Број 2950  вторник, 31 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

„Христијански“ ќотек

Билјана Јовановска

Имате критички став, не се согласувате со одлуките на Владата? Е, па, ваше право, ама само на хартија, зашто за неистомислениците следува ќотек. Без пардон. Осудата од власта оди во пакет.

Јасно е дека во саботата од плоштадот „Македонија“ во Скопје на поинакумислечките некој сакаше да им испрати токму ваква порака. Ефектот не е постигнат, напротив, „заработија“ контраефект, а Македонија сигурно ќе се најде во сите извештаи на меѓународните организации и известувачи како држава чија власт не трпи различности. Зашто, опасно заличуваме на земјите кои имаат системи кои се со светлосни години оддалечени од демократијата. Каква ЕУ, какви бакрачи!

Кај нас не поминува ниту уредно пријавен протест. Со нападот на разулавената толпа дојдена од повеќе градови, која со нозе и раце им се нафрли на студентите (но, не само ним) од Архитектонскиот факултет, кои мирно, со транспаренти сакаа да го изразат својот протест против градба на црква на плоштадот, покажавме дека демократскиот капацитет е рамен на нула. Не на обичните граѓани кои се згрозени од настанот, туку на власта.

Во резилот манифестиран во строгиот центар на Скопје учествуваше и Македонската православна црква. Г.г. Стефан ги испрати својот ѓакон и уште еден свештеник на антипротест. Претходно, сите цркви беа излепени со повици до верниците да дојдат на плоштадот и да ја поддржат изградбата на новата црква. И самите си направија невиден резил. Нивните, условно речено, верници добија мускулесто засилување кое, парадоксот да биде поголем, беа опремени со жолти знамиња со двоглав орел. Токму со такво знаме, во 2001 година, тогашниот владика на Повардарската епархија, Јован Вранишковски, го прекрши Уставот на МПЦ и си го отвори патот кон СПЦ. Арно ама, за ова на плоштадот, разулавени момчиња кои говореа на различни дијалекти и носеа над десет вакви знамиња, на МПЦ очигледно не и' е гајле. Ако е за поддршка на проектот на Груевски, тогаш замижуваат дури и пред овој факт.

За жал, покрај власта, и Црквата ни испрати загрижувачка, срамна порака. Сака ли таа да се идентификува со насилниците кои тепаа се' по ред, и машко, и женско, и деца? Такви ли верници продуцира Црквата, кои на највулгарен начин на неистомислениците исфрлаат грст пцости и ги нарекуваат „Шиптари“, „некрстени“ и што ли не? Дали е тоа профилот на македонскиот верник? Сигурно не, зашто за оние вистинските ова беше навредливо и далеку од христијанските принципи.

Премиерот Никола Груевски, пак, побрза вината да ја префрли во туѓ двор. Ги измеша лончињата и дури посочи име на наводниот организатор. Според него, тоа сигурно е проф. Мирослав Грчев, „кој ги критикува сите проекти на Владата“! Па, и да е така, тоа е демократско право на секој граѓанин. Однесувањето на полицијата е приказна за себе. Таа не мрдна со малиот прст, не ги заштити нападнатите, туку со својата пасивност овозможи тепачката да добие на жестокост. Како да имале таква директива. Исто како што им беше наредено да ги тепаат млекопроизводителите, кои се осмелија да ги бараат своите пари!

Како оваа власт има намера да не' внесе во Европската унија кога не ги почитува дури ни Уставот ни Конвенцијата за човекови права, кои гарантираат право на мирно протестирање, по саботата, навистина, никому не му е јасно. Она што за европската полиција е алфа и омега - да го обезбедува секој протест и да го спречи евентуалното попречување од контрадемонстранти, за нашето МВР е мислена именка. Тие се' уште функционираат по партиски директиви.

А во навистина демократски земји полицијата, поточно нејзиниот министер, си го знае редот. И обврските. Секаде полицијата ги штити загрозените, воспоставува ред, ги презема сите законски предвидени мерки и ниту во еден случај ја нема улогата на платени манекени. Кај нас, за жал, се' е обратно од нормалното.


Статијата е прочитана 1771 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec vo EU
Датум: 31.03.2009 00:16:32
Predlagam namesto crkva da se izgradi klada, i na nea da se zapalat site lugje sto imaat mozok. Prerodbata namesto rodba stana abortus. A vladata sakase da go zabrani :))))
Од: Nina
Датум: 31.03.2009 00:19:39
Abe ajde ....(ova se zborovi na Frcko)....Sad ovie nemiri se krie maslo na SDSM!
Од: Mizerija
Датум: 31.03.2009 01:22:24
Sramota za Vladata , sramota za MPS i sram za demokratijata vo Makedonija. I posle ni bila vinovna Grcija, Francija, Evropa. Kako stranskite diplomati da nemaat oci i da ne gledaat sto se slucuva kaj nas.Eden od potpaluvacite na ovaa rabota bese Janko od Jadi burek. Istiot treba da odgovara za povikuvanje na nasilstvo i verska netrpelivost i zagrozuvanje na osnovnite covekovi prava
Од: Ози
Датум: 31.03.2009 01:42:25
Браво за Груевски. Заработивме уште еден, дополнителен услов за членство во ЕУ - право на изразување и протест. Секогаш кога РМ ќе дојде на чекор поблиску, тој се потрудува (24/7) да ja стави два чекора подалеку.
Од: Dejan
Датум: 31.03.2009 01:48:48
A be i jas ne se slagam da se gradi crkva tamu, ama na mnogumina od vas bi im udril kjotek!
Од: miki
Датум: 31.03.2009 01:49:05
da ne saks crkvata da zastane i da reci ne sakme crkva,ovoj protes e delo na sdsm i branko,co cel da ne uspeat izborite ne voopste za potcenuvanje sto se protestirase pred vtoriot krug na izborite procitani ste nikoj poveke ne vi veruva
Од: Goran
Датум: 31.03.2009 06:07:26
Hm, Biljana pisuva za nepocituvanje na poinakumisleckite, a so tekstov, paradoksalno, ne ja pocituva slobodata na veroispoved na Vraniskovski, poradi kogo R. M. vo site megjunarodni raporti e oznacena kako crna dupka. Dodeka ne izlezeme od totalitaristickata matrica spored koja VMRO, SDSM... se edno i isto, ke plukame vo vis i plunkata ke ni pagja na lice. Komentarov nema nisto licno protiv nikogo.
Од: ne veruvam vise ni u crkva ni u popovi
Датум: 31.03.2009 06:44:06
Neka se zasrami crkvata na celo so g.g (ako voopsto zasluzuva da bide g.g) Stefan!!!! Koj na drug grob mu kopa sam paga vo nego - taka velat starite - pa taka i Crkvata so toj Stefan sami si go iskopaa grobot i padnaa vo nego. Narodot nema lesno da im zaboravi koga bil tepan od Crkvata. Da bile pravi vernici ne bi se mesale vo politikata. Pa posle i Srbite Grcite Bugarite i site im bile krivi. Ako Stefan znae da si ja zacuva verata Crkvata i narodot ne bi se osmelil da diga raka na svojot narod. Puuu... neka im presudi Gospod. Koga Crkvata diga raka na svojot narod na svojte vernici togas sto da ocekuvame od drugite koj ne ni priznavaat ni vera ni crkva ni narod ni nacija ni drzava. Vaka li Crkvata go stiti svojot verski narod????? Janko od "Jadi burek" koj gi povikuvase vernicite i svestenicite na tepacki e PRAVO olicetvorenie na "prav vernik" od Crkvata i blizok do Stefan. Neka vi e na cest na site "vernici" koj doprinesovte da dojde do vakvi SRAMNI nastani.
Од: jimmy1
Датум: 31.03.2009 07:35:32
Ti cestitam, odlicna statija. Ama ke gi navredis VMRO-ovcive zosto e kazuvas vistinata i realnata slika na VMRO.
Од: Alek
Датум: 31.03.2009 08:50:12
Напред демоНОхристијанска десницо!!! Да ја погребеме домкратијата, па ќе и’ правиме опело во новата црква на свети Николае Груеску.
Од: HOTELCE od 3mil EVRA
Датум: 31.03.2009 09:18:07
Ova e jezivo shto se slucuva a site se pravat na "tosho". Ova e zalno za edna drzava koja se narekuva demokratksa. A posle drug vie kriv
Од: zabegan.
Датум: 31.03.2009 09:28:06
НИНА-Не е битно чи се протестите дали беаа мирни.А дали ќе одговореш чив беше ќотекот?? Што сториа студентите да јадат ќотек,е демократиа кој не мисли ко власта ај удри.МНОГУ ниско тие размислувајнето.
Од: Prilepcanec
Датум: 31.03.2009 09:29:20
Narodot veli:podobro prv v selo,otkolku posleden vo grad! Vo slucajot so makedonskata drzava,g.Grujoski bukvalno ja primenuva ovaa mudra makedonska pogovorka:vo zatvorena i nadvor od svetot (a bogami i vekot-ova nadovrcuvanje na prviot milenioum e tokmu milenium nazad) Makedonija toj e prv.Sto bi bilo od nego koga RM bi bila integrirana vo EU? Malo coece koe ke capka po stapkite na golemite evropski politicari.Nema da bide prv i edinstven,a ako ne e edinstveniot umen ni vo maticnata drzava ne ke moze da pokrenuva i politicki i crkovno neuki lugje da ja bijat negovata bitka,a toj ,kako obicno da kazuva "jas nemam informacija za toa"Negovoto jas ke go nema.A zasega po nego se vlecat nedomislenici.
Од: Islamskata zaednica
Датум: 31.03.2009 09:59:13
Gradite Crkva Makedoncinja, za da mozeme nie da ja vratime nasata Burmali dzamija na mestoto kade sto bila dodeka bevte krotki pod turstkiot asker, a vo sostav na imperijata. Ako ste zaboravele kade bila nasata dzmija, e pa bila na mestoto kade Srbite go izgradija oficerskiot dom. Da se gledame na plostadot koga vie ke izleguvate od crkvciceto, a nije od nasata dzamija, pa zedno na patot kon Sredniot vek. A kon Evropa? E, tamo odat samo umni, no ne i primitivni.
Од: dragan
Датум: 31.03.2009 10:00:23
Voved vo diktatura od strana na nikolae gruesku
Од: ego
Датум: 31.03.2009 10:02:18
vlasta pagja na fintite na opozicijata... aman bre... vodete ja drzhavata malku po iskulirano i ne pravete isti greshki kako shto praveshe rezhimot na sdsm! ... so sila ubavina ne biduva.... im preci izgradbata, togas ne gradete tamu.... se dodeka ne se izgradi vo dusite na lugjeto ljubov, nisto ne biduva.
Од: ПРИЈАТЕЛ НА ШУТРАЦИТЕ
Датум: 31.03.2009 10:36:33
Денеска утрински ме подсеќа на вежба на хорско пеење и лелек над судбината на демократијата.Денеска ги читам написите на почитуваната новинарка,потоа фрустрираниот издавач а на крај сорос екс режисерот кој небаре се роднини на Кузман Капидан па се слуша лелек до Река.Ценетите колумнисти несе занимаваат со причините на протестот и кој се стои вистински зад тоа затоа што многу добро знаат којго режираше сето ова а најмалку се грижат за ,,раскрварените,, глави.Важно е да се одработи агендата, со фотографска прецизност се опсервира настанот ,да се потикнат најпримитивните страсти и на крај да се урнисаат изборите.Дали некој при ова ќе настрада сее колатерална штета важно е да се постигне целта при недостаток на идеи и неминовен пораз на изборите.
Од: b
Датум: 31.03.2009 10:44:30
Na miki! Siromaskiot! Bile od SDSM. Tie nemaat pravo na protest. Samo toj, M. Nesdelkovski, glasot na svetlinata i ulicarite imaat pravo. Drugite, NE.
Од: done
Датум: 31.03.2009 10:49:41
Што и да напишам нема да го избрише срамот што го чуствувам за настаните во нашиот главен град. Македонците наместо да се обединуваат се разделуваат се повеќе,За тоа дел од одговорноста треба да ја носи актуелната власт, дел од медиумите као што е емисијата гласотѕ на народот, со Томиќ, Бумбарката Танја да се забрани таа емисија, плукачот Латас, поради него не го читам веке тој весник и не ги гледам вестите на Сител што тој ги води, Јанко од не јади бурек зашто тој јади што не треба, Секој има право на свое мисленје така и децата-студенти од градеж,факултет, Но немало нити ќе има демократија. Јас сакам да одам во црква ама на сто чекори е Св.Богородица, па Св.Димитрија па Храмот св.Климент Охридски и.тн. Нека изгради оваа Влада една фабрика да работата нашите деца да има од што да живеат од театри и цркви нема живот луѓето немаат леб за јаденје освестете се премиере
Од: do utrinski
Датум: 31.03.2009 11:38:00
македонскиот народ вели “ ќотекот е излезен од рајот“ затоа не е лошо на комуњарчињата од време на време да им се удрат по неколку воспитни нема нисто лошо , така растат децата . и нека престанат да пиштат веќе не можам да ги слушам, какви страшни работи се имат случено во наша страдна Македонија ... ама 100 стапа по туѓ грб не е ништо а од еден по нивни одма ги заболе
Од: bobi
Датум: 31.03.2009 12:36:36
ne mozam samo da gi svatam onie luge koj opravduvat vakvo idiotsko ponasanje.Ne mozam da gi opravdam intelektualcite sto kutat na vakvo idiotsko gazenje demokratija .Ne mozam da svatam deka crkvata kuti na vakvo idiotsko tepanje.Ne mozam da svatam od kade tolku idioti se nasobraa vo ovaa prekrasna zemja.
Од: Анѓелкоски Методија
Датум: 31.03.2009 13:03:33
Во Струга пред недела дена три деца беа претепани, а едно е сеуште во костнозглобна болница. И никому ништо. Било помнало. Овде некој студент добил клоца од некој будала - и имаме фама со траење од веќе 4 дена. Една телевизија вчера во вестите посвети неверојатни 40 минути на настанот ВО КОЈ НЕМА ПОВРЕДЕНИ. Не ја сфаќам студентската логика. Скопје е архитектонски силувано од 1991 до денес. Е сега, меѓу два изборни круга - дојде работата до т’ч да мора да се протестира. И против што - против обнова на храм! Не велам изградба, бидејќи „Константин и Елена“ е срушена во 1963 година. Значи ако била оставена како историски споменик во та 1963, Скопје ќе беше силувано уште неизградено? Само што нема новинар во Македонија што може да се сети на тоа. Жално! Друг момент е што секој протест сега, во минатото и во иднината може да биде соочен со неистомисленици кои секогаш ќе се обидуват да го спречат.
Од: Vesna
Датум: 31.03.2009 13:10:34
За оваа срамота што се случи има многу виновници. За сите нив е заедничко што се ситни души, недоделкани, некултурни и прости. Еден од нив е Јанко - цело средно јадеше бурек, и си остана на истото примитивно ниво. Јанко е човек кој никогаш и никаде неможеше да се вклопи, затоа и сега е таков, полн со ниски страсти. Сите што во саботата тепаа и сите кои не ја спречија тепачката на својата совест го носат големиот срам на Македонија.
Од: blazo0870
Датум: 31.03.2009 13:28:08
koga bese sdsm na vlast dali togas pominuvaa uredno protestite.isto bese gospogo ,samo vie imate amnezija.
Од: Стојко
Датум: 31.03.2009 14:31:34
Упс... Како по правило (не знам дали е тоа намерно или случајно) другите ни се виновни. И ете го главниот виновник! Ни Г-ујо, ни г.. на квадрат Стефан, ни Јанко Јадибуреков, ни полиција, туку „Србиштата“ и „србоманите“!? Каков интелектуален дилетантизам. Не ми се верува. Како по правило вообичаениот виновник е од север. Понекогаш и од југ. Не ретко и од исток, некогаш и од запад. Само ние Македонците сме „девици“. Најчесто - во ушите.
Од: Verag
Датум: 31.03.2009 14:47:31
Црквата не мора да биде слуга послушен на Демохристијанската партија. Можеа да закажат протест во друг ден,а и зашто? Груевски што наумил,ќе направи, па црква ќе има баш на плоштад,зашто така му се сонило.А тоа што во Уставот стои дека државата е секуларна,па на Груевски и до сега не му бил важен Уставот.Црквата нека го продаде хотелот па ќе има пари да гради цркви,а наместо на плоштадот во Тетово. Како што кажа една вернчка,таму од 1929 г не е изградена црква.
Од: Трпе
Датум: 31.03.2009 16:56:48
Во диктатура се руши државата и верата.Но народот ке си верува во БОГА а во криминална влада и битанги свештеници НЕ.

Најди! во Утрински
Насловна
Ректорот забрани расправа
Бакојани го отфрли предлогот на Милошоски
„Телеком Словенија“ нов газда на „Космофон“
Кампањата не ги мотивира колебливите гласачи
Се запали покривот на Македонската опера и балет
Убиство и пет самоубиства за 24 часа
Изборите и буџетарите
Македонија нема да биде заборавена на самитот на НАТО
Избирачки одбори штимале резултати во Тетово
Британска министерка со државни пари најмувала порнофилмови
На кого да му се испрати сметката?
Мегафоните од фиреровиот сокак
Погром на плоштадот