Број 3093  четврток, 24 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Евтините кредити ќе стигнат за Нова година

Банките годинава, поради процедурата, најверојатно, ќе успеат да повлечат само по една транша

Соња Маџовска



Фирмите кои во последен обид да ја поправат ликвидноста навалија на евтините кредити тешко ќе стасаат до нив, барем годинава. Мал број фирми ќе се офајдат од евтините заеми со камата од 6 отсто. Според објаснувањето од банкарски кругови, банките годинава ќе успеат да повлечат како прва транша само по 3 милиони евра од Европската инвестициона банка. Интересотод страна на фирмите е огромен, велат банкарите. Секојдневно им стасуваат нови барања, но приоритет им се дава на постојните клиенти на банките.

Во НЛБ Тутунска банка потврдуваат дека има голем интерес за оваа кредитна линија. Од оваа банка очекуваат првата транша од ЕИБ, преку МБПР да ја побараат на почетокот на октомври, но не сакаат да прогнозираат кога парите ќе стигнат до фирмите, со оглед на тоа што ЕИБ има максимален рок од 4 месеци за да ги одобри проектите.

„Секој ден стасуваат нови барања и проекти за кредитната линија од ЕИБ. Има интерес и од постојните клиенти на банката, и од нови клиенти. Банката ги разгледува можностите пред се на своите клиенти, но понудата важи и за другите фирми кои се интересираат. Во тек е собирање на барањата за двете компоненти, приоритетни и за мали и средни фирми. Само за едната компонента правата транша ќе изнесува 4,5 милиони евра, со оглед на тоа што ЕИБ учествува со 75 отсто, а 25 проценти се средства од банките. Најголем интерес има за заемите наменети за трајни обртни средства, за набавка на опрема и изградба на нови објекти“, објаснуваат од НЛБ Тутунска банка.

Иако Владата упорно најавуваше дека годинава ќе влезат 100 милиони евра во стопанството од оваа кредитна линија, сега целиот проект, како главна антикризна мерка, ќе стигне задоцнето.

И оние компании кои ќе имаат среќа да влезат во првата транша, сепак, на парите ќе мора да почекаат. Овие барања треба да поминат неколку филтри. Прво кај банките, каде што ги поднесуваат проектите, а потоа и ЕИБ во рок од четири месеци треба да ги разгледа и да даде виза, по што парите ќе бидат префрлени на сметка на МБПР. А таа пак, ќе им ги префрли на банките, преку кои ќе оди дистрибуцијата на овие средства.

Инаку, и натаму остануваат голем број дилеми за фирмите, кои услови треба да ги исполнат за да дојдат до евтините кредити. Тие на средбите со претставниците од МБПР постојано прашуваат како долгорочно ќе им се менуваат условите, каматите, банкарските провизии и осигурувањето на кредитите кои се пропишани од ЕИБ. Најголем проблем за нив е каматата. Првата година таа е фиксна и ќе изнесува 6 проценти, ама проблем е што таа секоја наредна година ќе се менува и ќе се определува според принципот, 5 отсто фиксна камата, плус Еурибор.

Од почетокот на кризата фирмите постојано се жалат дека најголемиот проблем со кој се соочуваат е недостиг на свеж капитал. Тие д��ри обвинуваа дека домашните банки, кои иако не беа допрени од финансиската криза, ја продлабочија кризата во реалниот сектор со тоа што покажаа голема резервираност за финансирање на стопанството.

Главното барање на коморите беше да се одблокираат банкарските кредити за стопанството и да се намалат каматните стапки, кои годинава се искачија и до 19 проценти. Од Сојузот на стопански комори објаснуваат дека поради ваквите состојби барале од Владата да субвенционира дел од каматите на банкарските кредити. „Владата се одлучи да земе кредит од ЕИБ, но за ефектите се уште не може да се зборува, бидејќи тие се во фаза на одобрување од банките. Сепак, очекувањата беа дека оваа кредитна линија ќе биде достапна во јули, а сега еве го октомври, а процедурата се уште трае“, коментираат од Сојузот на стопански комори.


#
Статијата е прочитана 657 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 24.09.2009 08:57:54
Rabotava e ne denes -utre

Најди! во Утрински
Економија
Во август пак паднале буџетските приходи
Иако образовани, младите без работа и фрустрирани
АЕК идниот месец ќе се изјасни за четврти мобилен оператор
ЕЛЕМ ќе го истражува Мариовскиот басен
Половина Македонци на Интернет, 80 отсто со мобилни
„Космофон“ со нов тарифен модел за студентите
Во САД и натаму надомест за невработени
Повисок ДДВ во Србија ќе предизвика хаос?
Австрија не е повеќе даночна оаза
Лозарите обвинуваат
„Дојче телеком“ не исклучува отпуштања од ОТЕ