Број 3093  четврток, 24 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

АЕК идниот месец ќе се изјасни за четврти мобилен оператор

Агенцијата за електронски комуникации до крајот на октомври ќе се произнесе дали во Македонија има простор и потреба за четврти оператор во мобилната телефонија. Ова на вчерашниот прес го изнесе портпаролот на АЕК, Марјан Пејовски, одговарајќи на новинарско прашање. Тој појасни дека во тек е истражување на агенцијата, кое треба да даде одговор на прашањето дали на македонскиот пазар му е потребен уште еден мобилен оператор. Пејовски негираше дека АЕК доставила препорака до надлежното Министерство за транспорт и врски дека има потреба од четврти мобилен оператор.

Во анкетата што деновиве ја спроведе АЕК, со цел да се испита мислењето на корисниците за квалитет на услугите на пазарот на електронски комуникации, било поставено и прашањето за нов мобилен оператор. Дури 77 отсто од корисниците на мобилната телефонија позитивно се изјасниле на прашањето дали сметаат дека има потреба од повеќе компани, кои нудат услуги на мобилната телефонија. Доколку на пазарот се појави нов оператор во мобилната телефонија, 81 процент од анкетираните одговориле дека треба да понуди подобри цени за разговор за да станат негов корисник. За седум проценти изборот на евентуалниот нов оператор би зависел од квалитетот на услугите, а за три проценти подобрите цени за СМС и за ММС- пораките.

Истовремено, дел од постојните оператори сметаат дека на мал пазар, како што е македонскиот, нема простор за повеќе од три оператори, иако од друга страна нагласуваат дека не стравуваат од конкуренција. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 274 пати.

Испрати коментар

Од: Даниел
Датум: 24.09.2009 00:10:08
Нормално е постоечките оператори да валат дека нама место за четврт. И пред да дојде VIP претходните два оператори тврдеа дека нема место за трет...

Најди! во Утрински
Економија
Во август пак паднале буџетските приходи
Евтините кредити ќе стигнат за Нова година
Иако образовани, младите без работа и фрустрирани
ЕЛЕМ ќе го истражува Мариовскиот басен
Половина Македонци на Интернет, 80 отсто со мобилни
„Космофон“ со нов тарифен модел за студентите
Во САД и натаму надомест за невработени
Повисок ДДВ во Србија ќе предизвика хаос?
Австрија не е повеќе даночна оаза
Лозарите обвинуваат
„Дојче телеком“ не исклучува отпуштања од ОТЕ