Повисок ДДВ во Србија ќе предизвика хаос?
Доколку владата на Србија биде принудена да го зголеми ДДВ за да го надополни кусокот во буџетот, според мислењето на економските експерти, целосно ќе го уништи паднатото стопанство. „Зголемувањето на ДДВ ќе значи целосен крах на српското стопанство“, смета претседателот на Здружението „Стопанска преродба на Србија“, Миодраг Николиќ Феман.
„Моментно работи само 15 отсто од стопанството, а ако го зголемат ДДВ, и тоа што работи ќе застане. Новиот пристап стопанството да ги плати државните побарувања во рок од три месеци, а истовремено да чека од 120 до 180 дена на наплатата на своите побарувања од трговските тајкуни, бидејќи им го дозволи тоа државата, покажува колку државата се грижи за стопанството. Јавните претпријатија, исто така, доцнат со уплатите, а без раст на стопанството, нема зголемување на БДП, кој е услов за економска и финансиска стабилност на земјата. Тоа ќе доведе до хаос, нови отпуштања работници и масовни протести, што и вака се очекуваат“, потенцира Николиќ. (Глас јавности - Белград) |