Според власта, тие не треба да се сфатат буквално како бикови или шмизли, туку како уметнички дела
Александрија Стевковска
Спомениците што ги финансира Владата се уметнички дела во функција на облагородување на просторот и тие не се голем товар на државниот буџет. Вака вчера се бранеше министерот за финансии, Трајко Славески, на продолжението на општата расправа за ребалансот на буџетот, на Комисијата за финансирање и буџет, од жестоките напади на опозицијата, која останува на ставот дека во време на криза треба да се прекинат непродуктивните трошења, вклучително и градењето споменици.
„Смислата на спомениците не треба да се сфати буквално како бикови, шмизли или просјак, туку на нив треба да се гледа како на уметнички дела што го збогатуваат и облагородуваат просторот. На пример, една Братислава е преполна со скулптури што го создаваат белегот на тој град“, изјави вчера Славески пред пратениците.
За Томе Чинговски од СДСМ, не држат споредбите на Братислава и Скопје.
„Спомениците во другите земји се прават со векови. Нив не ги направила една влада и тоа во време на криза. Ако веќе правите споредба, зошто не го споредите процентот на невработени во земјава со бројот на невработени во Братислава“, праша Чинговски.
Според него, Владата изготвила буџет како да не припаѓа на овој свет.
Вчерашното продолжение на работата на Комисијата за финансирање и буџет продолжи во речиси идентичен амбиент како и во првиот ден. Опозицијата ги преповтори тврдењата дека ребалансот на буџетот е задоцнет, не е кризен и дека остава простор за владина комоција.
„Буџетот на земјава, па и неговиот ребаланс обезбедуваат комоција на Владата. Тој е поставен на стаклени нозе и беше во функција на изборите“, обвини Менде Димевски од СДСМ.
Тој посебно се осврна на делот на средствата кои со ребалансот му се скратени на здравството. „Со ребалансот се намалени сите ставки наменети за превенција на населението од болести, како што се систематските прегледи на учениците, ХПВ-вакцините, набавка на медицинска опрема, а не се намалени средствата за патни и дневни трошоци, купувањето ситен инвентар, комуникација, транспорт, оперативни услуги“, нагласи Димевски.
На ова одговори Славески, според кого некои ставки во медицинските услуги се скратени за да се воведе програмата за лекување ретки болести во износ од 27 милиони денари. „Програмите што се минимално намалени ќе се реализираат во текот на годината и во никој случај нема да биде дове��ена во прашање нивната реализација. Набавката на медицинската опрема е пролонгирана, бидејќи со тоа сакаме да го забавиме темпото на топење на девизните резерви, бидејќи тие машини би биле платени со девизи“, објасни Славески.
Опозицијата останува на барањето Владата да го коригира ребалансот на буџетот, со вметнување социјална компонента и драстично кастрење на сите непродуктивни трошења. Според нив, ребалансот на буџетот и пакетот антикризни мерки се донесени доцна и во нив не се содржани мерки за најзагрозените категории граѓани. Дел од нив забележаа и оти има мало намалување во ставката договорени услуги и стоки.
Пратениците од владејачкото мнозинство сметаат дека предложениот ребаланс на буџетот соодветствува со реалната состојба во државата и оти е донесен навреме. Според нив, антикризните мерки на Владата се донесени транспарентно, во консултација со бизнис-заедницата и рефлексите на некои од нив веќе се чувствуваат.
По завршувањето на општиот претрес, Комисијата ќе ги разгледа доставените 101 амандман по текстот на предложениот ребаланс. Предлог-ребалансот на буџетот за 2009 треба да биде разгледан на пленарна седница најавена за 18 мај.
Site tie so se protiv spomenicite se istite onie jadni dusi so nekeja da ja vidat Makedonija nezavisna uste vo 1991!Zatoa poraka do site Makedonci da ne se voznemiruvaat od komentarite na komunarite oti ako istite tie ja nekat drzavata kolku mozat da gi sakat spomenicite!?Toa e cista logicnost!
Од: misla
Датум: 14.05.2009 03:09:38
se e toa Ok, nasiot narod toa go ceni. postoI jako politicki lobi so kumunisticki manir i princip na dejstvuvanje (revolucionerno) koe ima podrska kaj nekoi novinari i seto toa go miniraat. Znaci imame spomenici za koi se zalaga vladata i nekoi novinari i mediumi koi se protiv. Tuka od nisto nemoze da se zakluci ni da se vidi deka narodot e protiv. Ova ne e ni cudno od toa kakvi ni se mediumite, no i kakva ni e vladata. Za sudot na narodot vo demokratijata ima kriterium, kaj nas toa e ili vladata ili mediumite - kakva ironija...
Од: mitko so dlabocinskoumni misli
Датум: 14.05.2009 06:36:11
Za mene spomenicite ne se nitu umetnost nitu trosok tuku dokazi za padot na moral kaj Makedoncite. Da kradat nesto asolno, ama istorijata na Grcite, koj videl air od toa. Braka Makedonci razmislete za ovoj grev koj sto pravite, nema da ima popraven ispit za nego. I uste edna rabota nikogas ne mu go vrtete grbot na kuvarot.
Од: AHIL69
Датум: 14.05.2009 07:11:31
tocno deka spomenicite se umotnost, ama toa e druga umotnost, ako se tocni naodite na nekoi novinari deka seto toa koshtalo 2.700.000 evra a ne 8.5oo.ooo evra. e togash kako ne e umetnost da "lapnat tolku paricki"
Од: Petre
Датум: 14.05.2009 07:25:26
ne bidue glaven grad na Drzava bez spomenik so javac na konj... e sega ako nekoj misli deka Skenderbeg kako zaednicki spomenik e dovolen togas ne ni treba drug ..inaku i Belgrad go ima i vo Zagreb e postaven... a moze da se diskutira za dimenziite, ako veke ne e odlean...
Од: Трпе
Датум: 14.05.2009 07:33:49
Види мајката,владата на ДрпниПрисвојМатиНатовариЕмигрирај многу си разбира од уметност а не и е познато кое дело што претставува.Велат дека овие непознати дела не биле трошок на буџетот а касата и е празна како озонска дупка.Само префрлат средства од шупло во празно.Се гледа колку домакински работат и до кој степен на сиромаштија го носат македонскиот народ.Сигурно за нив уметност претставуват и предизборните каментемелници.Помина и повеке од еден месец од завршувањето на изборите а не се способни да ги исплатат средствата на членовите на избирачките одбори .Точно дека ова влада има голем капацитет на способностза полнење на сопствените домашни буџети.Народот што си бараше тоа си го најде.Нека им е со срека ваква ЕПП влада.
Од: pero
Датум: 14.05.2009 07:52:09
простете им... сепак се дечиња недозреани...
Од: perica
Датум: 14.05.2009 08:00:17
Posto umetnosta ne e trosok ,predlagam veednas ekspresno da se resi problemot na nevrabotenost , stecajci i taka nataka.Site da pocnat da se bavat so umetnost
Од: mende
Датум: 14.05.2009 08:25:15
GOSPOD ZNAE STO LI SE ZA VLADATA: gratskite avtobusi, kraterite i izoranite patista, zarganiot lunapark, avtobuskite postrojki, hosot vo takanarecen urbanizam, raketarsvoto na ad parkinzi, 1000 evra sistemot na kazni, keyot na vardar, zarganiote mostovi, raskantanata Skopska stara carsija, smrdeata od kanalizacijata na ulica makedonija, parkot na gradot skopje, apishanata za zivotni sto ja vikame zooloska gradina... Seto toa e mizerija na gradot !!!
Од: јована
Датум: 14.05.2009 08:32:05
Импресионирана сум од спомениците.Само ме зачудува што му требаше да нарачуваат споменик-просјак кога нив ги имаме од крв и месо на секој плоштад, што би се рекло во живо.Овај споменик во целост ја оцртува сегашната ситуација во која се наоѓа Македонија,браво за авторот.
Од: Bitola
Датум: 14.05.2009 09:05:50
Bravo TRPE.
Од: dbreak
Датум: 14.05.2009 09:57:54
Bravo TRPE. Shto i da dodadam "slepcite" nema da svatat.
Од: Trajko
Датум: 14.05.2009 10:04:30
Kolku sme smesni i pateticni so ovie spomenici ne sme ni svesni! Ce ne spomnuvaat vo knigite za arhitektura kako primer za diktatorska, angazirana umetnost vo postkimunisticki opstestva. Jas samo ne znam, dali ce ima mesto da se pomine na plostadot od skulpturite???
Од: Pator
Датум: 14.05.2009 10:46:30
ke si kupime umetnost za 10milioni evra..a za stecajcite ne mozat da se odvojat isto tolku sredstva, za luge koj sto po 25godini plakjale pridonesi za ovaa drzava.Ke staneme muzej na otvoreno, unikaten primer za kic i nevkus,mizerija na balkanot
Од: Деда Џоше од Мартиницу
Датум: 14.05.2009 12:31:34
Ими у Мартиницу сматрамо да су кипове уметничка дела!Какој не! Еве ми у Мартиницу немамо кондуре само опанке и то поцепане,и к`ко да дојдемо у наше Скопље ,к`д не види онај чистач има резил да бидне.А матадор џабе играје с`с црвена марама, а бик ни да мрдне.Сигурно је љут на млечну кризу ,затој што су његови роѓаци измузени,и с`г нема кој да им платив бело злато. Нека,може и њега да помуземо к`д ми сточари сатремо ајване,а после да се наредимо на трг до просјака. Да небидне монопол!Затој је пазарна економија....
Од: b
Датум: 14.05.2009 12:45:19
Не сум знаел дека овој босоног економист се разбирал и во уметност. Се справи со финансиите на државава, а сега ке ни го разубави и светот со уметноста.Сирота Македонија!
Од: Aleksandar
Датум: 14.05.2009 13:52:26
Tocno e toa spomenicite se umetnost so ednas se pravi i ostabuva za sekogas ama nekoi luge ne mozat da go sfatat toa ocigledno.Spomenicite vo Bratislava i na sekade vo svetot ne se napraveni od edna vlada ama edna vlada treba da pocne da gi prave oti nie sme samostalna drzava 19 godini ne 120 i nekoj treba da pocne da prave spomenici,stadioni,sali i t.n.Ocigledno ovaa vlada nema namera da bide kako prethodnata t.e. da se fale samo so toa kolku sum na pari ima u kasata na drzavata od koi nie narodo ne videme ni denar a tie pari zavrsat nekade u nekoi dzebovi na kraj.Samo napred trebase nekoj nesto da pocne korisno da prave za ovaa drzava nadevame se deka ke ostanat na vlast uste mnogu godini ili ako ne drugite so ke dojdat da go sledat primero na ovaj sostav.
Од: od olimpia do alexsandar
Датум: 14.05.2009 14:35:40
pretxodnata vlada se falese ima pari vo budeto a alexsandar ne gi vide pa prasajtego gryjo so tajfata toj znaj kolky pari nasledi zato si igra so spomenici a ic ne se sekira sto narodo nema leb pozdraf
Од: nekoj od EU
Датум: 14.05.2009 15:08:16
DA, umetnost na kradenje.
Од: Болен М. Дојчин
Датум: 14.05.2009 15:27:31
Економистите и немаат никакви допирни точки со она што се нарекува Уметност! Потребно е пошироко образование, а и културна надградба, за личностите кои не се занимаваат со уметноста да можат истата да ја разберат. Верувам дека ретко кој од нив знае да наброи пет македонски ликовни уметници, за светските - да не зборувам. Споредбата со Братислава, Прага, или било кој друг Европски град (кој е преплавен со Уметност) е непримерна и е морбидно правдање на Кичот. Неможноста да се разберат Кич-фигурините како уметнички дела е вина на Кич-мамините и татините-лале-скулптори. Отсуството на ликовните елементи и естетските вредности кај овие фигурини е целосно, па затоа и постои неможност за нивно гледање од друг аспект, освен од она што го претставуваат.
Од: patriot do olimpia
Датум: 14.05.2009 15:45:12
e moj narode Makedonski,da ne bese toj Grujo i negovata tajfa koj znae kako ke se vikavme sega.A za budzetot, SDSM-ovcive sami si se iznafalija,mozebi tamu gi vlozija parite od TAT i ostanatite matni zdelki?
Од: emil
Датум: 14.05.2009 17:26:25
DO MITKO.Vo imeto na Aleksandar Grcite kolea
vo Makedonija oni se genociden narod, a nie sme
genocidiran narod. Grcite ne se potomci na Aleksandar. Starite Makedonci imale svoj jazik
pise vo stranski enciklopedii. Denesnite Grci se za nas varvari.Go rusea do temel Kukus.