo vo EUbez nikakvi promeni na imeto ako toj bide predsedatel, pa koga toj toa goznael dosega zashto od porano nejakaza taja varijanta pa nie dosega so negova zasluga veke kegi imavme tie chlensta. Dali ova setuacija vo koja poleka na R.M. ise kazuva nema prisustvo dodeka nego reshish problemot so imeto nee izolacija za R.M? ,
Од: makedonec od italija
Датум: 31.03.2009 02:53:09
Se znae spored izjavata na alijansata deka ne ni mislat za makedonija da vleze vo evropa.i sto velat deka ja sozaluvaat makedonija samo a?!lagiii!nie sme edna hrabra drzava i ne treba da ja molime amerika za clenstvo vo nato oti ne gledate li deka vo novata politika na amerika poveke pratenici se so grcko poteklo,i mislite deka dobro ni mislat? cccccc nisto dobro mislat samo kako da najdat nacin da ni go smenat imeto na drzavata i nacijata da ne se vikaat poveke makedonci tuku grci.ete toa sakaat tie i na kraj ke ne ostavat da tonime kaj sto dosega tonevme.
Од: Читател
Датум: 31.03.2009 07:31:11
Одиме ние назад, тоа е факт. Ама оди и НАТО назад. Три нејзини држави членки имаат сериозни проблеми со почитувањата на човековите права на малцинствата (Грција, Бугарија и Албанија) ама НАТО изгледа тоа го смета за нивно внатрешно прашање во кое нема да се меша. Од друга страна диктираат на држави кои не се членки на истата, како треба да ги решаваат овие прашања. Ни диктираа и ни диктираат и нас. До вчера (или сеуште) и Америка бесправно и без подигнато обвинение држеше затвореници во Гвантанамо. Организација со двојни аршини. Ама тоа е уште еден доказ дека многу е подобро да си во неа, отколку надвор од неа
Од: Archelay
Датум: 31.03.2009 08:03:33
Abe oti ne go prasavte Frle pred da objavite vakov napis?Kaj junanjstankata vcera mu go zaprzi zar,i vie li?
Од: Nina
Датум: 31.03.2009 08:52:47
Definitivno Utrinski vesnik objavuva se i sesto! Sto sakavte da kazete so ovoj tekst? Sto e poentata? Nisto ne razbrav. Deka ne sme pokaneti na samit toa i bebinjata znaat, deka ke ima edna recenica vo zaklucocite jasno im e i vo gradinki. I?
Од: mz
Датум: 31.03.2009 09:02:43
Што беше тоа НАТО,истото не чека и со ЕУ,не сум со лажни надежи али нашиве политичари веке не ги слушам со конкретни потези , дата на приемидр,замислете не се користи во изборна кампања ниту од една страна значи лошо е .Политиката застана ви слеп колосек, А. Милошевски ни донесе честитка од тетка Бакојани, и да ори и да гори они си го кажа своето,што нашите ке кажат?.
Од: NATO
Датум: 31.03.2009 09:06:06
NATO sekako deka ne odi nazad, ama MAKEDONIJA odi u rikverc i toa so svetlosna brzina. Se sekavate li koa zboruvavte deka Bruce Jackson e nikoj i nishto. Pak brkajte go vie od MK. Ke odite vo NATO na kukovo leto.
Од: Mene do Vas
Датум: 31.03.2009 09:26:44
Cccc . Makedonija ne tone zaradi pritisocite od nadvor. Tone od svoi gluposti i razedinetost. Megalomani na vlast koi poddrzuvaat kradenje vo drzavata i opozicija dokazani lopovi. Ja iscedija drzavata od sredstva i razvoj. Narodot e bez svoj pamet pa pocna i po ulici da se tepa. Izmedju sebe, so albanci . . . Namesto da se ima vodecki kadar koj ce ima edinstven stav i opozicija koja ce butka napred. Ni o dvete strani pravat razdor koj go umoruva narodot. Siromav i bez svoe mislenje covek poedinec e lesna meta za manipulacija. Grujo i kom kradat, opozicijata place za da dojde na vlast za da gi dopolnat dzepovitre so prodazba na imeto i nacionalnosta. Sve moj do mojega. E narode djabe ste ko pismeni i obrazuvani.
Од: albert
Датум: 31.03.2009 10:01:42
zasto mislime deka makedonija e povazna od grcija za nato zosto si davame lazni utehi da se pomirime so toa sto treba da dodademe pridavka na naseto ime pa da vidime za sto ke se fatat dr zemji na nato alijansata to/e nasite sosedi mislam deka pak ke naideme na poteskotii sekako prviot cekor treba da go napravime nie i se nadevam ke bide vo nasa korist
Од: b
Датум: 31.03.2009 10:09:49
Од самитот сигурно ке стигне охрабрување за пастирчето и уличарите да продолжат со правење на настани како саботата, како со млекарите, како во Струга.
Од: Kavadarcanec
Датум: 31.03.2009 10:33:51
Osven od informativen karakter ovaa vest nema drugo znacenje. Ne dobile pokana ni Albanija ni Hrvatska sto tehnicki znaci deka ne vbrojuvaat kako clenka, dodeka grcija ne si go resi probelmot sto samata si go nametna. Ete na ovoj samit bilateralnite probelemi se trgnati nastrana,
Од: Ekspert za medjunarodni odnosi
Датум: 31.03.2009 11:44:57
Uste na pocetokot Hilari Klinton najavi deka novata administracija na SAD ke vodi ,,pametna politika,, koja ke ima za cel vrakanje na ugledot/prestizot na Amerika vo svetot! Ugledot na SAD bese seriozno narusen so opredelbata da go ureduvaat svetot po niven merak, vklucuvajki i so nasilnicki/voeni aktivnosti! Takvata politika pridonese SAD da bide najomrazena zemja vo svetot. Stavovite i politikata na Obama sprema protivraketniot stit vo Evropa, sprema Iran, sprema Rusija...ohrabruvaat deka SAD vo medjunarodnite odnosi ke se odnesuva kako demokratska i moderna, a ne nasilnicka drzava, sto bez somnenie ke pridonese da si go povrati ugledot vo svetot.
Од: zelezara
Датум: 31.03.2009 13:22:48
So ovaa vlada ke vlezeme u NATO i EU na sveti nikad

Најди! во Утрински
Насловна
Ректорот забрани расправа
Бакојани го отфрли предлогот на Милошоски
„Телеком Словенија“ нов газда на „Космофон“
„Христијански“ ќотек
Кампањата не ги мотивира колебливите гласачи
Се запали покривот на Македонската опера и балет
Убиство и пет самоубиства за 24 часа
Изборите и буџетарите
Избирачки одбори штимале резултати во Тетово
Британска министерка со државни пари најмувала порнофилмови
На кого да му се испрати сметката?
Мегафоните од фиреровиот сокак
Погром на плоштадот