Неважечките ливчиња кои се броеле како важечки биле ставани на партиски конта
Катица Чангова
Избирачки одбори преправале бројки од гласање и штимале резултати за советници во Тетово. На партиски конта биле ставани неважечки ливчиња кои одборите ги изброиле како важечки. Неправилното внесување на гласачките ливчиња предизвикало хаос во записниците на одборите, а тоа имало влијание во сумирањето на резултатите за освоените мандати.
Вакви запрепастувачки работи откри Државната изборна комисија, кога решавајќи, а вчера на седница и прифаќајќи еден од приговорите на СДСМ, го отвори гласачкиот материјал за 19 избирачки места во Тетово.
Со корекција на гласовите компјутерскиот систем на ДИК исфрли поинакви резултати за освоените мандати на партиите во Советот на Тетово. Така, социјалдемократите во Советот на општината ќе имаат три, наместо две советнички места, за сметка на ДУИ, која наместо 12, ќе има едно помалку - 11 советници. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ партиципира со четири советници, ДПА со девет, две места освои Нова демократија, а по едно НСДП и ВМРО-НП.
„Се уверивме дека важечките ливчиња биле броени како неважечки, а неважечките како важечки биле ставани на конто на една или на друга партија“, истакна Тања Алтанџиева, член на ДИК. Нејзиниот колега,
Бедредин Ибраими, нагласи дека нема да се толерираат вакви кардинални грешки со броењето на гласовите кои влијаат на резултатите.
„Како е можно пречкртано ливче да биде важечко. Во одборите седат државни службеници“, истакна Ибраими и најави дека ќе бара одговорност за незаконитостите.
Државната изборна комисија на нова седница треба да одлучи дали ќе го прифати барањето на заменик-претседателот на ова изборно тело, Субхи Јакупи, по службена должност да биде поништено гласањето во пет изб��рачки места во општините Тетово и Долнени. Тој побара да биде поништено гласањето на две избирачки места во Општина Тетово - и тоа на 1928 и на 1963, поради тоа што недостигаат ливчиња во изборниот материјал.
Во врска со барањето за поништување на гласањето во изборните места 1209 и 1210 во селото Житоше и 1471 во село Дебреште, Општина Долнени, Јакупи образложи дека изборниот процес се одвивал само со еден избирачки список и оти во него недостигале потписи.
Претседателот на ДИК, Александар Новакоски, рече дека за ова барање ќе се одлучува на седница, на која треба да се направи и анализа каде треба да се прегласува првиот круг од изборите.
ДИК не го изгласа предлогот на заменик-претседателот да се направи целосен увид во изборниот материјал за уште 73 места во Општина Тетово. Субхи Јакупи изрази дилема во точноста на резултатите од другите избирачки места затоа што, како што рече, немало печати од одбори и недостигале гласови од раселени лица.
ДИК вчера го прифати упатството за утврдување на редоследот на кандидат во гласачкото ливче за втор круг од претседателските и локалните избори кое го сугерираше членот Јован Јосифовски. Прво име на ливчето ќе биде на Ѓорге Иванов, а како второ ќе биде запишано на Љубомир Фрчкоски.
Navistina li stimale rezultati?da se cudi covek,da ne gi stimaat e bas nekoja novost ovaka sekojdnevnica nie,naviknati sme nie.
Од: Читател
Датум: 31.03.2009 07:42:23
Ке научат ли некои луѓе како се правилно се спроведуваат избори или не? Да не очекуваме нешто подобро, кога гласачките одбори се поставуваат по гласачки клуч. Од кога во првиот круг во гласачкото место изјавив дека некам да земам ливче за гласање за претседател, две минути одговорната за списокот ме опсипуваше со прашања и коментари:„Па дечко некеш ли да имаш претседател?“, „Па земи ливче имаш И ДРУГИ што можеш да ги заокружи“, „Зошто бе дечко не ни го сакаш претседателот?“. Коментирањето продолжи со жални констатации дека:„Луѓето изгледа не ни го сакаат претседателот“ додека ги пополнував другите ливчиња. Смешно и жалосно
Од: citatelka
Датум: 31.03.2009 08:00:53
E sega da go vidime premierot, dali ce si go odrzi zborot, deka site koi ce pravat falsifikati ce bidat kazneti.
Ednas treba da se vovede red neka gi izbrkaa od rabota ima mnogu mladi kadri koi cekaa na biroto.
Од: od mene
Датум: 31.03.2009 08:11:02
stimanjeto e planirana rabota.Ke se pravdat na nepismenite clenovi i pretsedateli koi se so osmo odelenie so isklucoci.(Onie so visoko obrazovanie kompjuterot neli ne gi izvlekuva).Profesorite ne znaat da brojat a kuririte koi se 100% vo izbirackite spisoci se eksperti za toa.Ima i luge koi se na boleduvanje ama za izborite mora da se tuka.Drugite ne gi biduva.E narode dodeka spies i molcis toa ke ti se slucuva za zal
Од: Dosta
Датум: 31.03.2009 08:51:38
ZATVOR i kraj.
Од: jimmy1
Датум: 31.03.2009 12:09:24
Gledam tuka se javi nekoj programer da komentira. Ama sto da kazam, siromaskiot ima pogresen kod ili pak go zaboraveno kodot. Poveke mi lici deka e eden sto se javuvase pod Btw.
Jas sekogas komentiram pod jimmy1. Ednas nekoj imase ostaveno komentar pod imeto jimmy, pa edna stoka resenska me spomna mene jimmy1, deka sega se krijam pod toa ime. Za sreka jas nemav komentirano i mu dadov odgovor. Od togas ne go imam sretnato toa ime, ili pak toj se krie pod razni iminja.
Kaj nas nema nikogas da ima regularni izbori. Dali ne odgovara nacinot na glasanje ili pak slabo e organizirano. Ako e sve isplanirano kako sto treba nema da ima ekstra glasovi, zosto posle zavrsuvanjeto na izborite so sporeduvaat glasackite livcina so spisokot na glasacite. Za zal ovde nema dovolno mesto da se objasni cela procedura.
Од: bobi
Датум: 31.03.2009 12:12:07
E pa ke se stimuva vo Tetovo.Ako se sekavate posledniot stro kradese izbiracki legitimacii vo Tetovo sega ni e pretsedatel na sobranie.Normalno Trajko Veljanovski znae i moze da poduci uste nekoj za prljavi raboti.Samo da znam koj ke bide sledniot pretsedatel na sobranie ili nedajboze pretsedatel .
Од: Albanec
Датум: 31.03.2009 13:52:51
Ova e dokaz deka vo minatoto se polnile kutiite koj kako sakal, a drzavata kjutela! Nekoji lugje se uste ne naucile deka vo MKD nisto ne funksionira, a najmalku pravnata drzava. Drzavnite sluzbenici ne se vo sluzba na gragjanite, razberete veke! Drzanvnite sluzbenici si odat na rabota da zemat edna prosta plata i da rabotat spored "naredbite" na nivnite rabotodavci t.e. vladata na MKD! Site mozni kalkulacii me vodat kon toa deka na MKD i treba klasicen megjunaroedn protektorat, pocnuvakji od sudsvoto i policijata koja bi bila pod nivna totalna kontrola.