Број 2950  вторник, 31 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Контрапункт

Мегафоните од фиреровиот сокак

Никола Гелевски

Секој ден на владеењето на Груевски за Македонија значи тешка и неповратна историска регресија

Јанко Јадибурек е најнепосредниот поттикнувач на новиот фашистички изблик, кога во саботата толпа лажни христијани и вистински тепачи маваа и бркаа педесетина студенти излезени на најавен мирен протест. Само поради тоа мора да се отстрани од јавната сцена таа страшна медиумска фигура која со години шири најсоголена национална, верска и родова омраза. (Еве го неговиот јавен повик на неговиот блог, вечерта пред најавените протести: „Утре во 12 часот, на плоштад во Скопје, најверојатно, збирштина од геј и атеисти ќе се обидат да шират гадости под закрила за грижа на архитектурата на градот, а против изградба на црква“.)

Следниот дел Бичиклиски и Латас продолжија да повикуваат на линч на неистомисленици и со најнавредливи зборови да го кршат елементарниот уставен поредок на земјата. (Ако Фрчкоски, за вистината што ја изрече за поврзаноста на Груевски и „Окта“, доби онолкава финансиска казна од судот, колкаво обесштетување треба да добие Соња Исмаил, затоа што јавно е изложена на линч, само затоа што е ќерка на Ѓунер Исмаил?! И не само што јавно е изложена на линч од официјалната гебелсовска пропагандна машинерија на Груевски туку е изложена на лавина најчудовишни навреди по блоговите. Како реакција на тоа, стотици млади деновиве, обесхрабрено, зборуваат за азил од темниов вилает. Малцинство се, да! Десет пати ги има помалку од опиените грујовисти! И поради тоа треба да бидат затепани како изроди! Неверници, предавници, педери и лезбијки! И иселени не само од сопствениот град туку и од православна античка Македонија!)

Бичиклиски, Јадибурек, Латас, Н��делко, Томиќ итн. не се проблем поради својата јасна политичка агенда: земјава да ја претворат во тоталитарна касаба на малиот црни Грујо и неговите гуланфери, гелиптери и автобускиот башибозук што го развезуваат наоколу во проектот „Братимење на г(р)адови“ за дисциплинирање на неистомислениците (тепачи од Гостивар доаѓаат да тепаат 50 студенти собрани на сопствениот градски плоштад за јавно да го изразат своето мислење... Кога следниот пат ќе дојдат автобуските тепачи на ВМРО, скопјани богами ќе се организираат малку подобро, ако ништо друго за да ги заштитат своите деца; а мечката на насилството ќе заигра и пред портите на поттикнувачите од типот на Латас, Бичиклиски и Јадибурек).



Јадибурек и компанијата, велам, не се проблем само зашто новинарството и јавната работа ја сведоа на спин сервис на една политичко-мафијашка дружина во операција на растурање на Република Македонија, туку се проблем затоа што најдиректно и најсоголено го кршат највисокиот и се' уште на власт правен документ на оваа земја: Уставот. Еве што вели Уставот во член 16: СЕ ГАРАНТИРА СЛОБОДАТА НА УВЕРУВАЊЕТО, СОВЕСТА, МИСЛАТА И ЈАВНОТО ИЗРАЗУВАЊЕ НА МИСЛАТА. СЕ ГАРАНТИРА СЛОБОДАТА НА ГОВОРОТ, ЈАВНИОТ НАСТАП, ЈАВНОТО ИНФОРМИРАЊЕ...

Еве што вели член 21: ГРАЃАНИТЕ ИМААТ ПРАВО МИРНО ДА СЕ СОБИРААТ И ДА ИЗРАЗУВААТ ЈАВЕН ПРОТЕСТ БЕЗ ПРЕТХОДНО ПРИЈАВУВАЊЕ И БЕЗ ПОСЕБНА ДОЗВОЛА. КОРИСТЕЊЕТО НА ОВА ПРАВО МОЖЕ ДА БИДЕ ОГРАНИЧЕНО САМО ВО УСЛОВИ НА ВОЕНА И ВОНРЕДНА СОСТОЈБА.

Разочарува и улогата на полицијата. Бев на плоштадот во саботата и сведочам: полицијата ниту им овозможи на малата група студенти да го изразат својот најавен протест, ниту доволно ги заштити кога толпата тргна да се пресметува со нив. Но, најстрашното, екстремно партизирано, однесување на полицијата следуваше потоа, кога низ соопштенијата вината за нередите беше ставена врз жртвите.

Сето ова недвосмислено зборува за фашистичката природа на власта на Никола Груевски и на неговите фаланги за застрашување. И не е прв пат. И, за жал, нема да биде последен пат, зашто фалангите активно работат на разгорувањето на граѓанска војна во Република Македонија. (Истово од саботата лично го доживеав и во Струга, пред околу два месеца: толпа пијани и политички инструирани хулигани не' нападнаа и спречија во обидот да организираме граѓанска трибина.)



Се' помалку се двоумам околу главната констатација на нашиот современ политички миг: единствената реална агенда на Груевски е растурање на нашата земја. Истата агенда што ја имаше и Милошевиќ во однос на Србија и која денес ја признаваат дури и најнапалените десничари во Србија сведувајќи го страшниот историски национален пораз на наивна конспирација: „Милошевиќ беше американски човек“. А речиси цела Србија стоеше зад тој „американски човек“ во војните против сите други народи на бившата СФРЈ, заклучно со војната против САД во 1999 година!

Недвосмислено расистичката и екстремно националистичка политика на Грција во Груевски го има својот идеален сојузник. Нема посоодветен партнер од Груевски за одржување на високата национална температура во Грција. Тоа не значи дека премиерот не произлегува од длабоките слоеви на современата македонска бит и дека не е автентичен политички претставник на сегашниве историски премрежиња. Напротив. Тоа само зборува дека гробот сами си го копаме и дека патот кон пеколот пословично е поплочен со добри намери. Сите оние кои денес безрезервно стојат зад сосема поместениот политички проект на Груевски за десет години ќе велат дека, ах, се зезнавме, тоа беше прекрупна игра за нас, Груевски не' завади, не' растури на верници и неверници, на предавници и на хипермакедонци, на Хунзи и Славјани, на урбани и сељаци...

Несомнено дека Груевски и неговите мрачни фаланги ќе паднат. И несомнено дека тој пад ќе предизвика сериозни, дури тектонски поместувања на нашата јавна сцена. Работата се' уште е во тоа да го спречиме крвавиот расплет, можната граѓанска војна, и да го направиме тоа што побрзо, оти секој ден на владеењето на Груевски за Македонија значи тешка и неповратна историска регресија. Јас не планирам азил.

(Авторот е издавач)


Статијата е прочитана 3535 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 31.03.2009 00:15:06
Gruevski i negovite od Makedonija napravija karikatura na juznoamerikanskite diktaturi od seesettite godini. Velam karikatura zatoa sto nema ni hrabrost ni moc da gi sobere neistomislenicite na gradskiot stadion.
Од: anonimen
Датум: 31.03.2009 00:32:13
kakvi skopjani da se zastitat?--ja bi rekol site novkomponirani skopjani da se vratat otade kaj sto do vcera nosele opinci----neznam za vas gospodine geleski----ali ako sakate skopje da stane metropola evropska treba da go iscistite od site ``seljaci``--sto e se naselija vo izminative godini i da otvorite javna debata za to --sve drugo e veter vo magla--oti za skopje spas nema
Од: MKD
Датум: 31.03.2009 00:35:01
Koljo aj smiri si toa hormonite malce.Ne instruiraj bez vrska graganski vojni vo situacija na soocuvanje so vistinata deka ogromen del od makedonskiot narod ne vi e naklonet na vasite nameri i zelbi.Pa kako sakate krstete go:fasisti,seljacana,gluperdi i sl.I megu vas komunjarite ima ogromen broj na takva seljacana i smrdliva bagra.Strpete se do novi parlamentarni izbori i pocekajte narodot da si go kaze posledniot zbor.Ne zivete vo ovaa drzava samo vie,semejstvoto Ismail,Milcin i slicnite na vas.Citirate clenovi od ustavot,a zaboravate deka vo toj isti ustav e vtemeleno najdemokratskoto nacelo kako se dobiva i doaga na vlast.Sekoja nedela isturate eden kup navredi omalovazuvanja vrz vlasta i makedonskioot narod,a obvinuvate deka ziveete vo fasisticki rezim.Na vasata kontradiktornost i nema kraj.Ako bese taka veke odamna ke se dimevte od nekoj odzak.A na vas gledam vlakno od glavata ne vi fali.Pa uste i dobivate na sila.malku cudno za eden covek sto zivee pod diktatura i represija
Од: бивш драпамеовец
Датум: 31.03.2009 00:35:46
Се срамам што живеам во држава каде на таква сељачана како Јанко, Латас или Миленко се на такви позиции од каде можат да шират простотилак. Ниту еден паметен збор не сум слушнал од нив тројцата, а со секое отворање уста само вулгарности и простотилак излегува. Се разбира дека тоа нема да биде така засекогаш, еден ден ќе си го добијат заслуженото, но дотогаш со поддршка од фашистите на ДПМНЕ ќе изигруваат башибозук. Жално е што наместо на интелектуалци, медиумскиот простор им се дава на такви сељаци како нив. Но, уште пожално е што интелектуалците молчат и се плашат да го дигнат гласот против тиранијата. Досега сум гласал за ДПМНЕ, но од сега НИКОГАШ нема ни да помислам да гласам за фашистичките хунзистански антички македоноиди и квази патриоти.
Од: Goran
Датум: 31.03.2009 00:38:00
Tokmu taka. Ste bile svedoci, Ve osvedochija so Milcin na TV kako neposredni svedoci... I sega gi prenesuvate zdushno, zbranite "svedoshtva"... Ochigledno ste dobri vidovnici so Milcin, stom do tolkav stepen ve "iznenadija" slucuvanjata na plostadon. Chestit upis na arhitektonski i na tebe... Daj Boze da go zavrsis vo dogledno vreme, da progledash, za da ne bidesh insinuiran vo idnina... I sekako, slobodno da mozhesh da go iskazhesh svoeto neprikosnoveno pravo na gledishte.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 31.03.2009 00:39:58
Zamislete da im go frlea Isus na tie mentalno zaostanati fizikalci - kje go rastrgnea ziv so zabi. Od ljubov kon Boga, se razbira. Samo site zaboravaat edna rabota - crkvi se gradat, crkvi se rusat...
Од: Sonja
Датум: 31.03.2009 00:40:39
Vo Pariz imashe bunt i plameni opsadi, vo Atina imashe anarhija i molotovi kokteli, a toa makedonskata soros-ekipa go narekuvashe demokratski otpor i sudir na mislenja. No, koga vo Skopje se sluchi incident so "dve tupanici i tri kloci", togash toa e FASHIZAM ! .., ili mozebi seto ova e licemerna kritika za politichka upotreba ?!
Од: k
Датум: 31.03.2009 00:42:18
G-din Geleski dobra i tocna analiza na celata nasa situacija,samo dali ke ne bide so vakva politika za deset godini toa e prasanjeto sega za zal
Од: Vcudoneviden
Датум: 31.03.2009 00:44:02
Bravo za hrabrosta.Odlicen tekst
Од: citatel
Датум: 31.03.2009 00:45:28
gospode boze,ke im dojde li kraj.veke stanuva strasno...
Од: Gebelsova retorika
Датум: 31.03.2009 00:49:49
Vecerva za da mu se dade krescendo na sabotnite nastani "Jadiburekot "go pokani kako gostin najdosledniot gebelsov ucenik, poznatiot manipulator , agent na tajnite sluzbi na KOS , palacot na stranski ambasadi, ordenosec na Milosevic ,specijalist za vodenje na specijalna vojna i potplaten destruktiven agitator Latas. Ona sto go zboruvase toj gi nadmina site granici i bese vistinska horor. Si pravese svoi tezi i antitezi i istite gi prestavuvase kako vistini. Vo negovoto izlaganje pokraj notornite lagi i manipulacii imase otvoreni profasisticki pretenja so tepanje pa i fizicki likvidacii na odredeni lica. Tolku pretera sto duri i samiot Jadiburegdjija se uplasi i ogradi i kaza deka na medium iskazuva opasni zborovi. Ako i posle ovaa emisija ne bide optuzen za kleveta , sitrenje na netrpelivost i javno izlozuvanje na pretanja ,i sikljucen od Sojuzot na novinarite , togas navistina vo Makedonija nema zastita i sigurnost i Makedonija postanuva opasno mesto za ziveenje
Од: 4pete21
Датум: 31.03.2009 00:53:24
Одлична илустрација на темното време во кое живееме. "Браво" за Грујо, добро утро на тоталитаризмот. Пијаните и зајапурени вмро-вски фаланги се на крилјата на гласовите на луѓето добиени на последните три избори. Ќе се свести ли народов... додека не отишло се у п...
Од: Од Струга
Датум: 31.03.2009 01:01:45
Подполно се согласувам со ова што го имате изложено ова. на Државава изгледа му дојде крајот со ова безумије и со овај забеган човек од 18 век а и срамота за новинарствово во Македонија со овија јади бурек латас миленко и томиќ тија се главните инцијатори за ова дереџе заедно со пастирон...
Од: Vodno
Датум: 31.03.2009 01:11:11
Fasizmot sto se sluci na plostadot potseca samo na vremeto na Milosevic i Causesku, verojatno na nasiot Nikolaj uzor mu e Causesku, pa taka i ke zavrsi! Sekuritate i del od narodot go podrzuva isto kako i tepacite od Gostivar i senilnite kreteni koj mavaa so Bozji simboli Sram za Makedonija si Grujo, begaj pobrzo dodeka postoi Makedonija!
Од: Buntovnik
Датум: 31.03.2009 01:30:03
Za da glupavite mozat da uspeat, pametnite ne treba da prevzemat nisto. Gruevski i negovoto fasisticko vladeenje ne se samo resultat na negovoto ednoumie, tuku i na nedostatokot na inicijativa i ideei na pametnite. Prestanete da mislite deka vie ste podobri od niv. Podobar e concept, ako ne napravis nisto podobro e samo prazen concept. Koj misli kreira vizija, vizija controlira cuvstva, cuvsta kreiraat akcija, akcija kreira resultat. Razbudete se, covekot umira ednas, uplaseniot covek sekoj den.
Од: Tale
Датум: 31.03.2009 01:33:08
Odlicna analiza na nasata zalna realnost. Go prezivuvame definitivno najmracniot period od osamostojuvanjeto.Porano se udirase po dzebovite, a sega po slobodniot izraz i elementarnata sloboda. Gruevski tepa...... Tepase i Causesku......
Од: Red Rose: Ubi concordia,ibi victoria (Kade sloga,tamu pobeda)
Датум: 31.03.2009 01:47:04
Toa e edinstvenoto neshto koe mozhe da ne spasi.Druga alternativa nema. Nemam drug pasosh i ne baram azil.I jas ostanuvam tuka vo borbata protiv fashizmot.Zaedno so Vas.
Од: Во скопје конечно се гради...
Датум: 31.03.2009 01:50:30
Почитуван млад господине,ако повикувате на уставот,тогаш треба да додадете во вашиот следен текст дека уставниот суд не виде ништо неуставно околу градбата на објект на плоштад,така што ред е да ги обелодените сите факти.Апсолутно е испочитуван законот за градба на што и да е. А немаше да гледам ништо лошо во протестот ако не беше Милчин и комп. во позадина,не глеам лошо ни во контра-протестот,немаше да гледам лошо и ако имаше контра контра-протестот.Во секоја нормална демократија се спротиставуваат групи со различни мислења.Аман не го гушете народов. Така да ни "Ф" од фашизам јас не гледам,барем не онаков каков што беше во 90тите.
Од: miki
Датум: 31.03.2009 01:59:39
ti bisakal graganska vojna od nekolku statii toa se gleda,nema da ima vojna oti ste malcinstvo,ako ednite imaat pravo na protet i drugite imaat pravo na protest toa e demokratija samiot kazuvas deka ste 1;10 mmalcinstvoto ne moze da go rakovodi mnozinstvoto toa e eden od principite na demokratijata,i ne zboruvj za fasizam tvoite idei se ekstremno levi ti si neokomunist.
Од: mitko za makedoncite
Датум: 31.03.2009 02:04:51
Kako sto ubavo velis vo tvojata statija protivnicite se vo ogromno malcinstvo, a mnozinstvoto od narodot se identifikuva so "agresivnite vernici". Toa e toa, Makedoncite ednostavno stanuvaat se ponesimpaticna nacija. Nasi sme si ama rabotite odat na loso. Se krade na prostacki nacin tuga istorija, narodot samovolno i slobodno glasa za majmuni i kriminalci (i za onie od SDSM). Na sto licat samo pretsedatelskite kandidati. Po televiziite ne moze da se vidi asolen covek da kaze nesto pametno. Ako se pogledne kon idninata, da kazeme dvaesetina godini, jasno se gleda deka Makedonija ke bide edna dupka vo koja site luge ke se cudat za rabotite koi ke se slucuvaat nadvor od nea. Soberi izvadi ama realno e da se kaze deka ako Makedoncitei i propadnat za nekoja decenija deka to nema da bide nekoja golema steta.
Од: Zarko
Датум: 31.03.2009 02:38:19
Kolku i da bese grozno odnesuvanjeto na kontra-protesterite (ocigledni VMROvci) na plostadot, sepak toa ne e nisto vo sporedba so sto se slucuvase za vreme na vladeenjeto na idniot lider na SDSM Crvenkovski i na nivniot pretsedatelski kandidat Frckovski. "...единствената реална агенда на Груевски е растурање на нашата земја" A koj ke ja brani zemjata, Branko? Poraka do SDSM: ako sakate da se predstavite kako reformska partija, mozebi ne e najdobar poteg za lider da go izberete covekot koj vladeese vo vreme na najgolemata regresija na drzavata. A inaku ako najgolemiot grev na Gruevski i segasnata vlada se slucuvanjata na plostadot, kako sto vikaat amerikancite, "I'll take it"
Од: Brian, Canada
Датум: 31.03.2009 04:22:24
G-dine kako mislite da smenite, ili srusite legitimna demokratski izbrana vlada. Povikuvate na rusenje na ustavniot poredok. Od edna strana go kritikuvate "jadi burek", koj ako go procitate Vasiot citat - ne povikuva na nasilie, tuku kazuva vest - konstatacija za odrzuvnje na protesti. Vie direktno povikuvate na nasilno rusenje na vlasta. Vo poveketo demokratski zemji Vakviot iznesen stav pravno i sudski se sankcionira. Pod navodniot intelektualec se krie, pardon, ne moze da se krijat poveke klasicni fasistiski nameri.
Од: Slobodan
Датум: 31.03.2009 05:22:10
Prvo dojdoja po Socialistite, jas molcev, ne bev socijalist . Potoa dojdoa po Komunistite jas molcev ne bev komunist. Potoa, dojdoa po Sindikalcite, jas molcev ne bev sindikalist. .... Na krajot dojdoa po Mene,ne ostana nikoj da krene glas. Martin Niemoller( slobodan interpretacija) Gelevski SEKOJA CEST, retiki se lugeto koi ke prezborat javno. Zastanuvam na vasa strana. Slobodan Kamcev
Од: site
Датум: 31.03.2009 05:39:36
Mene licno ne me razocaruva ulogata na policijata. Sto strasno razocaruva, zabrinuva i tesko duri se sfaca, e deka eden universitetski rektor ne saka da dojde na pomos na studentite koi go koristat domekratskoto pravo na glas. Zemja na moroni.
Од: Православна Македонија
Датум: 31.03.2009 07:13:14
Народот не би го поддржувал Груевски толку многу вие да не бевте неговите критикувачи. Ама кога ќе ве видиме Вас кога некого критикувате, тогаш ние знаејќи ве Вас инстиктивно си мислиме дека тој мора да е во право. Така што за жал со Вашите критики енормно ја засилувате власта на ВМРО-ДПМНЕ.
Од: uh!
Датум: 31.03.2009 07:30:37
dobro e znaci ne sum sam...i nekoj drug gleda kako mene - fala bogu!
Од: MILENA
Датум: 31.03.2009 07:50:04
Bravo za komentarot, a tie IZRODI, latas, janko i bicikliski ne zasluzuvaat nikakov komentar, bidejki toa normalen covek ne smee da pomisli a ne javno da go kaze, megutoa tie podrzani od KRIMINALNOTO dpmne jadat burek se poveke, treba da i se stavi kraj, bidejki tie trojcata potpomognati od dpmne javno go podrzuvaat FASIZMOT.
Од: jimmy1
Датум: 31.03.2009 07:55:13
Nemam komentar, odlicna statija.
Од: ljupco,bitola
Датум: 31.03.2009 08:30:43
Ete priznanie deka bil na plostadot vo sabotata,ama kako 'svedok' a ne kako ucesnik vo protestite, zatoa sto nema dovolno doblest niti hrabrost. Pa vo sto e togas razlikata pomegju Janko,Tomic i Latas so ovoj propadnat supliv 'platformist'?
Од: Goran
Датум: 31.03.2009 08:48:30
Koga skopjani ke se organiziraat ke im treba lider, pa redno e ti da gi povedes napred. Dosta se krievte pod prevezot na razni asocijacii, zrduzenija i slicno.Vie (zaedo so Milcin)ste najgolemite pettokolonasi vo ovaa drzava.Za pari i sopstvenata majka ke si ja prodadete.Ve cekame bando edna informbirovska.Pozdrav
Од: Студент на МФС
Датум: 31.03.2009 08:49:16
Во првиот изборен круг не излегов зошто сметав дека никој не го заслужува мојот ценет глас, но она што се случува во Македонија ме мотивира недвосмислено да излезам и да гласам за Фрчковски, не дека толку го сакам, туку тоа да биде еден почеток на крајот на ова разулавено портокалово лудило. Верувајте тоа ке биде вистински патриотски потег за македонија, без удирање во гради туку со делување.!!!
Од: Фили
Датум: 31.03.2009 08:54:29
Браво Коља!
Од: Alek
Датум: 31.03.2009 09:08:54
Кољо, ако мислиш дека сме малце (а како што гледам по реакциите, не сме), ќе те потсетам: И ЕДНО МАЛО КАМЧЕ Е ДОВОЛНО ДА ЈА ПРЕВРТИ ЦАРСКАТА КОЧИЈА! Затоа одвај чекам да заврши оваа мутава кампања и да продолжи ГЕМ со совите активности.
Од: Пинг
Датум: 31.03.2009 09:09:34
Па има и други мотиви за настанот, односно сличните настани кои се случија и кои ќе се случуваат. ВМРО ДПМНЕ без подршка на тешките битанги ќе остане покуса за над 100.000 гласа. Проста математика, најголемиот дел од битангиве во Р.Македонија (а нормално е да ги има до 10%) се под крилото на ВМРО ДПМНЕ. Многу успешно ги држат постојано во кондиција, со вакви и слични настапи. Потоа глумат ѓоа-демократија во смисол “НИЕ НЕ СТОИМЕ ЗАД ТАКВИТЕ ИСПАДИ И ГИ ОСУДУВАМЕ“. Распрашајте се по Општинските Комитети и се е јасно. Има чесни луѓе и таму. А ѓоа новинарите Латас, оној дебилот од Јади Бурек, Томиќ, Миленко, се “пролазна ствар“. И самите ќе го увидат тоа. Така е постојано. Ама тогаш ептен ќе ги боли. Поздрав до сите Ваши и наши, и пишувајте КИРИЛИЦА, сите Вие, и Хунзи и Антички и какви не, па и никакви Македонци.
Од: Zoran
Датум: 31.03.2009 09:24:43
Во 03-те години во Германија на демократски начин беше избран нивниот канцелар по име Хитлер. Во истиот временски период нацистите го запалија Рајхстагот и со извртување на вистината гиобвинија комунистите на чело со Ѓорѓи Димитров дека тие то аго сториле. Послешто следеше знаеме многу добро од историјата. Deja vous!?!
Од: maxi
Датум: 31.03.2009 09:38:32
Jas nemam nadez veke, mislam deka treba da mislime na azil.
Од: Столе
Датум: 31.03.2009 09:40:00
Браво Коља извонреден текст. Очигледно дека те изнервира баграва со провинцицски манири водена од Латекс, Миленко и онаа карикатура што јаде бурек.
Од: b
Датум: 31.03.2009 09:54:13
Не планираат сите студенти азил. Не планираат ни сите млекари, стечајци, работници, селани, младинци. Има надеж за Македонија!
Од: Ana
Датум: 31.03.2009 10:17:11
Srekna okolnost za protestot na studentite e sto bea napadnati. Nasilnicite samo im pomognaa da ja razbranuvaat makedonskata i evropskata javnost. A da pominea mirno nikoj nemase ni da se seti sledniot den deka se slucil nekakov studentski protest. Vnimatelno so upotrebata na kvalifikaciite "gebelsovi", "fasisticki" "firerovi"... samo nepotrebno sirite omraza.
Од: Mene do Vas
Датум: 31.03.2009 10:33:47
Pa dobro, ako Gruevski go pratime vo zatvor, koj ce ko nasledi? Lopovite od SéDeSéMoe? Vece poznata lopovska bagra. Vashite nastojuvanja da go ocrnite Grujo the Vrti Mati Rasturi Ograbi - samo mu ja zacvrstuvaat pozicijata. Mi se gadi i pomislata deka nekoj od Sé De Sé Moe ili od Vrti Mati Rasturi Ograbi e idol na eden makedonec. I gladni i bosi i bez blagodeti na 21-ot vek jublaat po lopovite. A novinarstvovo si najde pogodno podnebje. Kleveti i spekulacii se najgolemiot izvor na novinite. Nieden fakt niedna vistina so slika ili dokument.
Од: tihi
Датум: 31.03.2009 10:51:40
ocigledno deka branko se vraca na scena.a toa e toa sto e zlo za makedonija,sekogas koga toj ne e na vlast.bez razlika sto si go baraat so borince,gi povikuvam site da ostanat so ladni glavi.inace ne ni gine crniot tefter na frcko-neli taka antifasisti.
Од: rampe petkoski od prilep
Датум: 31.03.2009 10:55:17
го читам написов и се охрабрувам себе си поради фактот што сепак во оваа државичка има и чесен,искрен и добронамерен народ кој никогаш нема да се помири со судбината ова наше парче земја да го водат политички евнуси и ретардирани личности
Од: do avtorot
Датум: 31.03.2009 11:17:11
E komunjarista da vidite kako e pod vmro- ovska cizma.Pistete kolku sakate toa vi e. Prezivavme 12 teski godini a toa sto ne ne unisti ne napravi uste pojaki. Pozdrav i uzivajte slednite16-tina god....
Од: Stojan
Датум: 31.03.2009 11:22:32
Јанко, како си можел да бидеш повлијателен од Сорос и СДСМ заедно. Алал да ти е. Не се секирај за тие што се плашат да поминуваат покрај црква.
Од: Ефтим
Датум: 31.03.2009 11:25:33
Коментарот е на место, со една забелешка. Авторот самит се има декласирано со својата претходна поддршка на грчкиот ( евроатлантски поддржан) фашизам, па сега лицемерно звучат обвинувањата кон домашната карикатура од репресивен режим. Господине Гелевски, со вакви коментари не им помагате, туку им одмагата на студентите кои со најдобри намери излегоа на протест, зашто ги идентифицирате како приврзаници на една многу погрозна варијанта на фашизмот од онаа против која се буните.
Од: libertator
Датум: 31.03.2009 11:37:52
poradi kreaturi od novinari kako onej neoismenion jadi burek,koj za zal i jazikot ne si go znae,ltinka perovic-alijas latas koj prv bese vo demonstraciite pred amerikanska ambasata,milenko posetitelot na sutka sigurno bes pricini i konvertritkata mirka i bogomolecot tomic...go svedoa makedonskoto noviunarstvo na najniski granki vo istorijata.ama ovie ne se krivi.KADEE ONAA KREATURA OD SOVET ZA RADIO DIFUZIJA DA ZINE NE STO STO E KRIVICNO DELO,IZUMRENOTO ZDRUZENIE NA NOVINARI,JAVEN OBVINITEL SE SPIE mecki vo zimski son i muva ne gi lazi.struga prema ova sto se sluci e na plostad e obicna nastinka ili ozena stobi rekle ....
Од: До „MILENA“
Датум: 31.03.2009 11:45:38
„a tie IZRODI, latas, janko i bicikliski ne zasluzuvaat nikakov komentar“ Милена,они заслужуваат да се коментираат и тоа треба сериозно да се дебатира за вчерашното „шоу“ на Латас.Човекот нешто најави,и тоа треба сериозно да се свати.И во САД и во Германија имаше најави за масовни убиства кои не беа сериозно сватени,па видовме што се деси.
Од: perica
Датум: 31.03.2009 11:54:37
Do Sonja Vo Pariz i vo Atina protestantite se tepaa so policijata , a ovde policijata gi podrzuvase ,razmislete malku koga pravite sporedbi draga moja.
Од: Donald Duck
Датум: 31.03.2009 12:16:35
Sekogas koga e desnica na vlast ima belja...i vo MKD i vo bilo koja druga zemja na svetov. Problemot e kaj nas pogolem, bidejkji se politicarite mnogu po primitivni od evropskite, osobeno desnicata. Ziveeme vo "defektna demokratija" kako sto ne ocenia pred nekoj den....bidejkji imame defektni politicari, proizvod na bolnoto i apaticno opstestvo vo MKD. I vo Slovenija ima politicari kako Grujo, ama tamu nikoj ne gi glasa.....Kakov narod, takvi politicari....
Од: Realno gledanje
Датум: 31.03.2009 12:21:18
Jadiburek, Latas, Tomic i Milenko se kancer za demokratijata i za idninata na Makedonija! Navedenive se ocigledno vo panika poradi gubenjeto na rejtingot na nivniot ovrda finansier, pastirot! Tesko na onaa partija (i vlada) cii mediumski komesari se spomnatite licnosti, dokazani multicevki! Toa iskustvo go prezivea SDSM, a naskoro ke go dozivee i aktuelnata vlada, odnosno vladejackata partija! Poradi higienski pricini odamna ne gledam SITE TV, TV na Jadiburekot za sreka ne e vklucena vo kabelskata TV, a Milenko e daleku pod mojot vkus!
Од: bobi
Датум: 31.03.2009 12:31:58
zarem se dostojni za komentar ovie tirancinja ,bljak fuj
Од: zelezara
Датум: 31.03.2009 12:50:11
Ke bide vaka se dodeka ima slepci da glasaat za niv.
Од: Анѓелкоски Методија
Датум: 31.03.2009 12:54:58
Знам дека авторите не ги читаат интернет коментарите. Сепак ќе го прашам: Што е разлика меѓу низата „Бичиклиски, Јадибурек, Латас, Неделко, Томиќ итн. “ со низата „Гелевски, Дувњак, Милчин, Тричковски, Ѕвездан...“. Само оние за кои навиваат. Се друго е сосем ИСТО. Ни едните ни другите не ги забележуваат своите гадости. Само на комшијата дворот му е нечист - а дека кај него мириса на труло - не е важно. Дајте веќе еднаш постанете новинари!
Од: Ibe Palikuka
Датум: 31.03.2009 12:56:36
I od Latas i od Janko dobivam nagoni za povrakanje , nisto ne pravat osven sto `` jadat burek `` po ceeel den
Од: drw
Датум: 31.03.2009 13:12:04
Вашиот старо-новоговор зборува повеќе за вас отколку што вие кажувате за другите: Сценариото на ПАДНАТИОТ Бранко е: бунт, револуција, преврат, против легално и легитимно избрана власт, затоа сто вас не ви се допагја нејзиното владеенје. Мислите ли дека на другите им беше по волја долгогодисното малтретиранје на СДСМ додека владееја: Ова се ваши мисли, г-дине Гелевски: “мечката на насилството ќе заигра и пред портите на поттикнувачите од типот на Латас, Бичиклиски и Јадибурек”, не е ли ова циста закана?… “фалангите активно работат на разгорувањето на граѓанска војна во Република Македонија”… “единствената реална агенда на Груевски е растурање на нашата земја”… Груевски не' завади, не' растури на верници и неверници, на предавници и на хипермакедонци, на Хунзи и Славјани, на урбани и сељаци”... Несомнено дека Груевски и неговите мрачни фаланги ќе паднат”… “да го спречиме крвавиот расплет, можната граѓанска војна”… Сето ова го видовте во еден изнасилен настан од кој извлекувате најцрн
Од: blazo0870
Датум: 31.03.2009 13:25:54
ti si megafon na sdsm.
Од: zitel na Makedonija
Датум: 31.03.2009 13:35:22
zalosno e da se pomisli da se zakrvi sopstveniot narod, a ne toa i da se pravi. Monstruozni se konstrukciite i aksiite na vlasta so cel da ostane sto podilgo. i Hitler, i Causesku, i site tirani zavrsile neslavno. se ima pocetok i kraj. Nasive pastiri, huskaci i slepi sledbenici na teror neka se obrazuvaat malku, neka procitaat od istorijata sto se slucuvalo. Svetot ne posnal i zavrsil so Aleksandar Veliki. SVESTI SE MAKEDONSKI NARODE DODEKA IMAS VREMA. So teror,strav , zaplasuvanje ne se gradi i vodi drzava, takvata drzava ima kratok i neslaven kraj. SE KRSTEVTE I VI VOPJVODATA PA SEGA GO PLUKATE. IDI BEGAJ NEDOVETNA MASO...
Од: AD
Датум: 31.03.2009 13:36:44
Па вака драги мои, кога премиерчето можеше да ја заштити ОКТА на судењето во меѓународниот суд, а да сведочи против Македонија, тогаш зошто ве изненадува фактот дека е ,,ГРЧКИ,, човек. Како што се покажа дека Милошевиќ одлично соработувал со српските ,,НЕПРИЈАТЕЛИ,,. Кој го јаде СТАПОТ во двете ситации ?????? Се знае НАРОДОТ.
Од: Игор
Датум: 31.03.2009 13:56:45
До сите кои постојано повторуваат дека СДСМ го организирал протестот... ТОА НЕ Е ВАЖНО. И лично Бранко да им се јавувал на студентите и да ги терал да протестираат на плоштад.... Тоа му дава право на некој до го тепа? Идиоти затуцани мислете со тоа празните глави и читајте за што се зборува. Не е важно ниту кој го организирал протестот ниту за што се протестирало. Тоа за што се зборува тука е дека толпа ретардирани идиоти домкнати со автобуси од којзнае каде тепаа студенти, а полицијата не реагираше.
Од: Стојко
Датум: 31.03.2009 14:15:19
Ова веќе станува симптоматично. Македонија врие од „квази“ личности (новинари, доктори, професори, книжевници, скулптори-национално-подобни-за-плоштад). Факт е дека !Јади Бурек е полуписмено агитаторче на „сенародната“ ни власт. Но очигледно е и вашето симнување на нивното ниво, со текстови по шаблон: „дежурен кривец за распад на Балканот“ - американскиот човек!? Слатко ме изнасмеавте со обидот да напишете сериозно-несериозен текст. Невидено шарлатанство од Ваша страна господине Гелевски.
Од: Verag
Датум: 31.03.2009 14:32:29
Eh Gorane,jas isto taka bеv prisutna no ne mozam nikogo da izlazam deka sum student,bidej'ki toa bev pred 40 god.Gi gledav policajcitwe kako shetaat zaedno so tolpata kon protestantite,gi slusav zapenetite moi vrsnici kako vikaat po nas izrodi.malku faleshe да бидам истепана поради што си отидов.На тв видов како момчето во зелен дуксер прво беше клоцан,а потоа полицајците него го собраа и го однесоа кај дрвото,незнам што му правеа. Јасна бече улогата на вмро-ОВЦИТЕ, а јасно е кој е председател на ДПМНЕ,тој истиот што веднаш излезе со конструкции за организаторите.Сега МВР сака да ги казни мирните,најавени протестанти,а дивите ненајавени хорди да ги пушти.Можеби некој партиски војнок ќе биде казнет,но генералот ќе се извлече.Има ли некој маж да му каже на Премиерот дека крајно време е да го почитува Уставот. А зашто нема казна за непочитување на Устав?
Од: danis
Датум: 31.03.2009 14:47:25
Nikola se slozuvam so se i jas razmisluvam na istiot nacin ama ne mozam da najdam objasnuvanje kako dojde do ova ogromen procent od narodot da go poddrzuva Crni grujo a od druga strana site denes ziveat poloso! kakov narod takva vlada!
Од: Јас и другите...
Датум: 31.03.2009 14:50:09
Делбите се чита творба на социјализмот, (сети се ...работничка класа,селанство и ЧЕСНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА.../нечесната е изоставена/),па истата ја продолжија и нивните наследници СДСМ. Како го менуваа своето име така го менуваа и обликот на поделбите. Ти и,како тебе таквите,со демагошко парафразирање делбите ги препишувате на друг. Што се однесува за Јади Бурек,Латас и компанија толку многу ги мразиш па од омраза не гледаш дека критиката те отсликува токму тебе.(Препрочитај си го текстот...).Зошто толку ги мразиш?Затоа што кажуваат друга вистина која се разликува од твојата?Не срами се! Нека ти е наздравје твојата нервоза!Има за нервозата лек,да знаеш.Кога ќе ти дојде умот!
Од: done
Датум: 31.03.2009 15:08:08
Господине Гелевски честитки за вашиот коментар, а за Јанко,Латас,Миленко, Томиќ а јас ке додадам и за Тања бумбарката, во нивните емисии сеат само омраза и се главни кривци и растурачи на едниството во Македонија,
Од: new way out
Датум: 31.03.2009 15:33:06
hm...izvinete, jas imam edno prasanje... Gledam deka si go podelivte nasiov makedonski svet na nash i vash - vmrovski i sdsmovski. Pa da prasam: ima li mesto za nas koi ne ja poddrzuvame vmrovskava politika nitu pak se soglasuvame so sdsmovskite gluposti??? Kako e vozmozno se da podreduvate pod: ako ste protiv VMRO-DPMNE, togas ste za SDSM. Aman veke!
Од: sladj
Датум: 31.03.2009 17:37:37
I jas sum na tvoja strana Kolja, ama nemam nadez, ja nemam oddamna. So vreme baraj si azil, ne ja biva zemjata nikogas nemala kapacitet, ama bas nikogas. Toa malce kicma sto sme dobile za vreme na SFRJ dodeka se vleckavme posledni zaedno so Kosovo..go nema vise, Makedonija e na ona deredje na koe i zasluzuva da bide. Isto kako dete koe zivee so losi i monstruozni roditeli..podobro da e sirak ili da bide usvoeno od nekoj sto ke mu dade ljubov, nego da go jade stapot sekoj den. Sekoj roditel ne e dobar i uspesen roditel, toa sto nekako sme dobile nekakva drzavicka, ne znaci deka ke ja i zadrzime. Dobra Nok Makedonijo!

Најди! во Утрински
Насловна
Ректорот забрани расправа
Бакојани го отфрли предлогот на Милошоски
„Телеком Словенија“ нов газда на „Космофон“
„Христијански“ ќотек
Кампањата не ги мотивира колебливите гласачи
Се запали покривот на Македонската опера и балет
Убиство и пет самоубиства за 24 часа
Изборите и буџетарите
Македонија нема да биде заборавена на самитот на НАТО
Избирачки одбори штимале резултати во Тетово
Британска министерка со државни пари најмувала порнофилмови
На кого да му се испрати сметката?
Погром на плоштадот