Број 3034  сабота, 11 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Три беровски фирми пријавени за загадувањето на Брегалница

Иван Бојаџиски


Штип - Свињарската фарма на АД „Жито Малеш“ го предизвикала загадувањето на водите на реката Брегалница на потегот меѓу малешевските села Будинарци и Митрашинци, што се случи на 19 минатиот месец и за тоа свое злосторство против природата заработи прекршочна пријава. Државниот инспекторат за животна средина најави прекршочни пријави и за текстилната фабрика „Алкалоид“ и за рудникот за јаглен „Брик“, и двете од Берово, поради континуирано загадување на најголемата река во Источна Македонија, односно непочитување на прописите за заштита на животната средина. Според Фируз Мемед, директор на спомнатиот Инспекторат, за ваков вид прекршоци казните се движат од 8.000 до 20.000 евра за правните субјекти, односно од 1.400 до 2.500 евра за раководните лица.

„Беровската свињарска фарма, која е со капацитет од 15.000 грла, отпадните води ги собира во три земјени заливи и на истата, во претходниот период, повеќе пати и доставувавме решенија за преземање мерки за спречување на загадувањето на Брегалница, бидејки таа е констатирана како потенцијален загадувач на оваа река. Констатиравме дека критичниот ден, поради обилните врнежи од дожд, заливите се преполниле и се излиле во Брегалница, во чии води било утврдено зголемено количество азот и фосфор и зголемена потрошувачка на кислород за над десет пати. Во исто време, од повеќе места добивавме информации дека водите на оваа река биле загадувани и над локацијата на која се наоѓа свињарската фарма. Со земање мостри утврдивме дека мерките за заштита на животната средина не ги почитувале ниту текстилната фабрика ’Алкалоид‘, како и рудникот за јаглен ’Брик‘. Така, рудникот својата јагленов прав ја депонира на самиот брег на Дунковска Река, која се влива во Ратевска Река, а оваа во Брегалница. Јагленовиот прав слободно патувал низ речното корито, бидејќи не биле поставени задолжителните бариери. Од фабриката ’Алкалоид‘ во водите на Брегалница почесто биле испуштани обоени води од процесите на фарбање, на што малешевци подолго време укажувале“, вели Фируз Мемед.

Според членови на спортско-риболовните друштва од Берово и од Делчево, последното загадување на Брегалница го уништило целиот животински свет на потег долг четириесеттина километри. Фируз Мемед тврди дека сите правни субјекти, кои се лоцирани во близина на Брегалница, имаат обврска да постават пречистителни станици до 2014 година. Владимир Черкезов, државен инспектор за животна средина вели дека Брегалница некогаш била со загаденост од петти степен, а сега е со загаденост од втор степен до селото Оризари кај Кочани, односно трет степен од Кочани до влезот во Вардар. Но, позитивниот тренд не е резултат на зголемената совест за значењето на животната средина на газдите на објектите, туку на фактот дека од триесетина производствени капацитети на овие локации денес работат едвај од пет до шест.


#
Статијата е прочитана 248 пати.

Испрати коментар

Од: Makatur
Датум: 13.07.2009 03:20:11
Ve molam , koga ednas ke se zblizite so vakvi resenija za Rekata Crna. Poveke od 3o godini se zagaduva, mislam duri mnogu poveke od Bregalnica. Pettiot kanal od Sekeranata, Svinjarskata farma od Porodin, REK Bitola i drgi, totalna go unistija ziviot svet vo najdolgata Makedonska reka. Imalo napisi, nema nikakva akcija, znaci ne e pogodena celta. Pozdrav
Од: Бојан
Датум: 13.07.2009 10:00:26
Кога се зборува за загадување на реката Брегалница треба да се спомне и кожарата во Делчево која со години систематски го уништува живиот свет во оваа река. Жално е кога ќе отидеш на риболов место риби да ваѓаш кожи од реката. Некогаш водата знае да биде и со виолетава боја, па не сакам ни да мислам што има во таа вода. Многу е жално. Со оваа свест и однос што го имаме спрема животната средина не знам до каде ќе стасаме.

Најди! во Утрински
Македонија
Зошто нема туристички понуди за летување во Македонија
Натпревари во стрижење и молзење на овци на Бистра
Еднонасочен сообраќај за хаос во Куманово
Во Хераклеја ќе продолжат ископувањата
Во Кочани ќе се менуваат цевките за вода