Број 2985  четврток, 14 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Црвенковски ќе го освежува СДСМ со млади кадри

Старо-новиот лидер е пред една од најсериозните политички битки од кои зависи и неговата и иднината на СДСМ

Билјана Јовановска

И покрај тоа што експретседателот Бранко Црвенковски има само 11 слободни дена пред партискиот конгрес, кој треба да го врати на лидерското место во СДСМ, време за вистински одмор воопшто нема да има. Вчера, тој кусо се појави на „Бихаќска“ колку да испие кафе и да ја почувствува атмосферата, бидејќи изминатите пет години само еднаш или два пати бил на оваа локација. Како и да е, уште неделава сериозно ќе мора да се фати за работа.

Реално, Црвенковски е пред една од најсериозните политички битки во која за противник го има Никола Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ од чиј исход ќе зависи дали искусниот политичар ќе остане во политиката или не. Но, во голема мера од тоа ќе зависи и иднината на најголемата опозициска партија. Не случајно, едни во враќањето на Црвенковски во СДСМ гледаат спас од погрешната политика на популистот Груевски, други, пак, го оспоруваат неговиот кредибилитет, забележувајќи му дека веќе е „истрошен“. Но, во секој случај, неспорно е дека Црвенковски никого не остава рамнодушен: ниту приврзаниците ниту опонентите.

Од пречекот на „Бихаќска“ се виде дека кампањата започна веќе со првото доаѓање на Црвенковски во партијата. Одамна во седиштето на СДСМ немало таква раздвиженост од сопартијци или поддржувачи, па веднаш по заминувањето на новинарските екипи, идниот лидер се спушти уште еднаш во базата. Многумина ова го оценија како добар, позитивен знак.

Во каква партија се враќа лидерот со најдолг стаж? Дали СДСМ навистина е без јасен концепт за обновување? Постои ли раскараност, па главните партиски фаци немаат којзнае каква комуникација и работите не функционираат, а фракционерството им е пред врата... Но, дали станува збор само за наменски подгреана атмосфера или реалност, во многу нешта ќе стане појасно уште на самиот изборен конгрес закажан за 24 мај.

Од тоа како ќе тече и дали Централниот одбор, како највисок партиски орган, ќе ја добие довербата на делегатите на СДСМ или партијата ќе изгласа само лидер кој нема да има легитимни соработници, практично, најмногу ќе зависи дали веќе во јуни на социјалдемократите ќе им се случи уште еден конгрес. Доколку остане сегашниот ЦО, Црвенковски ќе има стеснет простор за погенерална реконструкција на партијата, бидејќи ќе може да кооптира само 10-15 нови члена. Од друга страна, ова би била и поедноставната варијанта за партијата да не се занимава сама со себе, туку да се зафати со конкретни проблеми. Ако, пак, ЦО не добие зелено светло за 4-6 недели, ќе следува нов конгрес на кој би се избирале 70 члена во највисокото партиско тело и девет на Надзорниот одбор. Во меѓувреме, не е исклучено Централниот одбор и да се повлече, се разбира, ако не ја добие довербата.

Кој ќе биде во најтесното раководство, ама и во ЦО на СДСМ, веројатно знае само Црвенковски. Всушност, и тој е во фаза на исчекување одговори од некои нови и млади неоптоварени интелектуалци, на кој ова би им било прво пуштање во политички води, а на кој Црвенковски им понудил шанса за партиско промовирање. Калкулациите кој ќе остане а кој ќе си замине, во случајов, се неблагодарни, но неодамнешната изјава на в.д. претседателот Зоран Заев дека не се битни кадровските решенија, туку решенијата што ќе ги нуди СДСМ за надминување на проблемите навестува потемелни освежувања. За волја на вистината, во изминатиов период јавноста не дозна многу за ангажманот на Магдалена Несторовска или Љубомир Јанев, на пример, а двајцата се потпретседатели на партијата.

Неблагодарни се и прогнозите дали во врвот на СДСМ ќе има место за оние со кои Црвенковски и не бил во најдобри релации. И во минатото тој правел компромиси и носители на високи партиски функции биле и луѓе со кои не бил во некоја љубов, каков што беше, на пример, случајот со Тито Петковски. Искуството од раководењето на Црвенковски со партијата говори дека потенцијалните противници ги држел на око, во своја близина, а ги жртвувал оние кои му биле блиски. Конкретно, личните релации не му биле водилка во кадровската политика, а сега, кога од потезите кои ќе ги влече ќе зависи и неговата и иднината на СДСМ, сосема е јасно дека нема да му проработи сентименталноста, туку ќе го интересира да создаде тим кој ќе биде мотивиран и ќе сака да победи. Тоа нема да биде лесно зашто и за инаугуративниот говор на Иванов, можевме да слушнеме различни партиски реакции. Додека координаторката Цветанка Иванова обраќањето на новиот шеф на државата го оцени како празен и полн со фрази, Ѓорѓи Спасов го пофали.

Во секој случај, повеќе од сигурно е дека Црвенковски ќе мора да ја консолидира партијата, да ја дисциплинира, но не по теркот на ВМРО-ДПМНЕ, зашто кај социјалдемократите тоа не поминува.


Статијата е прочитана 4249 пати.

Испрати коментар

Од: Mirce
Датум: 14.05.2009 00:20:42
POSLEDNA SANSA ! ! ! Za Makedonija,ne za SDSM. Zatoa drugar Brane,vnimatelno,mnogu vnimatelno so kadrovskata politika.Zasileni so novi sili,no treba da se motiviraat i vratat i dokazanite kadri koi vo megjuvreme bea odturnati ili otfrleni,razocarani,no navistina ja sakaat tatkovinata,a i partijata sekako.I ne sakaat da gi gledaat okolu sebe,a najmalku pred sebe onie koi ne dovedoa vo vakva situacija. SEKOGAS NAPRED
Од: jas
Датум: 14.05.2009 00:25:35
Sve (j)e isto...
Од: od toni
Датум: 14.05.2009 00:28:00
tolku prostor ne mu posvetuvavte togas koga za toa sto trebase da bide bese izbran kolku sega. branko se vrati, navistina se vrati.
Од: toshe
Датум: 14.05.2009 00:49:08
Pretsedatelot crvenkovski se vraka vo vistinsko vreme i na vistinsko mesto, na Makedonija i e potrebna silna opozicija koja mnogu brgu ke se vrati na vlast.Crvenkovski na celo na socijaldemokratite ke bide vodecki politicki faktor vo Makedonija.
Од: pece
Датум: 14.05.2009 01:03:00
Znae Branko sto pravi...i ubeden sum ke go povlece vistinskiot poteg i vistinskite kadri ...so novi sili kon pobeda i simnuvanje na ovaa vlast koja ja donese Makedonija kon propast
Од: Aman
Датум: 14.05.2009 01:14:42
Sramota. Namesto ednas zasekogas da se otkazi od politikata posle bezbroj porazi toj uporno se zanesuva. Mozebi od strav poradi mnogu tuzbi za kriminalni i finansiski zlodela saka da bidi vo politikata dodeka se snajdi so nekoj azil vo stranstvo.
Од: steve
Датум: 14.05.2009 02:04:43
24 Maj! Druze Branko mi ti se kunemo, mi ti se kunemoooo da ne ostaviiiis na raat ednas, da se m'knes od politika. Idninata e na mladite. Sto e dosta od tebe, dosta e!
Од: Ana K.
Датум: 14.05.2009 02:30:17
Napred Brane! Samo ti ke doneses nova pobeda, pobeda za Makedonija. So tebe sme
Од: Dragica Lapajkoska-Belchevska
Датум: 14.05.2009 03:44:22
Srecno vracanje vo partijata i ubedena sum deka ona sto ste go zamislile kako da se spasi Makedoniaj i ce uspeete. Samo napred! Dragica
Од: kolin
Датум: 14.05.2009 06:06:21
bash ste mi smeshni!! kako vo egzil da bil crvenkovski ili pak na dolgogodisen adzilak pa sea kje ja spasel drzavava i site nas i sdsm i amerika be..ene go, celo vreme pred nos ni bese, tatko na nacijata bese, no nisto ne stori.ili toa bi znacelo deka za makedonija mu e bash gajle, no za sdsm se kje stori!!i toa mnogu zboruva za "politikata" na sdsm i crvenkovski! budali lugje!!!
Од: mitko veke e osvezen
Датум: 14.05.2009 06:31:15
Branko osvezuva? Brane e kako vetre tajfunce, cim ke duvne se otide vo vozduh.
Од: pozdrav od bitola
Датум: 14.05.2009 07:03:24
Do Branko.....znam deka gi cita ovie komentari Saka li Branko da go reinkarnira sdsm vo Bitola? Neka prvo pocne da gi imenuva koj bea tie sto so svoeto vladeenje vo Bitola napravija da SDSM stane omrazena partija i kaj golem del na simpatizerite a i kaj clenovite.Ne se mnogumina takvi.....Branko,cela Bitola stradase od rakovodnata struktura na REK Bitola sto bese postavena od Pande i Stojko.Ako i ponatamu mislis da tie se kako alternativno kadrovsko reshenie za koga ke dojdeme na vlast,zaboravi deka ke pobedi sdsm vo Bitola.Treba javno,jasno i nedvosmisleno da se ogradis od tie luge i da im se izvinis na cesnite clenovi koi bea meta na tortura od strana na toa rakovodstvo. Postojat plus uste malkumina vo Bitola koi vodat eden nemoralen javen zivot i rabotat vo korist na nasata steta.Dojdi vo Bitola,svikaj sostanok so lugeto od bazata i Tie ke gi imenovaat...pa ostanuva posle samo da ja iscistis partijata od takvite....ili nie ili tie.... pozdrav
Од: Toni Suva Reka
Датум: 14.05.2009 07:27:41
Vo pravo vreme na pravo mesto, so sreka G ne Crvenkovski, samo vie ste edinstveniot konstruktiven politicar sto proizlegol od ovie politicko-retardirani prostori. Razumniot narod i celata intelektuala e pozadi vas, vie ste idninata na edna evropska mk, izlezot od ovaj Grujovski totalitaren rezim i populizam na ruralci i nepismeni kako Zingo,Samak i ostanati refusi od SDSM.
Од: Goran
Датум: 14.05.2009 07:52:32
Pa bi mozel da pocne od samiot sebe.
Од: caki
Датум: 14.05.2009 08:06:36
ko ovci na sol se ovie sdsm namesto kongres i novo rakovodstvo bez starite lopovi na celo so brane tie ili toa e im e vo krv ostanalo ,mladite sdsm ovci treba da kazat stop so ta propoganda i da naprat reformi ko vmro
Од: Трпе
Датум: 14.05.2009 08:36:06
Кој верува во опстанок на Р.Македонија,мора да верува и во способностите на искусниот политичар Црвенковски.Време за губење нема.Под хитно партијата мора да се консолидира со стручни,искусни,способни стари и млади членови во раководството(корумпираните и дволичните да се отстранат, иако дел од отпадот ,навреме се преминати во владеачката партија)Мора да се формира јака опозиција која ке удри на арогантната,неписмена,коруптивна и неспособна власт на мистер Рејтинг која не и мисли добро на државата.Во спротивно Македонија ке биде избришена од картата на Европа.
Од: Strana Gledano
Датум: 14.05.2009 09:13:21
Na Makedonija i treba konstruktivna opozicija, a ne kontrashka opozicija, shto ce napravi vlasta ovie kontra! "Ne cinel govorot na Pretsedatelot", pa neka spremi taa podobar! Za silna partija treba i silni pari, a kakva e situacijava vo SDSM ne bi vlozil nekoj patriot, ako nekoj vlozi vo SDSM toa bi bil nekoj od strana koj ce raboti protiv drzavava. Samo nova opcija se spas za nova jaka opozicija, zatoa shto ako pocni da cisti se shto e trulo vo SDSM na listata e i negovoto ime!
Од: CRNA
Датум: 14.05.2009 09:19:32
Vistinskiot covek, koga pravi nesto , trgnuva od sebe. Pa taka treba i vo slucajov, osvezi ja partijata , trgnuvajki od sebe :)
Од: ivica
Датум: 14.05.2009 09:28:09
brane za edna golema pobeda pobeda za makedonija
Од: koki
Датум: 14.05.2009 09:32:37
ubavo e sto se vraka Branko nazad vo partijata ,no Brane mora da rascistis so mnogu luge vnatre vo partijata na primer vo kisela voda ne mozat da ti ja vodat partijata Cedomir sazdovski Zoran Evrmov Simonovski Blagoja luge koj doma ne si gi sakat nivnite najbliski a ne pak nekoj si glasac koj treba da glasa za SDSM . Poradi takvite luge koj samo se vlecat vo SDSM zaradi da dobijat nekoja funkcija lugeto i duri clenovite na SDSM od revolt ne glasat za partijata . Taka da Crvenkovski morate vednas da deluvate sve sto necini vo SDSM da se izbrka i da se pocne so novi luge luge sto napravili za SDSM sto ja sakat partijata vistinski a ne samo od korist .pozdrav
Од: neopredelen i realen
Датум: 14.05.2009 09:37:33
Edvam cekam da se sluci nesto pozitivno, nesto novo,veruvam samo vo Branko kako silen i izgraden politicar , edinstven vo nasana mala drzavicka.Samo napret, gordo, smelo i dostoinstveno so dobro izbran tim za rabota vo pohod na otkrivawe na site kriminalci koi se krijat pod kapata na VMRO i pod imeto na gospod bog.
Од: bitolcanec
Датум: 14.05.2009 09:42:24
covekot za 4 godini uspea da napravi 240000 nevraboteni,tat aferata 100 milioni marki,nemirite vo gostivar i tetovo so zurkite na albancite i uste mnogu crni raboti,pa vakov covek vo mk nema,zatoa luge bliski na levicata dajte mu ja i poslednata sansa na b.c za da ja dokrajci makedonija.
Од: kira
Датум: 14.05.2009 09:42:54
Se vrakal vo SDSM ,tamo mu bilo mestoto!znaci kako pretsedatel i ne mu bilo??????samo ni go potrosi vremeto!!!Zalno za vistinskite SDMO clenovi doaga manipulatorot.
Од: sd
Датум: 14.05.2009 09:46:19
pocna da im se gleda krajot na instant politicarite. ke gi lapne barakudata. A sitnite politacarcinja, ke gi snajde ona shto gi snaogashe do '99tata... Pobeda za Makedonija
Од: Titanum
Датум: 14.05.2009 10:03:10
Dojde vremeto koga na scena ke go imame najiskusniot politcar vo Makedonija, covek koj sto po poveke od 600godini za prv pat uspesno sozdade, izdigna i odrza nezavisna Makedonija. Sega ni e mnogu polesno koga znaeme deka vo borbata so terorot na diktatorot Gruevski, go imame najdobriot megju najdobrite!!!
Од: Karieristi
Датум: 14.05.2009 10:16:26
Do pozdrav od Bitola: a kakva e tek sostojbata vo Prilep. se se upikani nekoi isfrustrirani i nesposobni tipovi i karieristi, koi nemaat ni kapaciteti ni cesnost , aedina cel im e nivno licno profitiranje i kariera vo partijata. Od takvite licnosti Branko treba da se distancira i oslobodi, ako saka prerodba na SDSM.
Од: TONI
Датум: 14.05.2009 10:35:40
Citam i ne mozam da se nacudam. Luge se odusevuvaat, ke se vrati kormilarot. A be luge, sto se pravite pri oci slepi, pri usi gluvi. Ta istiot toj kormilar upravuvase brod koj ke potonel (spored izjavite na kormilarot) ako isplatel 8 % zadrzani pari na penzionerite. Ta istiot covek lovese oktopod a izgleda toj bese glavata na istiot. TAT, Ramstor , Bacilo, vrabotuvanja, krazbi, korupcija, nevidena kriminalna privatizacija, pustosenje na ekonomijata.Zzarem narodot mislite deka zaboravil. Pa ranite od tie "dela" se uste ne se zarasnati. Ako navistina go sakaat SDSM site (ama bas site) eksponirani "dejci" treba da pojdat vo zaborav. So mladi nekorumpirani clenovi koi sami ke gi vospostavat strukturite vo partijata, ke se ogradat od dosegasnite "aramii", ke pomognat da bidat izvedeni pred liceto na pravdata ima nadez za ovaa besperspektivna partija. Da vidam ne veruvam
Од: moony
Датум: 14.05.2009 10:36:18
kone4no brane se vraka aleluja! veruvam vo tebe i se nadevam na podobro moj sovet e sekerinska da bide vo pozadina ne ja biva zenata toa e.
Од: igor veles
Датум: 14.05.2009 10:45:02
Abe koj mladi kadri od kaj kje gi vadi??? Neli vidovte deka samo partizani go precekaa na bihacka? Za greovi se... Gospod neka vi e na pomos
Од: Daniel
Датум: 14.05.2009 11:02:37
Lele Biljano kakvo dodvoruvanje na Crvenkovski. E sega moze da se kaze. Gospod neka i e na pomos na Makedonija cim se vraka crvenkovski na kormiloto na SDSM.
Од: [email protected]
Датум: 14.05.2009 11:19:23
zemeto go gradonacalnikot na kumanovo za potpredsedatel pa da vidite kako ce se vrati clenstvoto i rejtingot na partijata------
Од: sdsmovec
Датум: 14.05.2009 11:22:17
Citam komentari za sostojbata vo Bitola , Prilep, K.Voda itn. a dali nekoj se zaprasal kakva e sostojbata vo sdsmovskoto Kocani. Koj e kriv sto go izgubivme bastionot i sega treba da gi trpime ovie vmrovcive. Znaete li uste kolku ke gi trpime. Pa najmalku 19 godini , isto tolku , kolku sto tie ne trpea nas. Cao.
Од: Prerodba
Датум: 14.05.2009 11:23:30
Zemja koja ima jaka opozicja e cvrsta zemja. Brane gi pravi najdobrite promenin vo partijata so mladi kadri koi se tuka >Toa se tie kadri sto VMRO i nivnata "politika" gi ostavi bez rabota i onie sto bea prinudeni da si odat od drzavata. Uste ne dosol covekot ni na rabotno mesto a tie veke mu krojat politikla kako da go izbrkaat-Zaboravete gi losite raboti"SE E LOSO".Mozebi Branko ke ja izvede na pat SDSM mozebi ne! Ako na narodot mu e tolku dobro nema da pisuva tolku losi raboti za vodeackite partii vo zemjata ili tie bi bile so pomali cuvstva.Branko e eden iskusen politicar i minatoto za nego bese edna golema skola sto toj ke ja iskoristi vo patot Makedonija da zastane na zdravi noze. Zasto bas Branko?-Zatoa sto toj e najblisku do realnosta vo koja Makedonija se naoga sega . Pa da vidime kako ke bide koga VMRO ke mu bide OPOZICIJA na SDSM???!!
Од: nekoj od EU
Датум: 14.05.2009 11:41:13
Makedonija mi lici celo vreme kako da go igra grckoto oro, ona kako bese 4 napred 2 nazad ili taka nesto; Taka da celo vreme igra i se vrti vo krug. Ova so "vrakanjeto" kako go napravija novinarive nebare Branko bese vo apsaana do sega; eh budali luge, sansa se dobiva vo zivotot samo ednas, ja prokockaa i toj i Grujo, se drugo e "mogao sam bolje"; Za zal, vas vi treba treta opcija, i luge sto barem malku od malku go znaat kapitalizmot i rabotele spored nego-zarem ne celite tamu? Kako moze, luge sto vo svoeto CV nemaat nitu eden raboten den staz nadvor od partija da ve odvedat vo takov sistem? Imate li vie svoja glava da razmisluvate samostojno?
Од: Европска Македонија
Датум: 14.05.2009 11:47:35
Му давам морална подршка на Бранко да создаде добар тим за освојување на власта бидеќи сум сигурен дека Македонија може да има и заслужува подобра влада од оваа на популистот Груевски.Нема дилеми дека се потребни нови лица во СДСМ,но не треба да се претерува,голем противник сум на форсирањето деца во ДПМНЕ.Искуството не се купува туку се стекнува и тоа треба се цени.Добар микс од нови и стари лица веројатно е најдоброто решение.
Од: ПРИЈАТЕЛ НА ШУТРАЦИТЕ
Датум: 14.05.2009 11:54:10
А што нее жив Данте каква инспирација би добил од Бихачка.Замислете едни во чистилиште ( партиско идно докажување) други во пеколот ( партиски опоненти) а трети во рајот( партиски играчи со деформиран рбет ) Величенствена ренесансна комедија во која актери ќе бидат бивши премиери,бивши градоначалници од типот на Бузлески но најповеќе очекувам од напредните младинци од типот на крепката младинка со патерица.
Од: trajanka
Датум: 14.05.2009 12:31:20
цитирам"Искуството од раководењето на Црвенковски со партијата говори дека потенцијалните противници ги држел на око, во своја близина, а ги жртвувал оние кои му биле блиски." И јас во животот имав такво искуство на работа да ме искористуваат и жртвуваат директори кои ми беа пријатели. јас ги почитував а тие ме злоуботребуваа, а на непријателите им угодуваа. А подоцна сватив дека биле голи полтрони и се правеле за да останат директори. Без гордост и достоинство. Затоа НЕ ВЕРУВАМ НА ТАКОВ ЛИДЕР ДЕКА ОД НЕГО НЕШТО ДОБРО ЌЕ ПРОИЗЛЕЗЕ СО СТАРИТЕ ШЕМИ. Впрочем се сложувам со Тони. Не може еден безидеен човек со матно минато да биде конструктивна опозиција.
Од: b
Датум: 14.05.2009 12:33:45
До ШУТРАКОТ НА ПРИЈАТЕЛИТЕ! Младинци! Какви младинци. Младинци се тие што вчера ги гледавме по телевизиите, со пиштоли во раце, а зад нив знамињата на ВМРО. Тоа беше стдентската организација на малото фирерче и иднината на сите шутраци и нивните пријатели!
Од: Kire Milenkoski Prilep
Датум: 14.05.2009 14:03:19
Бранко,сериозно размисли за најнесериозните луѓе од СДСМ во Прилеп,кои тотално ја уништија општинската организација: ГОРАН СУГАРЕСКИ и Благоја ГЕШОСКИ
Од: gotti
Датум: 14.05.2009 15:03:48
Branko-sto ti EGZOTIK-ama izdishan!!!
Од: mene
Датум: 14.05.2009 15:46:10
od konj na magare a i ona nekako kuco, sugavo.... kako i da e ce bide interesno...Cestito neka im e!
Од: Бато
Датум: 14.05.2009 16:10:23
Данте воскресна на Илинденска пред три години,не замислуваме,гледаме во чистилилиште полтронско докажување на партиските војници,во пеколот СТАРИТЕ КАДРИ НА ВМРО и замисли во рајот довчерашни КАДРИ НА СДСМ.Навистина величествена ТРАГИКОМЕДИЈА .А напредната младина ја видовме на медиумите со ПЛАСТИЧНИ ИГРАЧКИ!
Од: Makedonec
Датум: 14.05.2009 20:15:45
До Миленкоски : Престани со глупи индивидуални напади на погрешни места!!!!!! Овде се зборува за враќањето на човекот што секогаш знаел да го направи најдоброто за сите!!!!А не за твојот комплекс од некого!!! Ако има некој способен политичар во нашата држава,верувајте дека е тоа Бранко докажано и видено,затоа ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА ЗА НЕГО!Поздрав

Најди! во Утрински
Политика
Законите не треба да се во интерес на една партија
Непознато каде живее Иванов, Црвенковски се врати во Капиштец
Велјаноски се сели во кабинетот од резба
Реформите успешни, визите зависат од политичка одлука
Би-Би-Си- Македонија на бела шенген-листа
Коце Трајановски и натаму на чело на ЗЕЛС
За Владата спомениците се уметност, а не трошок
Неуспешно помирување на Лека и Тачи