Дисциплинска постапка против Динчиќ
Европската ракометна федерација ќе преземе мерки против српскиот селектор Часлав Динчиќ за неговата изјава дадена на прес-конференцијата по натпреварот со Македонија. ЕХФ побара снимка од средбата со новинарите на која Динчиќ рече дека „ЕХФ не ја интересираат ни ракометот ни ракометарките, туку само парите“ и оти „намерно беа делегирани источноевропски судии само за да испадне Србија“. (Р.Д.) |