Број 2924  сабота, 28 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Стил

„Кожуф“ - јужна скијачка туристичка атракција

Скијачкиот викенд во ски-центарот „Кожуф“ започнува од четврток и трае до недела. Во сабота и во недела дневно доаѓаат и до 1.000 гости

Ангел Данов

 

На надморска височина од 2.000 метри, на Кожуф Планина е распослан новиот скијачки центар во земјава „Кожуф“. Само триесетина километри од најјужниот и најтоплиот дел на Македонија се крие новата македонска зимска атракција. Со посета на овој центар максимално ќе ги „наполните батериите“ и ќе уживате во дарот на природата. Ние го направивме тоа и ви ги пренесуваме впечатоците и новините од новата туристичка атракција во земјава.

Во моментов патеките на ски-центарот се покриени со снежна покривка од над два метра, а во населбата покривката е до еден метар. Патеките се подготвени за сите што уживаат во зимските спортови. Посетителите со кои разговаравме даваат високи оценки за условите што ги нуди центарот, посебно задоволство искажаа од новата современа шестоседечка жичница која е најголема на Балканот и од ски-лифтовите. Над дваесет отсто од посетителите се од Грција, а другите од Македонија. Скијачкиот викенд на Кожуф започнува од четврток и љубителите на зимските спортови уживаат се' до недела. Од центарот ни рекоа дека во сабота и недела дневно доаѓаат и до 1.000 гости. Оваа година центарот располага со стотина легла. Од март ќе се започне со изградба на регионален пат во должина од 16 километри, кој ќе го олесни пристигнувањето од Смрдлива Вода до центарот. Извршниот директор на компанијата, Ангел Наков, не' информира дека веќе бил избран изведувачот, а изградбата на овој пат ќе ја покрие Фондот за магистрални и регионални патишта. Засега до „Кожуф“ се доаѓа единствено по технички пат широк од 4,5 метри. Тие што не сакаат да продолжат со свое возило, од Смрдлива Вода до скијачкиот центар можат да стигнат со минибуси на ски-центарот само за сто денари. Заради максимална безбедност на посетителите, до 12 часот движењето е само во правец кон центарот, а враќањето по 16 часот. Наков најави дека веќе се работело и на изготвување проект за изградба на патен правец кој преку селото Крњево ќе ја п��врзе и Тиквешијата. Изработката на проектот ја финансирала компанијата. Посетителите кои сакаат да уживаат во зимски викенд можат да останат во сместувачките капацитети на центарот, како и во првиот приватен угостителски објект на Кожуф, вила „Тодоров“. Овде се нуди хотелско сместување во осум луксузни апартмани, со комплетна угостителска понуда. Собите се опремени со ТВ-приемник, сателитска телевизија и безжичен Интернет. Појадок и ноќевање за едно лице чини 25 евра. Сопственикот Тодоров вели дека овој објект располага со 32 легла. Најчести гости биле Грците.

„За наредната сезона ски-центарот ќе располага со 1.000 легла, околу 500 легла ќе има во приватните хотели кои ќе се градат, а исто толку планираме да изгради и нашата компанија“, вели директорот на центарот, Ангел Наков, и објаснува дека ова сезона една патека е покриена и со инсталација за технички снег, а во план за наредната сезона се уште три патеки да се покриваат со ваков снег. Досега во изградбата на ски-центарот се инвестирани околу 15 милиони евра, а комплетниот проект се проценува дека чини околу 80 милиони евра.

Еднодневно користење на услугите на ски-центарот чини од 400 до 800 денари, во зависност од тоа колку ски-лифтови и патеки се во функција. За деца од 8 до 14 години се плаќа половина цена, а за најмладите е бесплатно.

Над 50 учесници од Македонија и од околните држави овој викенд ќе бидат дел од Европскиот сноуборд-куп кој традиционално седум години наназад се одржува во Македонија, а годинава првпат на Кожуф. Организатор на овој натпревар е сноуборд клубот „Полар“, кој се јавува како организатор со години наназад, а наедно и организира тренинзи за млади сноубордери и скијачи под водство на 10 лиценцирани тренери. Како што најавува организаторот, за оваа година е предвидено секој ден да има натпревар во различни дисциплини.

Секој викенд, од почетокот на скијачката сезона на патеките на Кожуф скијаат и членовите на скијачкиот клуб Кожуф од Кавадарци. По втор пат во нивна организација ќе се одржи аматерски натпревар во слалом и велеслалом. Претседателот на клубот, професорот по физичка култура, Блаже Велков, вели дека кај младите од Кавадарци има огромен интерес за сите зимски спортови, посебно за скијањето. Тој се надева дека наредната година членовите на клубот ќе можат максимално да уживаат на Кожуф во повеќедневни зимувања.

Првите луѓе кои упорно работат на реализација на проектот замислен како спортско-рекреативен туристички комплекс со целогодишна понуда за туристите, се надеваат дека Кожуф многу брзо, покрај македонска, ќе стане и светска туристичка дестинација. Ова го објаснуваат со тоа дека природата на Кожуф подарила се', извонредни ски- терени, климатски услови и водни ресурси. На Кожуф се судираат медитеранската и континенталната клима. „Предвидената инвестиција ќе даде нова димензија на туризмот, а посебно ќе ја развие и прошири туристичката индустрија на Општина Кавадарци, околните општини и, генерално, целиот јужен и источен дел на Република Македонија. Во план е да се започне со развој на објектите во центарот на планината Кожуф и да се изгради центар со пет ѕвездички кој ги вклучува сите услуги, ставајќи акцент на урбаниот развој и развој на ски-центарот преку летно - зимските спортски активности и активностите од културно- забавниот живот“, велат од ски-центарот „Кожуф“.

Комплексот, кој вклучува повеќе услови, е лоциран на надморска височина од 1.500 до1.700 м, на локалитетот Момина Чука со планински врв Зелен Брег висок 2.208 м, а на 100 м оддалеченост од грчката граница. Комплексот се наоѓа на 33 км оддалеченост од Гевгелија, 148 км од Скопје и 99 км од Солун. Врз основа на периодичните мерења извршени во изминатите осум години, можат да се изнесат просечни податоци за условите на снег во ски-центарот „Кожуф“. Првите врнежи од снег започнуваат во ноември, многу поретко во октомври. Снежната покривка се задржува до средината на април, а во поретки случаи до првите 10 дена од мај. Бидејќи целиот ски-центар е на северна страна, има услови подолго да се задржи квалитетот на снегот, објаснуваат од ски-центарот „Кожуф“.


Статијата е прочитана 1677 пати.

Испрати коментар

Од: R.R.
Датум: 28.02.2009 00:20:16
Kozuf e prekrasno mesto i tek do prva ke se slusne za nego! Treba da sme dosta mudri i da znaeme kako da go iskoristime ova mesto!
Од: strumica
Датум: 28.02.2009 08:29:26
bravo za ski kozuf, prekrasno mesto za zimski sport so mediteranski duh
Од: Vladimir Simonovski, Orlando, Florida
Датум: 28.02.2009 10:00:04
Me raduva sto vo Makedonija se otvoraat novi turisticki centri. Ednostavno, Makedonija ima prekrasna priroda i toa ke treba da se iskoristi vo idnina. Treba da se zemat primeri od razvojot na selskiot turizam vo Hrvatska vo izminative desetina godini, i sekako od Slovenija i Italija, kako nam pobliski i politicki nakloneti zemji. So pametni investicii i dobra reklama Kozuf moze za nekolku godini da stane toa sto e Siera Nevada vo Spanija. Zimski centar na Mediteranot. Seto toa ke mora da se zacini so organizirani poseti do nasite arheoloski lokaliteti i sekako drugi kulturni i prirodni bogatstva, pa zosto da ne i vo sorabotka so Grcija. Ete eden primer na razvivanje dobrososedski odnosi sto mozeme da go upotrebime na megunarodnata scena. Ocekuvam vo idnina i organizirani direktni letovi za nasincite od dijasporata. Toa ke bide uste eden nacin da se potpomogne razvojot na Makedonija so sredstva od nadvor.
Од: Andy
Датум: 28.02.2009 10:43:45
kakov e toj ski centar bez pat do nego. da ne moze sekoj sam da stigne do tamu
Од: mitko
Датум: 28.02.2009 11:52:19
Prasajte go na lopovot od kaj mu se parite za izgradba na ski centarot, krajno vreme e da se bara potekloto na parite na ovoj lopov
Од: Gortan
Датум: 28.02.2009 16:57:45
deneska cekavme 3 saati vo Smrdliva Voda, nemase prevoz i nikoj ne se ponudi da ne odnese do terenite. Ne sum sretnal do sega vakva nezainteresiranost za turistite i turizmot.Se gledame 2015 g
Од: saska, germanija
Датум: 28.02.2009 19:36:34
Ako dobro se sekjavam Kozuv trebase da bide del od cetirite skokalnici vo sklop na novogodisniot kup, spored pastirot i kumasinot. Uste togas se cudev so koj pamet se tresat zeleni taka bez pardon. Skokalnica najubava ova naj ona naj. Ili toa se zaboravi, aj ke se raduvame na ova sega. A i prevozot bil "samo" 100 den. ova 400, 500, kolku se tie sto vo Mkd mozat da si go dozvolat toa zadovolstvo. Poz
Од: tikvesija
Датум: 01.03.2009 15:13:13
ha ha dosta smesno a dali samo so toa se zanimava sopstvenikot na ski Kozuf ili toa mu e samo pokritie za ostanatite kriminalni dela sto gi raboti na Kozuf dali ima nekoj vo ova drzava da vide sto se slucuva tamu????

Најди! во Утрински
Насловна
Грчката амбасадорка сред Скопје бараше забрана за уставното име
Политичко враќање на Агрон Буџаку
Насловна
Бесрамна злоупотреба на Шишков
Зденко
Блуд и разврат
Буџетот за 2009 стои на стаклени нозе
Усвоен планот за изградба на хотели под Кале
Премиерот не го цени туѓото време
Продолжува колапсот на стопанството, нема мерки
Балканска фудбалска лига
Неистомисленици
Зошто секогаш доцниме?