Број 3093  четврток, 24 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Лозарите обвинуваат: Откупот на грозјето годинава е катастрофален

Лозарите обвинуваат дека откупот на грозјето годинава е катастрофален, бидејќи винарските визби не го почитуваат договореното. Според нив, за килограм „вранец“ се нудат од шест до осум денари, а „смедеревката“ се презема на диво, од седум до осум денари. Тие сметаат дека поради ваквата ситуација годинава дивото производство на алкохол ќе биде трипати поголемо од лани. Винарските визби, пак, информираат дека откупот се одвива нормално, без никакви проблеми и според предвидената динамика. „Винарите повторно не' измамија. Сега не ни останува ништо друго, освен да ја завршиме бербата. Грозјето нема да го даваме без пари, ќе се снаоѓаме кој како знае и умее. Во секој случај, трипати ќе се зголеми дивото производство на алкохол“, изјави Љупчо Аризанов, претседател на здружението „Агротиквешија“.

Според него, за „вранецот“ веќе речиси и нема интерес, а извозот како опција не ветува многу зашто е мал бројот на заинтересирани странски откупувачи. Лозарите не планираат повторно да протестираат. Сметаат дека тоа не е решение за проблемот што се појавува секоја година. „Со блокадите на винарските визби сакавме само да постигнеме договор што ќе ги задоволи двете страни. Бидејќи винарските визби не го почитуваа ветеното, можеме единствено да се фокусираме на производството за идната година зашто сегашното секако пропадна“, истакна Аризанов. Откупните цени годинава се малку пониски, се согласуваат од визбите, но причина за тоа е послабиот квалитет на грозјето. „Квалитетот, практично, ја диктира цената. Доколку лани грозјето во просек имаше по 21 шеќерна единица, сега содржи околу 17. Затоа ’вранецот‘ го откупуваме по девет денари, но за родот што имаше над 20 шеќерни единици плаќавме по 12 денари. Откупот, сепак, се одвива според утврдената динамика“, вели Ванчо Кузманов од „Повардарие“. И во винарската визба „Тиквеш“ количествата се преземаат во согласност со планот и склучените договори. Цената на „вранецот“ е пониска од ланската, но на ниво од 2006 и од 2007 година, а на „смедеревката“ е приближно иста како лани, вели директорот Ѓорѓи Петрушев. (МИА)


#
Статијата е прочитана 369 пати.

Испрати коментар

Од: Kolo Diamantot
Датум: 24.09.2009 05:35:21
Dodeka ne mu se sluci nekoja katastrofa od golemite podrumi se ke bide vaka. Nekoji od lojzarite znaat i da go rizikuvat zivotot.
Од: kavadarcanec
Датум: 24.09.2009 08:09:02
Zosto vie kako novinari ne gi proverite izjavite koi gi objavuvate. Seto ova se nevistini. Ne e tocno i za kvalitetot na grozjeto i za cenata. Vo Povardarie duri ne e isplateno ni LANSKOTO GROZJE, a tie davaat izjavi za ovogodisniot otkup. Prasajte na otkupnite punktovi na Povardarie koga ke go isplatatat ovogodisniot otkup-velat ne znaat ni tie.

Најди! во Утрински
Економија
Во август пак паднале буџетските приходи
Евтините кредити ќе стигнат за Нова година
Иако образовани, младите без работа и фрустрирани
АЕК идниот месец ќе се изјасни за четврти мобилен оператор
ЕЛЕМ ќе го истражува Мариовскиот басен
Половина Македонци на Интернет, 80 отсто со мобилни
„Космофон“ со нов тарифен модел за студентите
Во САД и натаму надомест за невработени
Повисок ДДВ во Србија ќе предизвика хаос?
Австрија не е повеќе даночна оаза
„Дојче телеком“ не исклучува отпуштања од ОТЕ