„Космофон“ со нов тарифен модел за студентите
„Космофон“ понуди нов при-пејд пакет наменет за студентите и за младите од 18 до 28 години. Пакетот Х-ТРА овозможува унифицирана цена за сите повици, пораки и сурфање на Интернет без дополнителни или скриени трошоци, односно цената е 4,5 денари. Компанијата, како што беше најавено на вчерашната прес-конференција, наредните 20 дена ќе спроведе кампања претставувајќи го новиот пакет пред студентите на универзитетите. И постојните корисници, кои имаат меѓу 18 и 27 години, ќе можат да се префрлат на овој тарифен модел. Новиот пакет нуди можност корисниците да активираат и посебен Х-ТРА, СМС-пакет, односно 99 СМС-пораки кон сите мрежи за месечна претплата од 99 денари.
Од компанијата најавија дека процесот на ребрендирање, што е планирано по влезот на Словенечки телеком, треба да почне пред Нова година и оти подготовките се во тек. (МИА) |