Натпревари во стрижење и молзење на овци на Бистра
ГалиЧник - Натпреварувачи од педесетина фарми и стопанства од нашата држава, завчера, на планината Бистра, кај месноста Смрдливи вирови, се натпреваруваа во рачно молзење и стрижење на овци, како и во фрлање камен во далечина. Неколку стотини посетители имаа можност да се запознаат со вештините, умешноста и со мајсториите на овчарите. Исто така, да видат богат асортиман на домашни ракотворби изработени од волна на шарпланинската овца. Организаторот на манифестација „Вардар –Градско“, посетителите ги нагости со печено јагнешко месо, пита, овчо кисело млеко, овчо бело сирење и кашкавал. (К.К.)
|