Државната каса е правена како Македонија да се наоѓа на Марс и таму годинава треба да се случува експанзија
Соња Маџовска
Буџетот за годинава стои на стаклени нозе и е правен како Македонија да не е дел од планетата Земја, туку како да се наоѓа на Марс и таму годинава треба да се случува експанзија, а не криза. Ова се коментарите на експертите за годинашната нереална буџетска политика, која ја зацрта Владата и која упорно не сака да ја промени. Експертите веќе подолго време алармираат дека Владата треба веднаш да оди со ребаланс на буџетот, кој ќе биде стокмен врз претпоставки што ќе се случат реално во Македонија, а не врз основа на тоа што посакува Владата да се реализира. Научната јавност, која вчера на јавна расправа дебатираше за буџетската политика во земјава во организација на Фондацијата Институт отворено општество, порача дека треба да бидеме среќни ако годинава имаме раст на домашниот бруто-производ од 2 отсто. Тоа веќе го потврдуваат податоците за падот на индустриското производство, кое оди во минус четврти месец едноподруго, а јасно е дека не можат да се реализираат планираните приходи во буџетот и поради падот на цените на голем број производи.
„Буџетот како што е проектиран сега е правен како Македонија да не е држава на планетата Земја, туку се наоѓаме на некоја друга планета каде што постои експанзија, а не криза. Таму некаде има светска криза, а на Месечината има експанзија, а Македонија е држава на Месечината или на Марс и може да оствари пораст оваа година од 5,5 проценти, зголемување на платите, зголемување на вработеноста, намалување на невработеноста. Буџетот е креиран како да живееме во сосема друга реалност. Колку што е можно побрзо треба да се оди со ребаланс на буџетот, приходите на буџетот да се проектираат врз претпоставки што ќе се случат реално во Македонија оваа година. Ако не се направи тоа сега, ќе мора по изборите, но колку повеќе доцниме, толку повисока цена ќе платиме. Треба да бидеме среќни ако годинава се оствари раст на БДП од 2 отсто“, вели професорот Ванчо Узунов од Правниот факултет.
И Марјан Николов од Центарот за економски анализи смета дека ��реба да има ребаланс на буџетот со кратење на трошоците. „Буџетот за 2009 година е поставен врз неостварливи макроекономски и фискални претпоставки. Штом не се остварливи, тоа значи дека буџетот за 2009 е поставен на стаклени нозе. Тоа значи дека тој не може да се исполни ниту од приходната ниту од расходната страна. Значи, ребалансот ќе оди во промена на самиот волумен на буџетот, и со промени во структурата. Треба да се скусат трошењата и внимателно, врз издржана анализа, да се направи ребаланс на буџетот“, вели Николов. Тој и на опозицијата и' упати конкретен предлог да направи буџет во сенка, за да им докаже на граѓаните со аргументи дека е нереална сегашната државна каса.
Експертите се зачудени зошто Владата толку се плаши да признае дека економската криза е реалност и во Македонија. „Ако не се интервенира веднаш со ребаланс на буџетот, тоа значи дека Владата директно презема фискален ризик. Веќе е јасно дека дел од приходите не можат да се остварат не само по основа на индустриското производство кое перманентно паѓа, туку и по основа на реализација на приходите, поради падот на цените на енергенсите, патнички автомобили, апарати за домаќинство. На микроплан се гледа дека по основа на приходите има тенденција на опаѓање. На расходната страна останува предизвикот за пораст на платите и на пензиите. На крајот тие ветувања пак ќе се реализираат на товар на капиталните инвестиции“, објаснува професорот Абдулменаф Беџети од Универзитетот на ЈИЕ.
И за поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини крајно нелогично и апсурдно е однесувањето на Владата. „Алармантна е ситуацијата со јавната потрошувачка. За жал, во Македонија секоја година имаме избори, по волја на партијата на власт. Тие овој месец нема да можат да ги признаат овие последици, со кои ќе мора да се справат по изборите, поради нивните илузии. Цената што ќе се плати потоа ќе биде поголема. Владата ќе мора да ги заврши овие градби на музеи на восочни фигури, споменици, археолошки ископувања, кои можат да се вршат и по десет години“, вели Хајредини.
За експертите е логично во услови кога имаме експанзивна фискална политика, монетарната да се држи крајно затегната.
Сепак, за професорот Љубомир Шукаров не е јасно зошто НБМ, со последните препораки за проверка на приходите и расходите на секое семејство што бара заем од банките, укажува на работи кои банките и онака ги применуваат. „Невозможно е банките да носат кредитни одлуки, без притоа да ја проверат кредитната способност на оние што треба да ги вратат парите“, вели Шукаров. (С.M.)
Ocigledno e deka toj sto go napisal ova ima poznavanje od budzetot na vselenata.I neka ne se sekira SDSM,posle nivniot raspad,VMRO ke im napravi spomenici vo centarot na Skopje,da go podsetuvaat narodot za nivnoto nekogasno postoenje!
Од: mitko budjet maestro
Датум: 28.02.2009 01:05:17
Prosecniot makedonski glasac e na mnogu nisko prostacko nivo. Lesno se zalazuva so falsifikuvanje na istorija i so sadenje na drvca. Da bese popameten i popismen nemase da glasa za VMRO-ovcive. Nema dovolno mesto vo ovaa kocka da objasnam kolku e anti-narodna ovaa vlast i kolku ke propatite radi toa. Sepak, be ve zamolil so cel ednas da se opismenite da pocnete da gi sledite nejzini cekori. A protiv-narodnite cekori se: pregolem budjet, pregolemo odanocuvanje, nedostatok na socijalni merki (za otpustenite koi ke se javat), pregolem deficit na platniot bilans, nedostatok na investicii, anti-integraciski postapki. Ova e dosta koga ke gi gledate propagandnite nejzini spotovi razmislete za ovie raboti.
Од: Миле, Кр. Паланка
Датум: 28.02.2009 01:21:09
Црно ни се пишува, ама ако така ни треба. РЕВОЛУЦИЈА дами и годпода. Сигурно ЧЕ се превртува во гробот. Откако дојдоа овие на власт бел ден не видовме. ИНВЕСТИЦИЈА стана поим за НАУЧНА ФАНТАСТИКА. Ви се молам, кој разумен и реален Премиер во светот при јасна свест и чиста совест може да излезе пред народот и во ова време да каже: „Драги мои кај нас нема криза!!!“. Апсурдот на живеењето се случува во Македонија. Да беа Ками и Кафка живи ќе напишеа бестселери по урнекот на нашава напатена земја.Сите за Црвенковски, Црвенковски за Премиер!!!
Од: 864
Датум: 28.02.2009 01:22:54
postoi i druga struja na mislenje okolu ekonomijata i taa se zasniva na prodolzhuvanje na zamislenite infrastrukturni opredelbi a ne izbegnuvanje od niv.
Na kraj ke vidime koj e vo pravo no prema vashite napisi izgleda vie se raduvate ako vladata odi na propast.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 28.02.2009 01:47:25
Normalno deka ke ima golem budzet - se nablizuvaat izbori :)) Inaku od kade pari za perenje mozoci na ovcite?
Од: jove
Датум: 28.02.2009 08:01:42
Ne daj boze krizava da potrae 2 godini vo makedonija ke se jademe zivi za parce leb. Site pari sto SDSM domakinski gi zastedi sega gruevski i prijatelite gi trosat kako da gi dobile na lotarija.
ALOO TOA SE PARI NA GRADJANITE na MAKEDONIJA!!!!
Ne mi se veruva deka vo ovie godini skoro i da ne dojde ni eden respektiran politicar vo makedonija.
Gruevski ja unisti drzavata samo makedoncite ne se ni svesni sto im se slucilo.
Bokser premier so koj pamet???.
Prvo izbravte erotski pisatel za premier sega Bokser koj zavrsil vo prilep fakultet.
Од: ljupco,bitola
Датум: 28.02.2009 08:02:25
Цел свет е зафатен од кризата,тоа е факт.Таа нема ни нас да не одмине,и тоа е факт. А како признанието од владата за таквото нешто ќе помогне ич не ми е јасно.Тоа може само да создаде додатна паника кај стопанствениците и банките. .Овие``експерти``тоа го сфаќаат ама не им одговара да го признаат,зошто нивната цел не е да и помогнат на владата во справувањето со кризата,ами тие се платени да сеат магла и страв кај народот.Ребаланс на буџетот најверојатно ќе има,во право време,по истекувањето на првиот квартал од годината.А колкав и во кои стафки тоа ќе одлучат вистинските експерти,кој се во владата.
Од: rvalentino04
Датум: 28.02.2009 08:55:54
Pa nie i ziveeme na Mars!!! Nikoj od maticnata planeta Zemja ne ni dosol vo izminative 3,5 godi, cela Vlada se odnesuva kako da e padnata od Mars....marsovski budzet, marsovska ekonomija, marsovsko sudstvo, marsovsko obrazovanie....Mozda e i podobro da sme Marsovci...bar so Grcive kje go resime problemot.....
Од: goran
Датум: 28.02.2009 09:55:09
Neznam so e rabotata so ovaj bedjeti,tolku pameten coek e ama samo se blamira i glupira stalno ko ke zbora za ekonomskata politika na vladata.Sekogas za nego proektite na vladata se neostvarlivi,taka bese so ramniot danok i vikase deka ekonomijata ke krahirala poradi pomalce prihodi so ke se soberele po osnov na poniskata stapka na danoci .A pak lani ko imase inflacija denarot ke dviral, na krajot nisto ne se sluci od negovite pretpostavki naprotiv predvidvanjata na vladata se ostvarija.Izgleda profesorot treba da odi na predavanje kaj trajko slaveski da douci makroekonomija. A pa onaj drugiot uzunov treba da mu ja zemat titulata,sram za veko e.
Од: remi
Датум: 28.02.2009 10:28:05
Glomazna administracija,,,slab stepen na obrazovanieto,,,od prvaçinja pa do univerzitet,,,,unishtena privatna ekonomija,,,a za industrijata da ne zboruvame,,,,pa treba da se prashaat ovie nashi lepeshkari i pseudo politicari,,,,koj çe ja polni kasata,,,,,treba da gi prostrish nozete kolku ti e jorganot,,,,,,,ja unishtivte drzhavata,,,,smotani,,,,dali ednash çe im vozvratite na narodot za golemite plati shto gi zemate za udobniot zhivot shto go vodite,,,bez nishto da rabotite i bez nikoja odgovornost pa ni moralna,,,sramota da i e,,,,,,
Од: Do ranobudniot RR
Датум: 28.02.2009 10:56:58
Majstore, ke te karaat sefovite, zdocni so komentarot 15min i 48 sekundi :).
A za budzetot, ne znam sto se cudat site?
Pa dali ima nesto poslatko od trosenje na tugji pari?
Од: sime
Датум: 28.02.2009 11:05:58
Kolku sme za ili protiv vladata se gleda od napisive megjutoa realno e deka se zanesovme i so antikata,ne sme se prasale kolku Makedonija moze da se pofali so velikani kako na primer zapadnite drzavi,isto pravime i so ekonomijata.Vladata ozbilno treba da ja priznae globalnata kriza za da ima pomalku posledici.
Од: Ime Kavadarci
Датум: 28.02.2009 11:17:38
Otkako Makedonija pocna da funkcionira kako pravna drzava ,mislam deka nema potreba od zagrizuvanje. Edinstvena negativna strana spored rabotodavcite e toa sto ke nema preku nok bogatenje. Vo sekoja pravna drzava vo svetot site imaat obvrska da si go plakaat dakonot bez ogled na nivnata funkcija. Vo Makedonija do sega danokot go plakaa samo siromasnite. Zatoa ne treba nikoj da se grizi za bugetot. Gruevski e ekonomist i znae sto e najdobro da se napravi .
Од: Delco
Датум: 28.02.2009 12:38:16
Podobro na Mars otkolku na Jupiter, golem zalak! Starata vlast izgubi oti se im bese Sonce, preku teleskopot, od taa dalecina sve izgledase sigurno!
Од: nekoj
Датум: 28.02.2009 13:22:11
Mene mi e preku glava od VMRO-vci, i SDSM-ovci, i od Makedonski "eksperti". Za da pocnes nesto da rabotis i napravis, prvo dovolno e da si covek, a se poleka ke se sredi. No za zal izgleda deka Makedoncite se samo ovci (duri i onoj vo EU), polni so omraza i nepocituvanje. Pa sekoj normalen COVEK bi rekol, dobro vakva kako sto ni e situacijata, ne ne vodi nikade, daj nesto da prevzememe, ne mi treba mene sdsm ii vmro, tuku sposobni, hrabri luge, koi sakaat da postignat nesto vo zivotot! Makedoncite kako narod se mnogu pasivni i mnogu kratkogledi. Pa dobro Mile od Kr.Palanka, sto ti vetija tebe SDSM ako dobijat? Pa luge ne se politicarite koi treba da dobijat, tuku narodot. Politicarot si zema plata kako i sekoj drug i toa e profesija kako isekoja, treba da si ja zavrsi rabotata za sto e platen, ako ne, neka si odi. Preku glava mi e od site vas.
Од: Роби
Датум: 28.02.2009 16:14:54
Буџетот бил на стаклени нозе!!! Па цела Македонија веќе е на стаклени нозе. Нема инвестиции, тие што инвестирале си ги пакуваат куферите, отпуштени работници, пропаднати тендери, очајно глупа администрација, кванташка наместо правна држава ... А ако не се свестиме на време, ќе се свестиме за пар месеци. Кога ќе се собере поголема маса на протести ти треба само ‘космодиск претседател без кичма‘ за да потпише наредба и војска ако треба да го млати гладниот народ.
Од: Vistina
Датум: 28.02.2009 23:01:34
Црвенковски ајде побрзо, овие ја уништија државава. Да зивее демократијата, доле анархијата, да вивее слободата, доле новиот облик на фашизам. Сакаме слобода на медиумите, слобода на говорот. Со страв и ова го пишувам.
Поздрав Демократи колку и да ве има. Предлозете wep каде моземе слободно да размениме милења. поздрав
Од: вистината за г-н Рејтинг
Датум: 01.03.2009 16:17:25
Само отворете ги овие интернет страни и ќе ја видите вистината
http://www.youtube.com/watch?v=y_MnElcbuMg&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=fgfbVcvs_LY