Број 3034  сабота, 11 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија
Во Хераклеја ќе продолжат ископувањата

БИТОЛА - Речиси еден месец по прекинувањето на ископувањата во античкиот локалитет „Хераклеја Линкестис“ покрај Битола, и гласините дека парите за истражувачкото истражување се предвреме истрошени, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска вчера лично дојде во Битола за да ги демантира гласините. Министерката категорично вели дека ископувањата имаат динамика и дека ќе продолжат во септември со истите сили. Таа вели дека државата само за Хераклеја досега потрошила 20 милиона денари. Без оглед на економската криза и евентуално новиот ребаланс на буџетот, Министерството за култура има пари да продолжи со истражувањето во Хераклеја.

„Финансиите не се проблем во Министерството за култура. Во делот за заштита на културното наследство имаме обезбедено средства. Досега се потрошени 20 милиона денари, а за ископувањата кои ќе продолжат во септември се предвидени уште 10 милиони денари, така што нема да има ниту намалување на кадарот. Повторно ќе бидат ангажирани истите 400 луѓе“, изјави Канческа-Милевска во Битола, по посетата на локалитетот Хераклеја.

Таа е задоволна од досегашните истражувања на овој антички локалитет. „Откриени се повеќе од 2.000 движни предмети. Откриени се бедемот, кружната кула и ранохристијанска базилика, што се врвни резултати кои, се надеваме, ќе дадат насока за понатамошните истражувања. Во август на луѓето ќе им се даде одмор, а од септември повторно стартуваме“, додаде министерката. Таа беше во друштво со првиот човек на Управата за културно наследство, Паско Кузман. (А. Б.)


#
Статијата е прочитана 427 пати.

Испрати коментар

Од: janev
Датум: 13.07.2009 14:41:17
Ovoj lokalitet ne e od vremeto na Aleksandar , pa sepak se vrsat istrazuvana na nego. Kade se kumovite na antikvizacijata da pisat nesto?
Од: kole
Датум: 13.07.2009 15:55:32
Само вие копајте... што повеќе копате, Македонија паѓа се подолу и подолу... нешто смрди тука...

Најди! во Утрински
Македонија
Зошто нема туристички понуди за летување во Македонија
Натпревари во стрижење и молзење на овци на Бистра
Еднонасочен сообраќај за хаос во Куманово
Во Кочани ќе се менуваат цевките за вода
Три беровски фирми пријавени за загадувањето на Брегалница