Вејд му обезбеди победа на Мајами
И Двејн Вејд и Кевин Дурант постигнаа над 40 поени, но само Вејд успеа да ја одведе својата екипа до победа. Мајами славеше над Шарлот со 100:96, додека Оклахома, и покрај одличниот ефект на Дурант, загуби од Голден Стејт со 112:102. Кон 41 кош Вејд додаде и осум скока во мечот во кој и бобкетси имаа свои шанси, имаа и водство на четири минути до крајот, но немаа решение за разигрувачот на „жешките“. Голема помош Вејд имаше од Марио Шалмерс кој постигна 15 поени, најдобар поединец во гостинскиот состав беше Џејсон Ричардсон со 24 коша, Емека Окафор оствари дабл-дабл ефект од 19 коша и 12 скока.
Оклахома никако да ја прекине големата серија порази. Го претрпе 19 во дуелот со Голден Стејт, на домашен терен, со 112:102. Вориорси оваа година не изгледаат баш најдобро, а кај тандерси отпатуваа и ослабени со отсуството на Стивен Џексон и Кори Магет. Но, и тоа не им беше доволно на домашните да го забележат само третиот сезонски триумф како што не им бешедоволен ниту одличниот учинок на Кевин Дурант (41 кош и 10 скока). Лидерот во тимот на Голден Стејт беше Андрис Биедринс со 17 поени и неверијатни 21 скок, додека 19 коша и шест асистенции забележа Џамал Крафорд. Покрај Дурант кај Оклахомасе истакна и Нејт Колисон со 15 коша и 10 скока.
Резултати: Мајами - Шарлот 100:96, Мемфис - Хјустон 109:97, Оклахома - Голден Стејт 102:112, Л.А. Клиперс - Орландо 88:95. |