Број 2950  вторник, 31 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ПОГЛЕД

Изборите и буџетарите

Нина Нинеска - Фиданоска

Е сега сите можеме мирно да спиеме. Разбравме дека административците во септември сигурно ќе си го добиеле зголемувањето на платите од 10 проценти, онака како што им вети Владата. Нема врска што само во првите два месеца од годинава дури 8.000 граѓани ги загубија своите работни места под притисок на страшната економска криза и што уште поголем број луѓе секој ден се тресат дали ќе останат на работа или газдата ќе им се заблагодари на „соработката“ и ќе мора да се снаоѓаат како што знаат и умеат. Не е битно ни тоа што во буџетот зјае огромна дупка и во него нема пари ни за лек, па државата е принудена дури и да се задолжува со екстра скапи кредити. Сето тоа не е којзнае колку важно. Важно е само буџетарите да не останат изневерени!

Министерот за финансии, Трајко Славески, случајно или намерно, во најжешкиот предизборен тајминг многу смирено и релаксирано им порача на административците да не се грижат, оти власта немало да се откаже од проекцијата за платите. „Нешто што е ветено и секој од нив го очекува, а Владата го има земено предвид при подготовките на буџетот, ќе биде и исполнето“, изјави првиот финансиер.

Е па што е многу, многу е. Како може министерот, во најнеизвесната фискална година, уште во март да знае дека во септември во буџетот ќе има доволно пари за покачувања. Па, нели, и самиот премиер најави ребаланс во мај. Но, некој изгледа заборава дека сега со ребалансот нема да се делат вишок средства како што се правело досега, туку од некаде ќе мора да се крати за да се покрие кусокот. А не е исклучено во тие тешки моменти „да паднат“ токму зголемувањата на буџетарите.

Ама пред избори не е убаво да се вознемири оваа гласачка машинерија. Подобро е да и' се ветат повисоки плати, а потоа ќе видиме.


Статијата е прочитана 1370 пати.

Испрати коментар

Од: Roz
Датум: 31.03.2009 00:21:42
Onie sto ostanaa bez rabota e zaradi svetskata kriza,a ovaa Vlada ne e magionicar da im najde novi rabotni mesta.Vie kolku ispustivte za vreme na vaseto SDSM-ovsko vladeenje?? A ona sto e veteno Gruevski ispolnuva!
Од: flaster siti
Датум: 31.03.2009 00:32:06
Кутриот Трајко, уште не разбрал дека во септември нема веќе да биде министер. Оти никој не му кажува?
Од: MKD
Датум: 31.03.2009 01:46:49
Gruevski sigurnop vo septemvri pak ke gi pokaci platite,zatoa sto ne e lazgo kako onie od SDSM.Toa dosega tri pati go napravi i so administracijata i penzionerite,i so zemjodelcite,gi podeli vetenite subvencii i poradi toa voopsto ne se somnevam deka ke prodolzi taka. Zatoa administrativcite mu veruvaat,blagodarni mu se sto i vo vakva kriza ostanuva na vetenoto i se trudi da go ublazi padot na standardot poradi svetskata ekonomska kriza,tamu kade sto moze.Zatoa ne se plasite od crnite predviduvanja na novinarkata zatoa sto istite ne sme vo vremeto na BC,Bucko i sl. lazovi
Од: jas
Датум: 31.03.2009 09:48:21
Kako i ne ke gi pokaci, pa dusha ni izvadi nam na malite firmi.Jas licno ne mozam glava da krenam od raznorazni davacki ( patriotski fiskalni , pa sekoja godina razni preregistracii na firmata samo kolku da se plati od 2000-5000denari.Poslednoto e REGISTRACIJA NA RABOTNO VREME na sekoi 6 meseci ,placash vo Centralen register po okolu 600 denari, ili pak obavezniot lekarski pregled , pa jas ne rabotam so hrana.Poarno neka odi da se pregleda toj sto gi donesuva ovie glupi zakoni i akti). Zatoa ke se polni budgetot i ke ima pari za poslushnata administracija...Ama , ovaa vlada e nenasitna , pa go potrosi budgetot PREDVREME , ta neka mu e misli administracijata dali voopsto ke zeme plata , a ne pak pokacuvanje
Од: nevrabotena
Датум: 31.03.2009 09:58:19
Se dodeka bez red se vrabotuva bez red i ke se otpusta!Da se donese zakon so edihstven kriterium-da se vrabotuva spored godini na cekanje od zavrseno obrazovanie.Samo togas ke se ima red!Nevraboteni so nad 20god. i toa intelektualci bez nikakov prihod stradaat zosto nemaat vrski prokleti bile!SRAMOTA!!!
Од: Јас и другите
Датум: 31.03.2009 10:28:50
За покачување на платите на работниците кај „газдите“ имаме синдикална организација и таа треба да се избори за згрижување на тие работници.Не сум слушнал да свикала синди- калната организација по „газдите“ зошто не им исплатува плата на работниците по повеќе од пет-шест месеци.Јас сметам дека врвот во син- дикалната организација од „газдите“е платен „под рака“ (како што си и ти потплатена) да ра- ботат како што работат,инаку зошто најостро се спротивставуваат ако се појави иницијатива на ново синдикално организирање.
Од: Весна од Кавадарци
Датум: 31.03.2009 12:56:26
Во услови на глобална економска криза, сериозни држави кои се грижат за своите граѓани ,носат непопуларни,но исправни економски мерки,како замрзнување на платите и пензиите ,и стопирање на вработувања во администрацијата, и секако намалување на плати на министр,и пакет мерки за стопанството.Кај нас владата троши милионски суми за кампања а во администрацијата вработува на едно место по тројца ,кога секојдневно се отпуштаат десетици иљади работници .Сега после изборите„сметот од билбордите„ ќе остане и сметките ќе се испорачаат.Буџетот со таква дупка мора да се пополни,и тоа со заем од ММФ ,сакале или не,но оваа институција има контрола на трошење на парите на граѓаните и сигурно нема да дозволи мегаломанските желби ,во овие кризни времиња да поминат.Циркузот Вариете наскоро ке го гледаме,за жал.
Од: dimi61
Датум: 31.03.2009 17:19:18
А бе Роз нели немаше за владата светска криза и ако ја има тоа не се однесуваше за Македонија која според Славевски ќе ја одминеше и ќе имавме корист од неа. Од каде сега пак губење на работни места заради некаква криза. А на Груевски му порачувам сите нека не вработи во администрацијата зошто фабрики нема да останат како што е тргната работава па Македонија и онака е чудо во светот па нема да биде чудно ако сите сме во администрацијата.

Најди! во Утрински
Насловна
Ректорот забрани расправа
Бакојани го отфрли предлогот на Милошоски
„Телеком Словенија“ нов газда на „Космофон“
„Христијански“ ќотек
Кампањата не ги мотивира колебливите гласачи
Се запали покривот на Македонската опера и балет
Убиство и пет самоубиства за 24 часа
Македонија нема да биде заборавена на самитот на НАТО
Избирачки одбори штимале резултати во Тетово
Британска министерка со државни пари најмувала порнофилмови
На кого да му се испрати сметката?
Мегафоните од фиреровиот сокак
Погром на плоштадот