Лондон - Македонија пред сите, а потоа и Србија, како и Црна Гора, „повеќе или помалку“ ги имаат исполнето сите услови за влегување на т.н. бела шенген-листа, објави Би-Би-Си, повикувајќи се на свои дипломатски извори во Брисел.
Како што јави дописникот на МИА од Лондон, укинувањето на визите за граѓаните на овие три земји од Западен Балкан, според тоа, би можело да биде промовирано кон крајот на оваа година или во самиот почеток од 2010, кога би можело да почне слободното патување на граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора низ земјите од Европската унија.
Според објаснувањето на дипломатскиот извор на кој се повикува Би-Би-Си, Албанија и Босна и Херцеговина ќе бидат исклучени од пакетот и од колективно влегување на земјите од овој регион на белата шенген-зона. Владите во Тирана и во Сараево се' уште немаат направено доволно за почеток на процесот за укинување на визите за влез во ЕУ и за граѓаните на овие две земји, наведува Би-Би-Си.
Ova e mnogu golema strateska greska na VMRO. Koga ke vidi narodot kako se zivee vo stranstvo vednas ke prestane da glasa za niv. Ni stotina skulpturi so Bukefal nema da gi spasat.
Од: Boban
Датум: 14.05.2009 08:53:04
vreme bese
Од: Bitola
Датум: 14.05.2009 09:15:16
Gospod da ve slusni,oti nemam 11 godini izlezeno od Makedonija nadvor.
Од: Deni
Датум: 14.05.2009 13:15:40
Mitko e vo pravo.
Од: Tonci-Skopje
Датум: 14.05.2009 14:06:27
Za nishto ne ja biva vladata-da privlece kapital pa sega aj ke molime da ukinat vizi za narodov da se snaogja po svetov,taka e najlesno!Sum bil vo Eu,bez znaenje nema nisto,treba fakultet,plus vizite ako gi trgnat ke imame samo 1 mesec prestoj i toa bez pravo legalno da rabotime.Za 10 god drzavava ke ostane bez mladi lugje.Ne ne biva!!!
Од: nekoj od EU
Датум: 14.05.2009 14:53:39
Super, samo daj boze mnogu mladi da imaat moznost da odpatuvaat, mislam na finansiska; Ke bide lesno za studentite sega da moze da odat na razmena.
A potoa, ke sledi edno goooolemo razocaruvanje. Mitko e vo pravo.