Број 2985  четврток, 14 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

ИНТЕРВЈУ

Законите не треба да се во интерес на една партија

Ерван Фуере, шеф на мисијата на Европската комисија во Македонија

Тамара Грнчароска

Пред два дена беше инаугуриран новиот македонски претседател. Вкупната власт во земјава сега е во рацете на една политичка опција што би подразбирало добра кохабитација на државниот врв за клучните прашања. Кои се Вашите очекувања особено во поглед на надворешната политика, пред се', околу спорот за името?

Во контекст на претседателот, и покрај тоа што е избран како кандидат на владејачката партија, очекувањата се тој во своите активности да се води рефлектирајќи ја улогата на претседател како претставник на целата земја, на сите, на сите етнички заедници. Ќе биде важно за претседателот да се дистанцира себе си, на некој начин, од влијанието на сите политички партии, за да испрати порака која ќе убеди дека тој сака помирување, промовирање целосна имплементација на Охридскиот договор, која ќе стигне до сите делови од општеството, до цивилните организации, до сите религиозни заедници, но и до нерелигиозните.

Фактот, пак, дека Владата ги доби изборите со мнозинство од гласовите, а претседателот беше избран како владин кандидат, претставува засилување, но и уште поголема одговорноста за Владата да постигне повеќе отколку во минатото и да донесе тешки одлуки кои можеби нема да му се допаднат на јавното мислење, но кои на долг рок ќе се сметаат како интерес на земјата.



Пред четири години честевте за кандидатскиот статус на Македонија. Тогаш земјава изгледаше поблиску до ЕУ отколку што е сега. Од каде дојде до таа промена на перцепцијата?

Да, имавме големи надежи, бидејќи ја гледавме Македонија како успешна приказна во многу области. Тоа беше причината зошто го доби кандидатскиот статус, како признание за напорите и политичките заложби на лидерите, во тоа време, за придвижување напред, за надминување на поделбите од минатото, како и за продолжување на реформите.

Имавте избори во јули 2006 година, по кои, за жал, некои прашања, за кои сметавме дека се раз��ешени во 2001 година со Охридскиот договор, повторно испливаа на површина. Тоа предизвика голема загриженост околу политичкиот дијалог кој не функционираше, како и за вкупната атмосфера која не водеше кон реформите кои беа во интерес на земјата за исполнување на целите за пристапување во ЕУ. Поради тоа, имавме многу работа да завршиме, јас и американскиот амбасадор, да посредуваме во средби, да ги собираме различните лидери заедно. Сега е голем прогрес тоа што лидерите се состануваат и без нас.

Сметам дека е важно да се укаже оти уште повеќе треба да се инвестира за обезбедување стабилен политички дијалог кој ќе гарантира дух на консензус за реформите. Исто така, треба да се обезбеди дека духот на консензусот ќе ја оконча практиката на бојкот, кој го гледаме сите овие изминати години, бојкот на парламентот кој не функционира на начин како што треба да функционира еден демократски парламент. Минатата година Европската комисија ги презентира критериумите - рамката во која треба да се фокусира работењето на Владата. Потоа ги имавме изборите кои го минираа демократскиот кредибилитет на земјата и за мене беа директна последица на многу спротивставената атмосфера која постоеше меѓу сите политички партии.

Но, тоа е минато. Сега треба да гледаме напред и важно е да се научи лекцијата од минатото, а сигурно една од лекциите е дека не можете да постигнете успешни реформи кои ќе имаат влијание врз земјата, и да ги постигнат целите за пристапување во ЕУ, доколку немате стабилна конзистентна политика со сеопфатен политички дијалог. И тоа сега е уште поважно, бидејќи Владата излезе зајакната од изборите. Треба да се направи засилен напор тоа да стигне до опозицијата, до цивилното општество, до медиумите и да се обезбеди дека легислативата која се предлага за усвојување и одлуките кои се донесуваат навистина го рефлектираат интересот на целата нација, а не само на една партија.



Како ги толкувате барањата на верските заедници за промена на Уставот и дали е тоа во духот на европската демократија?

Секоја земја самата определува како сака да биде водена, кој сака да ја води и која е улогата на верските заедници. ЕУ не пропишува како тие работи треба да бидат направени. Но, гледано од перспективата на политичката и историската реалност, Уставот на Македонија гарантира одделеност на државата од црквата и, пред се', ова е мултиетничко и мултиконфесионално општество. И доколку постои намера за обид да се наметне некаков одреден начин на однесување поврзано со религиозната практика и слично, тогаш тоа може да значи дека тој принцип во Уставот може да биде нарушен. Секој обид, од која било политичка група, да ја искористи религијата за политички цели е многу загрижувачки.

Одлуката на Уставниот суд воопшто не беше против религијата. Одлуката беше чисто поврзана со тој закон кој беше донесен набрзина, а не во консултации со сите граѓани.


Македонија организира успешни избори, какви се сега позициите на земјата во поглед на евроинтегрирањето, пред се', за добивање датум за почеток на преговори и визна либерализација?

Последните избори успеаја да ја поправат штетата која беше предизвикана од изборите во 2008 година. И како што подвлече ОДИХР, овие избори исполнија поголем дел од меѓународните стандарди. Секако, овие избори не беа перфектни и особено загрижувачко беше високото ниво на заплашување, пред се', насочено кон вработените во јавната администрација, присилувајќи ги да гласаат за кандидатот на владејачката партија. Тоа, пак, ја нагласува, како проблем, политизацијата на јавната администрација и предизвикот што се поставува пред земјата во таа насока. Сега, кога овие избори се минато и кога по се' преовлада мирна атмосфера, фокусот мора да биде на преостанатите реформи. Комисијата беше јасна, ако биде покажан значаен прогрес во реформите во јавната администрација, во судството, борбата против корупцијата, таа ќе има доволно аргументи да предложи старт на преговорите. Но, секако, тоа може да го направиме само врз основа на конкретен, опиплив, прогрес на теренот.

Нашите совети постојано беа исти: не заборавајте ги реформите, изборите сега се случуваат, но во меѓувреме продолжете да работите на реформите, покажете дека е направен значаен прогрес на техничко ниво, дека реформите одат напред и дека не се троши времето. Сега имаме само уште 4,5 месеци пред нас и секој ден се брои.

За визната либерализа��ија многу се надевам. Многу работа е направена. За ова на Македонија и' е признаено водството и навистина се надевам дека ќе биде донесена позитивна одлука до крајот на оваа година.



Дали овие критериуми се конечни или е можно Македонија да добие некој нов критериум за исполнување, како услов?

Целта на условите од минатата година беше да се насочи работењето на Владата на овие круцијални реформи, кои ќе направат разлика во вкупниот реформски процес, бидејќи тие се сржта на реформите кои се витални за иднината на земјата, за економскиот и за социјалниот развој, како и за политичката стабилност. Тие бенчмаркови денеска се' уште се валидни. Ништо не е додадено и процената на Комисијата ќе се базира врз тие реформи.

Постојат и многу други реформи, но тие ќе треба да се спроведуваат како што земјата ќе оди напред во текот на преговарачкиот процес. Не очекуваме земјата да ги исполни сите реформи од Пристапното партнерство - документот кој беше усвоен минатата година - пред почетокот на преговорите, но би сакале да видиме видлив прогрес во се' што ќе ги забрза преговорите. Но, за препораката за старт на преговорите Комисијата својата процена ќе ја донесе целосно и ексклузивно врз овие критериуми.



Судството е многу критикувано од страна на ЕУ во поглед на потребните реформи. Последен таков случај беше одлуката околу ЕВН. Кој е Вашиот коментар за она што се случува во судството?

Прашањето на ЕВН имаше многу импликации врз многу аспекти на реформите и не е на нас да коментираме специфични легални случаи. Но, она што загрижува е имиџот што се создава поврзано со начинот на кој странските инвестиции се третираат тука. Имаме многу случаи кога странски инвестиции, за жал, почнуваат добро, а потоа завршуваат на многу негативен начин. Многу е важно и е во интерес на Македонија да се обезбеди поголема јасност во условите во кои функционира бизнисот, поголема јасност во поглед на судските процеси, во поглед на спроведување на законите. Да се обезбеди дека постои еднаква клима за сите бизнис-интереси. Да нема фаворизирање на овој или на оној бизнис.

Ова е нешто што ни е многу битно и еден од условите кој се очекува земјата да го исполни е поврзана со подобрување на владеењето на правото и зајакнување на регулативите, со цел да се овозможи бизнисите да работат ефективно и слободно од какво било потенцијално политичко мешање. Поврзано со ова е и целта судството да функционира на независен начин, слободно, без какво било политичко мешање. Ова е во интерес на земјата, не затоа дека така вели ЕУ, бидејќи ако земјата сака сериозно да привлече странски инвестиции, ќе мора да ги увери странските инвеститори дека нивните инвестиции нема да бидат предмет на притисоци.



Од друга страна, Вие застанавте во одбрана на одлуката на Уставниот суд за укинување на веронауката. Што е разликата меѓу овие два судски случаја?

Има голема разлика, бидејќи Уставниот суд е највисокиот суд во земјата и тој е формиран токму за заштита на Уставот и за сите принципи што произлегуваат од него. И тоа е специфичен начин на функционирање на Уставниот суд.

Случаите на странските инвестиции ги инволвираат многу пониските судови. И не се само легалните процедури кои се засегнати тука, туку фактот дека немате јасност во регулативата и дека одлуките се интерпретираат на начин што се менува во зависност од различниот интерес и слично. А, тоа е проблем.



Го одбележавте Денот на Европа. Колку, според Вас, Македонија е европска?

Сто проценти. Тоа не се доведува во прашање. Граѓаните се со цело срце Европејци. Нивната култура, нивниот живот, нивната музика. И поради тоа секогаш апелирам до Владата да го искористи тој силен европски дух што го имате на секое ниво. Мора да се искористи таа енергија за да се придвижи земјата напред на патот кон европските интеграции.



За неколку месеци си заминувате од функцијата амбасадор на ЕУ во земјава. Како Вие би го оцениле својот мандат во Македонија?

Малку е рано да почнам да правам процени, бидејќи се' уште го немам денот на моето заминување. Кога ќе дојдам до тој период, секако, ќе имам многу што да кажам, поврзано со моето гледање на престојот тука. Ќе ми биде задоволство да го направам тоа, но тогаш.



Од каде ја црпевте енергијата да присуствувате на сите манифестации во земјава, од фаќање на крстот во Охридско Езеро, до планинарење и маратони. Вие сте еден од ретките амбасадори кои постојано беа присутни секаде?

За мене многу голем извор е задоволството кое го имам среќавајќи се со луѓето, во кои гледам постоење на голем дух. Ја црпам енергијата од нивната желба, од нивните аспирации и навистина чувствувам дека морам да ја посветам целата моја енергија на исполнување на тие аспирации и на обезбедување дека Владата ќе одговори на тие аспирации на најдобар можен начин. Ја црпам енергијата и од мојот персонал кој секогаш е со мене и сме одличен тим. Оваа земја насекаде има извонредни работи за откривање и секоја долина и планина има нешто што може да се открие.


Статијата е прочитана 1117 пати.

Испрати коментар

Од: boing
Датум: 14.05.2009 02:00:54
Законите треба да се во интерес на една партија kako sto e vo Amerika /Ne gi slusajte Izgubenite Evropljani
Од: Nenad
Датум: 14.05.2009 08:12:00
Ovoj pocna da ni soli um i kako se sudelo i kako se donesuvale zakoni. Navistina preteraa. Zosto ne proveri kakvi se zakonite vo "evropskite" bulgarija i grecija? Neka kaze nesto za toa, lesno e samo da se setas po manifestacii i lapacki.
Од: pance
Датум: 14.05.2009 08:15:55
gos Ervan Fuere pa zar i Vie od evropskava zaednica uste ne Vi stana jasno deka nasava Makedonija moze da odi napred samo so naredbi i direktni dekreti.Popusto Vie se obiduvate da ni kazete nekoi raboti ama gabe sekogas gi vitkate vo klopce a nie sme po malku neuki i ne go razbirame toa klopce,so drugi zborovi i samite gledate koj se se narekuva politicar:lopovi,zatvorenici,prevaranti i Vie so tie pak vo klopce.
Од: Dosta
Датум: 14.05.2009 09:03:47
Eeeee,malku poveke da se slusase ovoj covek,sega Makedonija ke bese mnogu ponapred.
Од: dbreak
Датум: 14.05.2009 09:41:05
Brat, koj te razbira tuka u ovaa zelja tebe. Sekoja cest na isklucocite. Ama tie shto se vo fotejlite, ne im cue ni 2% shto mislish. Da ne imaat neshto u zivot napraveno? Ne be brat, prva funkcija pretsedatel, premier, minister i sl. Pa oni sakaat da e vakva kasha, prostite da gi lazat, i si ja prisvoat drzavata za sebe. Vakvi telinja do sea iskreno nemam videno. A shkoloto na Fuere, cela vlada da se sobere nema da ima ni 50% od nego. pozdrav
Од: b.b
Датум: 14.05.2009 10:30:18
ovoj ne ubeduva deka ,treba da mu veruvame toj sto ke ni kaze,a ne na svoite oci i usi,pa nie koga jadevme so viluski tie vo IRSKA brkaa KOZI PO PLANINITE,
Од: кактус
Датум: 14.05.2009 10:35:09
Човеков стана поголем продавач на магла од локалниве партиски арамбаши. Ем го подржува политичкиот плурализам, ем бил против партиските влијанија врз претседателот и судството. Заборава да каже што е со корупцијата во судството.Тоа изгледа не е важно толку како партиското влијание. Доста кажа доста. Ако го слушаме далеку ќе стигнеме. Не кажа каде.
Од: Terezija
Датум: 14.05.2009 10:40:20
Ova choveche e isto shto i nashiot Amdi Bajram-t.e.negov "kolega",se razbira sekoj vo svojata zemja...Zamislete sega da bevme veke vo Nato i EU.i chlenka na nivnite asocijacii i raznorazni komisii...I G-din. A. Bajram(neka mi prosti shto go zemam kako egzemplar) veke ke beshe "na teren"obavuvajki ja istata uloga na kolegata Fuere,vo nekoja "pozagrozena"zemja od nashava(se somnevam deka ima dr.takva)..Nishto chudno-nitu NEVOZMOZNO?!Samo e mnogu losho koga preterano ke si se "odomakinat"-razbira se shiroko prifateni od Narodnata masa(mn. sme GOSTOPRIMLIVI)i togash pochnuvaat da "azdisuvaat":nekoj saka Mariovsko mlado jagneshko,drug Ohr. Pastrmka a mozi i riba od Radozda a bogami NEKOj i drushtvo na mladi momchinja koi go shetaat i go zapozxnavaat so UBAVINITE na Zapadna Makedonija...Ste slushnale li za onaa pogovorka:"Koga budaliot go onakva zbunetiot.."?Koj ni e kriv koga takva ni e sudbina i posle 18 godishna tranzicija -VECHITO ZBUNETI..?!
Од: someone from EU
Датум: 14.05.2009 14:50:33
Mr.Fuere, I admire your persistence and professionalism, that you keep while trying to successfully complete you role in Macedonia, in such extremely difficult conditions. I could not, so I left, as many other Macedonians. Za ovie nasite: mu se voshituvam kako drzi so profesionalizam i se trudi da si go odraboti ona za sto e praten, vo edno isklucitelno teski uslovi za rabota: nekultura, neciviliziranost, nedemokratija, nepocituvanje, prostotilok, nemanje na domasno vospituvanje, korumpiranost, podkuplivost, bez realna svest za pricinata za svoeto postoenje i deluvanje, bez idejnost, naivnost itn itn. Mislam deka e vreme da se svestite, 21 vek e.
Од: mimi
Датум: 14.05.2009 15:00:43
ja sredija Evropa pa sega Makedonija uste fali ...poima da se nemalo ..
Од: Goce
Датум: 14.05.2009 15:27:49
Znam deka na evropa i fuere im preci sto dojde nekoj koj ja saka Makedonija, no mozam da im poracam deka taa partija dobi ogromna podrska na izborite. Kako i vo sekoja demokratska drzava, taka i vo Makedonija koga ke pobedi edna partija na demokratski izbori, znaci deka graganite stojat pozadi nea i go podrzuvaat nosenjeto zakoni na istata opcija. fuere znam deka preci da sum Makedonec i mojata drzava se vika Makedonija, znam i deka nemozete da go priznaete zloto sto go imate napraveno kon mojot makedonski narod, no toa ne ve osloboduva od toa deka ste omrazeni. DA vo MAKEDONIJA ke se gradat spomenici na svoite HEROI, DA vo MAKEDONIJA ke ima luge koi se grizat za svojata idnina. Dokolku ne vi se dopaga toa odete si DOMA i borete se Severna Irska da stane del od Irska. Pozdrav i se najubavo

Најди! во Утрински
Политика
Црвенковски ќе го освежува СДСМ со млади кадри
Непознато каде живее Иванов, Црвенковски се врати во Капиштец
Велјаноски се сели во кабинетот од резба
Реформите успешни, визите зависат од политичка одлука
Би-Би-Си- Македонија на бела шенген-листа
Коце Трајановски и натаму на чело на ЗЕЛС
За Владата спомениците се уметност, а не трошок
Неуспешно помирување на Лека и Тачи