Најголемата поддршка му доаѓа од Брисел, од неговата Ќерка Афрона, која таму живее и студира
Светлана Унковска
Мисија за интеграција не само на Албанците во државава туку и на Македонија во Европа и во европските и НАТО-асоцијации. Тоа е најважната идеја и основниот мотив на претседателскиот кандидат на ДУИ, Агрон Буџаку, да влезе во изборната трка за претседател. Планира да ја исполни оваа мисија, која не сака да ја нарече политика. Вели на тоа се обврзал уште при формирањето на партијата, бидејќи во самиот назив е содржан зборот „интеграција“.
Но, како планира да го оствари тоа кога изминатите неколку години беше целосно повлечен и неактивен во политичкиот живот, сместен во удобната фотелја како член на Управниот борд на „Телеком“?
Дали балканскиот менталитет, сепак, му стана попривлечен од европското искуство што го донесе од Брисел и тоа директно од кабинетот на потпретседателката на белгискиот Сенат, од каде што во 2002 година се врати во Македонија? Неговата политичка неекспонираност ја оправдува со техниката и логиката на фудбалската тактика и вели дека досега не бил истурен напаѓач, туку неговиот селектор го поставил како плејмејкер кој ги мести головите.
„Кога заминав во Белгија, ми требаше многу време да се адаптирам на западната демократија, па кога дојдов овде, ми пречеа многу работи. Ми требаше време тука да се реадаптирам на сопствените простори и веќе повторно го прифатив балканскиот менталитет“, вели Буџаку.
И тој како и сите наши кога ќе заминат во европските земји си го поставувал истото прашање: зошто не можеме да успееме и да го правиме тоа што кај западниот свет успева. На ова вели дека има само делумно одговор, а тоа е дека додека овде со години се справуваме со војни и окупации, кај нив се случуваше ренесансата и индустриската револуција.
За неговата кандидатура за шеф на државата најголемата поддршка му доаѓа од Брисел, од неговата ќерка Афрона, која таму живее и студира. „Таа има 22 години, горда е на тоа што станав кандидат за претседател и ме поддржува, иако многу и не ја интересира политиката. Не знае кој е премиер на Белгија, но таму многу малку се занимаваат со политика. Овде и децата во градинка се тепаат кој е за ДУИ, а кој за ДПА“, вели Буџаку, кој откако е вратен во Македонија, често пати патува за Брисел да ја посети својата ќерка.
Секогаш смирен и со насмевка која потсетува дека, сепак, не се ослободил од придобивките на европската култура и однесување. Неговиот стил на облекувањето стилистите честопати го карактеризираат како модерна класика, а омилени бои му се кафена, сина, бордо и зелена. При посетите на Брисел не пропушта да си купи и гардероба за себе, а најчести брендови што ги носи се „Камел“, „Мелка“ и „Бугати“.
Неговото појавување во јавноста се случи по конфликтот, некаде во мај 2002 година. Неколку месеци подоцна е формирана ДУИ, во која беше еден од основачите, но и дел од најтесното партиско раководството на партијата што произлезе од тогашната ОНА. Малку кој знаеше дека тој не само што доаѓаше од престолнината на европската демократија, туку дека таму беше сместена логистиката на припадниците на ОНА.
„За време на конфликтот во Брисел организирав протести за поддршка на правата на Албанците во Македонија. Додека тогашната министерка за надворешни работи Илинка Митрева престојуваше во Луксембург на средба со министри, јас бев надвор и организирав протести. Митрева потоа држеше прес-конференција, а паралелно и јас одржав средба со новинарите, на која барав поддршка за барањата од воениот конфликт“, се сеќава Буџаку.
По потпишувањето на Охридскиот договор, бил активен во хуманитарна организација која се ангажира за лекување и операции на тешко повредените и инвалидите од воениот конфликт низ европските болници. Доаѓа во Македонија за да види уште колку треба да им се помогне на ранетите, но Ахмети го задржува и по еден месец ја формираат партијата.
Роден е во Дебар пред 52 години, за кој вели дека како град е посебен случај и пример како треба да функционира етничкиот соживот. Оваа своја теза ја поткрепува со фактот дека тамошните Македонци на своите сограѓани-Албанци им се обраќаат на албански јазик, а тие, пак, им возвраќаат на македонски јазик. Основно и средно завршил во родниот град, а по паралелните студии за англиските јазик и надворешна трговија, се вработува во дебарската фирма „Депласт“. Подоцна почнал да предава како професор во средното училиште. Покрај англискиот јазик, одлично ги знае и францускиот и рускиот јазик, добро се служи со италијанскиот и холандскиот.
Со политиката поблиску се запознава во Русија како сведок на перестројката, а потоа и преку независноста на Азербејџан, од каде што потекнува неговата поранешна сопруга. Во една прилика случајно се нашол во Талин каде што учествувал во демонстрациите за независноста на Естонија, а како спомен се' уште го чува малото знаменце, кое како значка го носеле на реверите.
Изборната кампања ја започнува од Струга. На забелешката дали тоа има некаква симболика и значење со актуелните проблеми со учениците, вели дека е погрешен впечатокот.
„Случајно одбравме да биде Струга, како поголема општина на која претендираме. А, проблемите со учениците ќе се решат веднаш, откако ќе завршат изборите. Ова што се случува е само дневна политика, секаде децата се тепаат, но пред избори тоа добива друга димензија. Струга не е ништо подалеку од соживотот што го има во Дебар“, коментира Буџаку.
Нападите во политиката, според него, се нормална работа, иако смета дека во нашиот актуелен политички амбиент секоја идеја се напаѓа од страна на политичкиот опонент поради недостиг од сопствени визии.
Како најголем грев од времето кога беше министер за транспорт и врски во Владата на Бучковски му се припишува продажбата на земјиштето на плоштадот „Македонија“ за 25 евра по квадрат, за кој беше отворен предмет и кај јавниот обвинител. Поради недостиг од докази, не беше започната кривична постапка. Во оваа кампања очекува од политичките опоненти да биде критикуван за овој случај, но вели дека е подготвен и ќе одговори со факти. Со насмевка одговара дека ако направил нешто незаконски, досега ќе имал голема куќа, а нема да живее под кирија, во станот кај својата сестра.
Go spomenuvate Vaseto angaziranje za pomos na ranetite i bolni pripadnici na ONA sto sekako deka e human gest i za pozdravuvanje.No, kolku sto mi e poznato dodeka bevte koalicionen partner na SDSM pomognavte da i mnogu pacienti od Kosovo pripadnici na OVK i drugi kako i ZDRAVSTVENO NEOSIGURANI pacineti(se razbira od Albansko etnicko poteklo) od Makedonija da se lecat vo zdravstvenite ustanovi na Makedonija bilo koristejci tudji zdravstveni legitimacii bilo na drug nacin, se razbira besplatno
Од: E.H.
Датум: 28.02.2009 12:56:00
Agron Buxhaku slaba lichnost, ne go biva nego ni za belgija ni za makedonija, nesposoben, on e chovek za son, i PASIVEN a pasivnosta mue inponirana od nesposobnosta, neka izleze ednach na govornica pa neka kaze neshto, nema teoretski shansi od toa shto e siromasen intelekt, nemozes da go izmeris so ostatokot na DUI koj od kogo e po slab.. Lichen moj stav, ne pripagam partiski,
Од: ADRIAN
Датум: 28.02.2009 18:57:23
G.Buxhaku,poznat mu si na javosna za spektakularni skandali.Taka da od IMER SELMANI,ke bises deklasiran.