Број 3034  сабота, 11 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Зошто нема понуди за летување во Македонија


Неколку агенции се занимаваат со алтернативен туризам, но нивните понуди се насочени кон странски туристи: манастирот „Трескавец“

Според агенциите, граѓаните ги знаат хотелите или се снаоѓаат за приватно сместување

Миркица Поповиќ

Дали летувањето во Македонија од навика станува луксуз. И ова лето минува без понуди за македонските летувалишта од туристичките агенции во државата. Излозите на агенциите во Скопје привлекуваат со понуди за летување во странство, напамет се знаат хотелите во Анталија или малите места на Халкидики. Меѓутоа, што се случува со оние што сакаат да летуваат во Македонија?

Туристичките агенции имаат единствен одговор дека нема побарувачка за летување во земјата. За класичната понуда за летување во камповите и во хотелите во Охрид, Струга и Дојран не е практично да се плати провизија на туристичка агенција. Од друга страна, пак, претставници од туристичките агенции и од хотелите едногласно велат дека македонските граѓани најчесто заминуваат на летување во земјата во сопствена режија, бидејќи се запознати со хотелите или, пак, се снаоѓаат за приватно сместување преку познати.

Во хотелите во Охрид се' уште најголем број туристи се од нашата држава, што е уште еден индикатор дека, и покрај недостатокот од реклами и промоција за понудите, граѓаните знаат каде да се упатат кога станува збор за избор на летувалиште.

Реакциите од туристичките агенции на прашањето зошто воопшто немаат или имаат сосема сиромашна понуда за некое наше летувалишта, повеќе потсетува на блага критика на цените понудени од тамошните хотели или од приватните апартмани. Ноќевање чини и до 3.000 денари за едно лице, што е речиси идентично, дури и поскапо од цените во странските летувалишта.

Од групацијата хотели „Белви“, „Метропол“ и „Турист“ сметаат дека е потребна поголема промоција, но чекаат помош од Националната агенција за туризам и усвојување на национална стратегија за развој на туризмот. Според нив, нема никаква национална стратегија и хотелите се оставени сами на себе. Од Агенцијата за развој на туризмот имаат поинаков став за прашањето. Тие посочуваат дека промоцијата на македонските хотели, пред се', е насочена кон странските туристи. При тоа, немањето домашни понуди го објаснуваат како непостигнат договор меѓу агенциите и хотелите.

Како што вели Зоран Стрезовски од Агенцијата, на заедничките средби на хотелиерите и туристичките агенции постојано се укажува на потребата за нивна соработка, меѓутоа конечниот исход зависи од самата стратегија на туристичките агенции. „Хотелите и туристичките агенции се, сепак, приватни компании, кои работат на лукративен принцип и не можете да им наредите со кого и како да соработуваат. Меѓутоа, има доволен број позитивни примери, како хотелот ’Радика‘ во Маврово“, вели Стрезовски.

Оскудната понуда, која покажува како маркетинг-службите на македонските хотели ги насочуваат рекламните кампањи, сепак, повторно, главно, е насочена за летување во Охрид и во Струга. Запоставена е гранката алтернативен туризам, која се смета дека би била најдобар начин за промовирање на Македонија во странство. Во Скопје има неколку туристички агенции, кои се занимаваат со алтернативен туризам, но нивните понуди за „сафари“ низ Македонија, историски прошетки, планинарење, пешачки и велосипедски тури, комбинирани со параглајдерство низ земјата, повторно се насочени ексклузивно кон странските туристи.

Независно од немањето туристички понуди, граѓаните со авантуристички дух во своја режија наоѓаат начин да организираат сопствени пешачки или планинарски тури и да ги посетат помалку познатите „егзотични“ места, кои ги нуди државата, а за кои најголем дел од нас дознаваат само преку филмски сцени. Ентузијасти за самостојно патување секогаш ќе има, но зошто тоа не се гледа и како можност за запознавање на граѓаните со државата, и како бизнис-можност од друга страна, останува неодговорено прашање.


Статијата е прочитана 1742 пати.

Испрати коментар

Од: kleopatra
Датум: 13.07.2009 09:35:26
Zosto nema ponudi za MK-(Odgovor) e Zosto nema more Sto da se ponudi,Galicnik li e ponuda
Од: : )
Датум: 13.07.2009 11:37:27
epa podobro da otides vo Galicnik i da uzivas otkolku vo Grcija i da te tretiraat kako gubre
Од: :( До :)
Датум: 13.07.2009 13:10:18
Стварно... В Г��личник, на море... колку убаво тоа звучи! Каква уживанција! Ма... Невидена! Не знам како само пропуштивте да го кандидираме за 7-мо светско чудо!
Од: mimi
Датум: 13.07.2009 14:31:01
Vo grcija i bez pari da e, ne idam !!! razlikite ne se golemi pomegu Spanija, Turcija i Italija ... Mk ima sto da ponudi ama nema koj da raboti ....
Од: mama
Датум: 13.07.2009 15:59:06
Sega se vtariv od Grcija i nikoj ne me tretirase kako gjubre.Prestanete so taa neosnovana omraza prema sekogo koj ne e od Makedonija.e zgroziv od komentarite upateni fo akademik Cvetan Grozdanov,znaci sekoj sto ne misli kako sto mislat ovie na vlast e predavnik.A be kutuci edni namesto sto gi slusate na TV ovie nasi politicari setajte i ne mrazete bez pricina nikogo.Obicnite gragjani i kade i da ziveat ne gi interisira politikata tuku sekojdnevnata ziveacka.A za Ohrid i ohrdisko ne postoi crkva,selo i mesto sto go nemam poseteno i za zal za pogolem stranec me tretiraat tamu otkolku vo drugite okolni drzavi
Од: Goran
Датум: 13.07.2009 16:18:43
A zosto se pravea tie skapi spotovi vi se molam?
Од: od mene
Датум: 13.07.2009 16:45:10
Ne mi se veruva sto citam. Budimpesta, Viena, Rim.... imaat li more?! Pa pak se gradovi prepolni so turisti. I toa, ne samo vo leto, tuku preku celata godina!
Од: london
Датум: 13.07.2009 17:15:28
zato asto nema sto da se ponudi. a nema ni letovi

Најди! во Утрински
Македонија
Натпревари во стрижење и молзење на овци на Бистра
Еднонасочен сообраќај за хаос во Куманово
Во Хераклеја ќе продолжат ископувањата
Во Кочани ќе се менуваат цевките за вода
Три беровски фирми пријавени за загадувањето на Брегалница