Неуспешно помирување на Лека и Тачи
Пропадна обидот за помирување на Мендух Тачи и тужителот Даут Реџепи-Лека откако во Основниот суд Скопје 1 беше одложено вчерашното судење. Иако судот констатира дека Тачи уредно ја примил поканата за судење, токму неговото непојавување во судот може да значи дека пропадна можноста тој и тужителот Даут Реџепи-Лека, негов поранешен сопартиец, да се помират.
Неофицијално се дознава дека Тачи не дошол на судење поради презафатеност, односно поради тоа што бил заминат на службен пат, но затоа, пак, извесно е дека следниот месец, за кога е закажано следното ричиште, ќе се одржи главен претрес.
Реџепи го тужи својот поранешен лидер Тачи за клевета, односно за изјава според која Лека, наводно, зел пари за напуштање на ДПА и дека, наводно, тој од парламентарните избори дејствувал субверзивно. Во својата тужба Лека не утврдил висина на надомест за повреда на честа и угледот, но оставил простор тоа да го направи во текот на судењето. (Љ.С.) |