Австрија не е повеќе даночна оаза
Виена - Австрија повеќе не се наоѓа на листата земји што не ги применуваат меѓународните даночни стандарди. Ова го покажа ажурираната сива листа на државите на Организацијата за економска соработка и развој, на која како даночна оаза се' уште фигурираат Андора, Лихтенштајн, Монако, Сан Марино и Швајцарија. Австрија е отстранета од сивата листа откако со 12 држави потпиша договори за избегнување на двојното оданочување, односно за размена на информации за спречување на евазијата. Црната листа ги вклучува земјите што не направиле ништо за да ги усогласат стандардите со оние на ОЕЦД, на сивата се оние што делумно ги исполнуваат, а на белата листа се сите држави што значително ги промениле законите во согласност со меѓународните даночни стандарди. (Макфакс) |