Непознато каде живее Иванов, Црвенковски се врати во Капиштец
Од безбедносни причини не се открива дали претседателот се пресели на Водно
Оливера Војновска
Каде живее новиот македонски претседател Ѓорге Иванов по официјалното стапување на највисоката државна функција? Засега останува енигма дали Иванов со своето семејство, сопругата Маја и синот Иван, завчера се пресели во претседателската вила што ја користеа сите негови претходници - поранешните претседатели Киро Глигоров, Борис Трајковски и Бранко Црвенковски. Или првата вечер како шеф на државата ја помина во станот во Центар. Досегашниот претседател Црвенковски ја напушти резиденцијата на Водно и со своето семејство се врати во станот во Капиштец.
Иванов и Црвенковски завчера, пред почетокот на церемонијата, во американски стил им мавтаа на луѓето кои од паркот „Жена-борец“ им аплаудираа, а потоа секој тргна по својот пат. Иванов од вчера е во официјална посета на Брисел - прва по преземањето на функцијата, откако претходно се сретна со претставниците на верските заедници. Сепак, нема информации каде замина претседателот по официјалната церемонија и по првиот работен ден во новите простории во вилата „Анекс“ на Водно. Советниците од неговиот кабинет велат дека од „безбедносни причини не можат да кажат каде живее претседателот со семејството и додаваат дека наскоро ќе излезат во јавноста со ваква информација“.
Засега не се открива ниту дали првата дама ќе продолжи со својата професија, како што самата изјавуваше дека има таква желба во интервјуата за време на претседателските избори. Маја Иванова (45) по вокација е правник и работи како советник во Агенцијата за цивилна воздушна пловидба. Во нејзината биографија, објавена на сајтот на претседателот, пишува дека зборува течно англиски, во слободното време се занимава со свирење пијано и хармоника. Иванова сака да пишува поезија и има објавено една збирка. Моментно е непознатост дали Иванова ќе сака да го замени мебелот и да ја уреди резиденцијата по свој вкус, се разбира, доколку семејството одлучи да живее на Водно
Своевидна мистерија беше и составот на тимот на претседателот, кој се чуваше во тајност се' до самата инаугурација. Практично, со формалното преземање на претседателската функција завчера беше обелоденет и кабинетот на Иванов, и тоа преку Интернет-страницата на новиот претседател на државата.
Платата на шефот на државата е околу 1.500 евра. Со ребалансот на буџетот, претседателот годинава ќе има на располагање 56.181.000 денари, наместо претход��о предвидените 72.861.000 денари.
Новите работни простории на Црвенковски се на улицата „Огњан Прица“, во близина на зградата во која живее премиерот Никола Груевски и на седиштето на СДСМ на „Бихаќска“. Според Законот за правата на претседателот и неговото семејство, по престанување на функцијата, Црвенковски има право на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја примал. Што значи дека и тој ќе има плата од околу 1.500 евра. Законот, покрај право на канцелариски простор, му дозволува да има и најмногу тројца соработници. Црвенковски како поранешен претседател има право и на лично обезбедување, како и на користење службено возило и возач. Тој има право на материјални трошоци, а средствата се обезбедуваат од буџетот и изнесуваат осум отсто од средствата утврдени во буџетот на актуелниот шеф на државата.
Исто така, тој како претседател на кого му престанала функцијата учествува на државни свечености и манифестации, редоследно по актуелниот претседател, претседателот на Собранието, претседателот на Владата и претседателот на Уставниот суд. Сепак, на поранешниот шеф на државата може, доколку сака, по негово барање да му мируваат правата утврдени со овој закон.
ne znae kade zivee Ivanov, ama normalno za branko znae. I pak posle mnogu nepoznati vo vrska so prvata dama, a od bezbednosni pricini ne se se kazuvalo dali se preselil vo novata vila. Biseri nevideni samo da se popolni stranicata.
Од: jimmy1
Датум: 14.05.2009 05:29:54
Pa neli padna od Mars, a sega da se prilagodi da zivee vo nekoe trlo, pa ovcarot tamu gi stava svoite ovci.
Од: mitko za stalite
Датум: 14.05.2009 06:27:15
Da ne se vratil vo stalata vo seloto od okolinata na Valandovo od koja komunjarite mu ovozmozija besplatno da studira i da gradi kariera za da eden den stane pretsedatel na koj site mu se smeat?
Од: bitolchanec
Датум: 14.05.2009 08:01:13
Aman so toj BC ste se zagrizjile kade se vratil trebashe SHUTKA na nekolku godini za ovie ZLA koi gi ostavi na drzavata...A i ushte nekoi drugi od negovite da mu pravat razonoda so nego i da se treznat...
Од: sp
Датум: 14.05.2009 09:54:40
koja BEDA, koj pretsedatel na 2% firomci...pffffffffffffffff
Од: kris
Датум: 14.05.2009 11:06:01
Абре луѓе БУЛА избраа за Претседател ВМРО-вциве, или Претседател на држава... па што го кријат богати??? Се знае дека Тања бумбарката го натовари со бели бумбари од Митре од Битуше, Македонка од Велес, Алаксандал од Триангла, чичко Југо и останала ВМРО-вска фела... па нека го извадат на видело сиротиот Ѓорге (Џоле кој)...
Од: Red Rose: Za bitolchanec: Branko nema 4 stana
Датум: 14.05.2009 12:26:42
Ako vo drzhavava nekoj napravil zlo toa se vmrovcite,koi vladeat kako huni so Atila na chelo.Razlikata e samo shto od surovina PR-te gi pretvorija vo kostumosani i mashnosani "politichari",no karakternata mizerija i mentalnata matrica im ostanaa genetsko nasledstvo i si go nosat gordo i arogantno.Porasipnichko upravuvanje so tesjko steknatite narodni rezervi na pari nema ni vo najbogatite drzhavi.Nesovesnosta im e glavna odlika vo trkata po trupanje bogatstva i nedvizhnini.Zatoa,"chedniot" Grujo morashe da pravi manevri so "majkino-tatkovi" pari za da go sokrie potekloto na 4-te stana,koi mu se "podarok"od Bugarite za NPK dodeka beshe minister za finansii.Toa shto gi "kupi" na denot na masakrot vo Vejce trebashe da bide kamuflazha "da ne se setat Vlasite",ama pak negovite go otkrija.Mozhe da negira i da lazhe,da plakja bulumenta kvazi-novinari i prodadeni dushi za da go ocrni Branko,ama ne mozhe da bide kako nego ni na son.Poimanjeto na politikata na vmrovski nachin e prodavanje magla.
Од: ПРИЈАТЕЛ НА ШУТРАЦИТЕ
Датум: 14.05.2009 15:38:12
Добро е да се знаат адресите на кого треба да се испорача скоро дваесет годишната фактура за превеслување на народот.Едните со ,,велелепната,, приватизација,продажбата на Телеком,продажбата на диструбуција ЕСМ другите на продажба на Окта и воено профитерство и т.нАдресите се познати а неукоста на овој народ е уште попозната.Поздрав на b=ш изгледа дека длабоко го засегнав.
Од: nekoj
Датум: 14.05.2009 16:52:52
Red Rose vo uloga na branenje na SDSM e kako "ljubco, Bitola" koga gi brani VMRO. Ma da nekoe vreme go snema. Vazno eve drugi go zamenija, komedijata prodolzuva :)
Од: makedonec
Датум: 14.05.2009 21:14:13
јас па си се чудам шо го отварам комуњарскиов весник