Број 2858  среда, 10 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Спорт

Фудбалски вести

Едуардо се враќа против Портсмут

Хрватскиот репрезентативец Едуардо да Силва конечно се враќа на теренот. Се знае и точниот ден. Тоа е 16 декември на мечот со Портсмут. По речиси девет месеци пауза поради скршеница на ногата напаѓачот на Арсенал, како што велат лекарите, е тотално рехабилитиран. Тренира напорно како и останатите играчи на Арсенал, а Арсен Венгер потврди дека е време за акција. „Едуардо на мечот со Портсмут сигурно ќе биде на клупата. Веројатно во вториот дел ќе му дадам шанса, се зависи од развојот на настаните“, вели Венгер.

Кварезма во „Златната канта за ѓубре“



Португалскиот репрезентативец Рикардо Кварезма е добитник на наградата „Златна канта за ѓубре“ за најлош играч на годината во Серија А. Тоа е награда, која ја доделуваат слушателите на емисијата „Катеспорт“ на италијанското државно радио. Кварезма собра двојно повеќе гласови од напаѓачот на Аталанта, Кристијан Виери. Да потсетиме, Кварезма дојде во Интер од Порто за 18,6 милиони евра. Минатата година и таа пред неа „Златната канта за ѓубре“ ја добиваше Адријано.

Адебајор: Заборавете на убавиот фудбал



Напаѓачот на Арсенал Емануел Адебајор по враќањето на својот тим во борбата за титулата и порача на своите соиграчи дека е битно топката да заврши во мрежата, а не начинот на кој тоа ќе се случи.

“Сега сме осум бодови зад Ливерпул и мора да се контролираме. Не треба да се грижиме дали играме убаво, или, не важен е само успехот, а не дриблинзите и додавањата. Мора да се бориме како екипа, само така ќе дојдеме до успеси“, вели Адебајор.

Рафа ја презема клупата на Јуве?



Англиските медиуми наголемо шпекулираат дека Рафаел Бенитез ќе биде новиот тренер на Јувентус. Имено, Шпанецот ги прекина преговорите со управата на Ливерпул за продолжување на договорот, но, како што велат медиумите, причината не била незадоволството од годишната плата од четири милиони фунти, туку планот за селење во Торино. И италијанските медиуми се налепија на ваквите пишувања, потврдувајќи дека се тресе клупата на Калудио Раниери и дека наскоро ќе има промени.


Статијата е прочитана 404 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Богдановски 26. на „Трофеј на Белград“
Русинките не' спуштија на земја
Дисциплинска постапка против Динчиќ
Германија прв полуфиналист на ЕП
„Кометал“ дефинитивно излегува од Вардар
Легендарниот Кевин Мекхејл нов тренер на Минесота
Стојановски го подели петтото место во Риека
Лион и Баерн за превласт во групата Ф
Македонија привилегирана во баражот за СП?
Вејд му обезбеди победа на Мајами