Број 2924  сабота, 28 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Премиерот не го цени туѓото време

Доцнењето на премиерот го нарушува имиџот на земјата, коментираат уредниците на медиумите

Жаклина Хаџи-Зафирова



Скандалозно и навредливо го опишаа новинарите постојаното доцнење на премиерот Никола Груевски, кој задоцни и на петгодишниот помен на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски. Присутните на поменот на гробиштата Бутел, меѓу кои членовите на семејството Трајковски, претседателот Бранко Црвенковски, пратеници, министри, претставници на дипломатскиот кор, речиси половина час на студ го чекаа премиерот за да положат цвеќе на гробот на Трајковски.

Јавноста е запрепастена од доцнењето на премиерот на еден ваков настан на кој му се оддава почит на поранешен шеф на држава. Но, тоа не беше вистинско изненадување за новинарите кои веќе навикнаа да го чекаат на сите настани на кои присуствува тој.

Да се случеше Груевски да доцнеше само на поменот на Трајковски можеше да се сфати поинаку, но очигледно е карактерна особина, бидејќи премиерот доцни речиси секаде, а доцнеше и како лидер на опозицијата, оценуваат припадниците на новинарската фела.

Психолозите велат дека, веројатно, станува збор за карактерна особина на премиерот, кој е тешко да се убеди дека со своето доцнење ги навредува другите. Од Кабинетот на премиерот вчера не добивме коментар за неговото доцнење и на годишнината на Трајковски. Речиси и да не може да се спомне настан каде што премиерот дошол навреме, а од друга страна на безброј настани тој се појавил со најмалку половина час задоцнување, без разлика на важноста на настанот.

Еден од рекордите во доцнењето на премиерот, според она што го кажуваат новинарите, е кога тој задоцнил дури час и половина на пуштање чешма во населеното место Дрма во скопската Општина Гази Баба.

Новинарите паметат дека доцнел најмалку четириесетина минути на одбележувањето на годишнината на Македонската академија на науките и уметностите, каде што биле присутни и странски претставници. Груевски доцнеше четириесетина минути и на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ кога се бираше претседателски кандидат, кога кандидатите и градоначалниците од партијата го чекаа „во строј“ пред Универзална сала. Поранешната амбасадорка на САД во земјава, Џилијан Миловановиќ, и европретставникот Ерван Фуере не еднаш биле сведоци на пробивањето на роковите предвидени во протоколот од страна на премиерот.

Најчудниот случај што го објаснуваат новинарите е оној за време на закажаната средба во хотелот „Арка“ со поранешната американска амбасадорка Миловановиќ и лидерот на ДУИ, ��ли Ахмети, во времето на нивното „помирување“ кога двајцата го чекале Груевски додека тој пиел кафе на долниот кат во истиот хотел.

Но, премиерот знае да задоцни и на „обични“ средби, како што неодамна беше промовирањето на преведените наслови на Градежниот факултет, каде што присутните го чекаа еден час.

„Независно дали денеска е премиер, а утре извршува некоја друга функција, сметам дека доцнењето, особено кога е во неумерени граници, е лоша карактерна особина и непримерно однесување. Тоа не само што лошо влијае на имиџот на премиерот во моментов, туку може да се претвори во парадигма на едно владеење“, коментира главниот и одговорен уредник на весникот „Дневник“, Сашо Кокаланов.

„Груевски со доцнењето оддава впечаток на некој што не знае да си го организира времето. Тоа што во неговиот кабинет свети светлото до доцна не мора да претставува квалитет. Ако сака да го означи своето владеење со бројките 24/7, тогаш воопшто во рамките на тој имиџ на беспоштедна работа за доброто на државата не се вклопуваат доцнења од половина или цел час на настани и средби, каде што неговото недоаѓање на време е во најмала рака навредливо за присутните на настанот“, оценува Кокаланов.

Главниот уредник на весникот „Нова Македонија“, Александар Дамовски, однесувањето на премиерот го оцени како скандалозно.

„Тоа е недозволиво за премиер, што кажува и за нашата држава. Доцнењето може да биде случајно еднаш, двапати или трипати, но штом се повторува, значи дека станува збор за лоша карактерна особина“, вели тој, додавајќи дека премиерот доцнел и како лидер на опозицијата. Со доцнењето, смета тој, премиерот покажува дека не го почитува времето на другите.

Со оваа констатација се согласува и главниот и одговорен уредник на А1 телевизија, Младен Чадиковски, кој вели дека за кој било политичар не е убаво да доцни. „Премиерот со доцнењата покажува дека не го почитува туѓото време, што во западниот свет е недопустливо. Ако сакаат да стигнат навреме, треба да ја збијат агендата, но, како и да е, треба да најдат време да ги завршуваат обврските без да го нарушуваат обврските на другите луѓе“ потенцира Чадиковски.

„Луѓето позиционирани на високи функции мислат дека ништо не може да почне без нив, па затоа се чувствуваат комотно и немаат потреба да дојдат навреме“, вели психологот Весел Мемеди од Тетовскиот универзитет. Според него, тешко е да се сменат навиките на луѓето што доцнат, бидејќи не може да се убедат во сопствените грешки. (Ж.Х.З.)

 


#
Статијата е прочитана 4525 пати.

Испрати коментар

Од: Игор
Датум: 27.02.2009 19:55:31
Груевски мора да биде ѕвезда, а ѕвездите секогаш доаѓаат последни за сите да ги забележат.
Од: R.R.
Датум: 28.02.2009 00:09:13
Vidi vidi ......kasnel! A dali nekoj se zaprasal,dokolku kasni dali e toa so pricina???Ili samo da se kritikuva i da se preuveliciva! I Gruevski barem dosol ,a onie sto ne dojdoa?????
Од: centar
Датум: 28.02.2009 00:13:23
Mislam deka toj covek ne e dostoen ni za komentar, procitan e i kako covek i kako promasuvanje na Makedonija. Posledicite od negovoto sarlatansko vladeenje ke se cuvstvuvaat dolgo! Ovoj covek samiot ke i pomogne na opozicijata da dojde na vlast!!!
Од: Irina,kavadarci
Датум: 28.02.2009 00:18:48
Ajde ajde vie napravivte od muva slon,zakasnal pa sto..?mozebi imal nekoja neodlozna rabota...se fakate za nisto samo da go kritikuvate premierot.
Од: miki maus
Датум: 28.02.2009 00:21:51
i za toa go napadjate?lele sramota
Од: lefkood prilep
Датум: 28.02.2009 00:26:13
sto se cudite drzavava kako docni ili kasni deteto na vreme stigniva sekade,neli?
Од: oliver
Датум: 28.02.2009 00:28:00
Незнам по кој пат се обидувате да го оцрните премиерот, понекогаш ми делува како некој од сдсм да ги пишува статиите.
Од: igor-bt
Датум: 28.02.2009 00:31:36
Prasajte urednikot na Vecer i TV Sitel. Toj sigurno ke reci deka premierot raboti prenaporno i da saka ne mozi da bidi tocen .
Од: makedon
Датум: 28.02.2009 00:31:42
Ajde da pocnime malku poinaku.Se pojavi nesto pozitivno vo Makedonija vreme e da go unistite gospodo kumunjari.No verbata e golema,na vlas treba da se dojdi so idei za podobrona site a ne samo na odredena vrhuska od SDSM.Plukajki kon premierot toa vi e isto kako da ste plukale nagore i znaete kakoke pominite.Tolku mnolgu plukaci ne bilo nikogas.
Од: Dani
Датум: 28.02.2009 00:40:02
Kako ne mu e sram, i toj poslem ke mi kazuva kolku e sposoben. Pa ako bese tolku sposoben ke si najdese i vreme za da ne docni. I ne mozam da svatam kaj zivite ne gi pocituva pa ni mrtvite, toj ni gaolo nema da go saka vo pekolot
Од: Игор
Датум: 28.02.2009 00:43:48
Недостатокот на домашно воспитување и ваквата лоша карактерна особина изискува малку подлабока психолошка опсервација.
Од: Миле, Кр. Паланка
Датум: 28.02.2009 01:30:55
Народе мој напатен. Каков Премиер таква и држава. Доцни за на работа, а светлото навечер го остава да гори за да плаќа сиромавиот ни народ и да мисли дека Премиерот работи до касно. Апсолутно не е точно. Каснењето стана и наше обележје како држава. Касниме во НАТО, касниме за ЕУ, КАСНИМЕ и со УМОТ веќе. Епа крај. Да излеземе на избори и да му ставиме на знаење дека ваков како него не ни го треба. Да гласаме за СДСМ и да го пратиме Грујо на одмор кај Хунзите(ако не закасни за авион, ќе иде во Дојран).
Од: Makedonec vo EU
Датум: 28.02.2009 01:45:43
Docnenjeto e vazen del od Balkanskite obicai, bez koi Balkancite ne bi bile toa sto se. A konkretno za ovcarot, ne e loso nekoj od sovetnicite da go nauci da gleda na casovnik. Sekako, dokolku samite tie znaat :)))
Од: Ace
Датум: 28.02.2009 02:27:27
Dodeka premierot da stigne narodot ke go snema. Vo kratovo i vo poveketo mali gradovi od istocniot del ima po 30 deca vo generacija. Premierot ima golemi stapala ne moze dobro da manevrira, i zatoa docni. No zatoa tuka e stariot Singo koj ne docni, i uste e sposoben da mkne i krade. Bogatiot Lopov uste po bogat, siromaviot mrtov, a se razbira Premierot docni !!!
Од: psihijatar
Датум: 28.02.2009 02:41:42
Ne znam dali e potreben komentar za odnesuvanjeto na Gruevski.Ne e samo zakasnuvanjeto problematicno kaj ovoj covek tuku celoto negovo odnesuvanje kon drugite luge.Toj e vlezen vo nekoj film i kako glaven junak vo filmot ne moze da se snima bez nego.So negoviot odnos tocno gi navreduva onie koi go cekaat no uste poveke se blamira sebe si.Ne e normalno vaka da se odnesuva premier i ako stranskite drzavnici ne komentiraat sepak mislat deka covekov ima problem koj od den na den stanuva se po seriozen.I ako Grujo ne si pobara strucna pomos-psihijatar , ke zavrsi kako mnogu drugi narcisoidni vodaci vo svetov,vo dlaboka depresija koja moze da zavrsi tragicno.Narodot ke go istrpi uste malku no koga ke mora samiot da si se podnesuva ne ke moze i ke se raspadni ke se izede samiot sebe.
Од: Alex
Датум: 28.02.2009 02:58:43
Pa da se znae be koj e glaven. Glaven e Firerot Grujo i site toa mora da go znaat.
Од: Deni
Датум: 28.02.2009 03:44:52
Kako sto gledam,ke zadocni i da se osvesti,deka ja odnel Makedonija vo bezdna.A bogami i nikogas ne bi mu bilo kasno da si otide od segasnata funkcija,pa posle neka kasni kolku saka.Samobendisan.Izlgeda pricinata za kasnenjeto e preteranoto gledajne vo ogledalo.I vezbanjeto na govorite,kade sto e mnogu nedovolno recit i prost. Pozdrav do makedonskiot narod,redno e da se razbudi od zimskiot son i da ja pokaze svojata golemina i edinstvo.
Од: alex ovcarov
Датум: 28.02.2009 04:15:24
Se dodeka premierot raboti po 18 casa dnevno nemate pravo na kritika. Edinstven politicar dosega sto raboti tolku efikasno i naporno za dobroto i razvojot na Makedonija. Gospodine Gruevski jas licno ja cenam vasata maksimalna angaziranost za ovaa mala krevka drzava. So pocit Aleksandar Ovcarov.
Од: kico
Датум: 28.02.2009 04:57:55
On misli deka se raboti za golema licnost i zatoa vredi da se ceka.
Од: gezim
Датум: 28.02.2009 04:58:28
da mu dade pocit na boris trajkovski beshe i ex predsedatelot na albanija alfred moisiu,treba i ova da se napomenuva
Од: Donald Duck
Датум: 28.02.2009 06:13:31
Vo pravo se site urednici novinari okolu zabeleskite deka premierot sekogas docni. Toa go znaat i site ambasadori akreditirani vo nasata zemja. kako i das e treba nekoj od negovite sorabotnici da se osmeli da mu kaze deka taka ne ja biva rabotata.
Од: jimmy1
Датум: 28.02.2009 06:32:31
Zarem prv pat mu e da docni, toa mu e stara navika. Kakov premier takva ni drzava. Dali samobendisan covek mozi da vodi drzava.
Од: trajko
Датум: 28.02.2009 06:38:49
Доцни Груевски-доцни Македонија
Од: ljupco,bitola
Датум: 28.02.2009 08:20:59
Доцнењето на Премиерот е најверојатно од безбедносни причини.Променливиот тајминг и правците на неговото движење се најсигурен начин за неговота безбедност.Гледам дека вие новинарите не покажувате разбирање за тоа. Запрашајте се,а што би правеле за тоа изгубено време додека го чекавте,најверојатно би дремеле бесцелнопо по скопските кафичи и меани,млатејки празна слама.
Од: Trpe 2
Датум: 28.02.2009 08:29:38
Ej,luge ...Kako ne vi e jasno :VELICINATA MORA DA SE CEKA !
Од: no name
Датум: 28.02.2009 08:36:46
Ova ne e samo losa karakterna osobina, tuku i krajna nekultura.So takvo odnesuvanje ne se pokazuva kolku licnosta sto ja cekaat e vazna, tuku kolku taa licnost e nevospitana.
Од: petko
Датум: 28.02.2009 08:54:14
Pa ne e cudo sto i Makedonija docni so vlezot vo NATO sto docni vo evrointegracijata . Eden predlog do novinarite : na zakazana sredba od premierot docnete mu i vie za da vidi deka nee kulturno da te cekeet drugi.
Од: stinzanec
Датум: 28.02.2009 08:56:46
pa utrinski neka mu podari eden racen saat pa beki nema veke da docne
Од: boris
Датум: 28.02.2009 09:33:29
Samo ne znam sto li uste ke napisete samo i samo da se ocrni licnosta na najdobriot lider sto makedonija go imala nekogas? ocigledno dobro poznatata masinerija na sds odlicno si ja vrsi rabotata,
Од: kole
Датум: 28.02.2009 09:35:39
Простете му, сепак е дете...
Од: zelezara
Датум: 28.02.2009 09:41:55
Ne mu e prvpat da kasni,aj da recesh se desilo ednas ajde ama ova mu stana u navika.Toa ja odslikuva kulturata i domasnoto vospituvanje na eden covek
Од: Marko
Датум: 28.02.2009 09:47:06
Имаше еден виц кој велеше ‘аман доста ме браниш!‘. Така и оправдувањето на оној коментатор Љубчо од Битола дека премиерот каснел од беззбедносни причини. А зошто еднаш, БАРЕМ ЕДНАШ премиерот не дојде порано. Токму од безбедносни причини! Затоа што токму навиката за доцнење како правило отвора простор за нарушување на сопствената безбедност. Наместо да го браните, организирајте му курс по БОН-ТОН. Нека и тој курс оди на сметка на народот. Што не платил овој народ за овие 3 години, па и еден курс ќе плати.
Од: Makedonija
Датум: 28.02.2009 09:52:30
Не тоа доцнење,а Вие тоа го знаете тоа е Византиското владеење на Јустинијан....за жал така е....да се надеваме дека ке доцни и за Македонија ако треба да се менува името,а во доцнењето да се премисли дека не треба името на нашата земја да се менува...Никој нема право името на земјата да го менува,па и да е тоа Јустинијан.....Сиромашниот народ ке чека немајте гајле,но народот секогаш дочекува..ниски души се сите тие што мислат дека Македонија нема да е биде,дека Македонија му припаѓа на Никола,или на Бранко .Македонија е наша....после “шоуто“ кај Миленко со Мирка,некои работи веке станаа јасни..дека сите сте заедно Македонија да е нема,ке е има,ама ке ги нема луѓето што се предавници,и тие што убедуваат дека не се предавници.....ибез академско образование заклучокот е исти...знаеме кој и како е предава Македонија на Грција...Бугарија,Албанија.....
Од: realen
Датум: 28.02.2009 09:58:41
Se gleda deka ima uspeh voveduvanje na ministerstvo za informatika.Osven sto najde rabota za ministarot koj ne se realiziral vo svetot se povece junkeri od DRPAME ostavaat komentari kade go velicaat firerot od Prilep.Ako ne im se dopaca vesnikot sto voopsto doadjaat da go citaat.
Од: vvv
Датум: 28.02.2009 10:08:00
Abe slepci zaslepeni i Irina i Miki Maus i red klovnovi- ne zakasnil tuku POSTOJANO kasni.
Од: јас-не-сум-од-рејтингот
Датум: 28.02.2009 10:11:53
Грујо е Грујо. Тој, така е скроен, не може инаку. Вината е кај нас што таков лик може да биде Премиер. Но, не се работи за вина. Станува збор за нашиот природно ни` даден квалитет. Според светецот и тропарот.
Од: Aleksandar
Датум: 28.02.2009 10:32:41
Vidi gi vmrovcinjava zbesnaa, ne smee nikoj da napise loso za nivniot GUJO ha ha ha ha, si go imate VMRO (VECER) vesnikot, odete tamu komentirajte, sto zamarate tuka
Од: Kire
Датум: 28.02.2009 10:42:25
Ama zatoa Stavrevski ne docni ! Koga ne e so Grujo ! Kak da bil porano so SDSM :)
Од: Трпе
Датум: 28.02.2009 10:47:56
Баравте,гледајте.Тоа кажува колку нашиот мистер Рејтинг ја почитува програмата ако воопшто ја и има.Човечето е цар ,а царот пристигнува последен со високи помпи.Н�� ми смета што така го учи и претседателскиот кандидат Џоле.А слатко се изнасмеав на еден убав коментар каде се препорачува на советниците , мистер Рејтинг да го научат да гледа и на часовник.
Од: ljatif
Датум: 28.02.2009 11:15:14
Za negovoto kasnenje golema vina imate i Vie novinarite .Ako go nema za 5-10 minuti odete si vo vasite redakcii pijte si kafe, a nego nema da go ima na vesti i vo dnevnite vesnici da go laze narodot .Taka napravete mu nekolku pati se kladam deka ce se nauci da doagja na vreme ,zato sto nema koj drug da manipulira so ovoj narod.
Од: zap ev
Датум: 28.02.2009 11:15:19
ova samo pokazuva nema disciplina i neslucajno zemjata vo vodi vo haos,ocekuvavme pragovori so grcija i mislevme petka ce vlezeme vo eu i kako sto svoevremneo gastarbajterite og spanija i grcija si zaminaa otkako nivnite zemji vlegoa vo eu i nie istoto ce go storevme no grujo ni zadade udar tvrdoglav propast za mak 30godisni da vodat zemja.
Од: Anja
Датум: 28.02.2009 11:57:07
Za informacija na zabludenite vmrOVCI, nivniot pocituvan, a nedokvakan lider kasni po saat-dva i koga patuva vo stranstvo, kade cela ekipa od sprotivniot protokol e prinudena da gubi vreme po aerodromite i da go ceka samobendisaniot premier, bez pri toa da se javat i da go objavat svoeto docnenje. No DUCE mora da bide cekan, za da se napolni negovoto isfrustrirano ego. Kolku i da go branite(se obrakam do ispranite mozoci na OVCITE), kasnenjeto e odraz na nevospitanost, neobrazovanost i primitivizam. Pa bidejki doaga od Grujo i ne e cudno. Vo maksimum gi poseduva site navedeni"kvaliteti". Sepak zalno e sto celata negova tajfa, i koga poodelno patuva, go sledi negoviot primer.
Од: Vesna
Датум: 28.02.2009 12:24:01
Koga posleden pat ja posetiv Makedonija pred tri godini, cel narod kasnese po najmalce saat-dva, najnormalno. Neznam zosto mu se zameruva tolku na Gruevski: pa covekot barem ima izgovor: politicar e, plus si ima familija covekot. Sto da kazat site bezdelnici po Skopje sto gi vidov sto si kasnea onaka, bezveze?!
Од: K.J. Kavadarci
Датум: 28.02.2009 12:31:25
На сите им е крив Премиерот, впрочем и не се работи за било кој човек, во прашање е Премиерот и да чекаат има кого да чекаат.
Од: Darko
Датум: 28.02.2009 12:38:44
Kasnenje celo vreme znaci NEODGOVORNOST a ne deka bil zafaten, mnogu rabotel ili bezbednosni pricini(kakov idiotizam ne mi se veruva) se dodeka davame alibi za vakvi postapki na liderite nasi, makedonija ide vo pogresna nosoka. bez razlika dali se raboti za grujo, frcko, branko
Од: goce
Датум: 28.02.2009 13:05:10
Od ovaa gledna tocka i Hitler i Milosevic i site drugi diktatori bile potocni od nasiot ni REJTING.....ovde na zapad (EVROPA) docnenjeto e neopravdano i duri i da se docni od bilo koi pricini za kasnenjeto se informira organizatorot ama izgleda TOJ saka site da bidat na noze i da go ocekuvat . Bruka sto drugo da se kaze...Sto znae covekot koj nikogas i ne bil nadvor od Makedonija. Jas ednas spomnav vo eden moj komentar i sega sum se poveke ubeden deka ke bidam vo pravo.... mojata intuicija mi kazuva deka ovaa malo covece od prermier pocnuva veke da toni no za zal ke ja povlece so sebe i drzavata i ke ni nanese nesogledivi steti. Ovie OVCITE nikako da se svestat. GOTOV E!!!
Од: jovan
Датум: 28.02.2009 13:16:13
Незнам по кој пат се обидувате да го оцрните премиерот, понекогаш ми делува како некој од сдсм да ги пишува статиите.
Од: Aтанасија
Датум: 28.02.2009 13:26:21
Pa novinrite,i seta makedonska javnost tebase da sfati deka premierot se odnesuva kako provinciska primadona:vazno e da se zboruva za nea,makar i za toa deka zadocnuva na dogovorenite sredbi.A kakov e toj demohristijanin,koj ne gi pocituva hristijanskite pomeni na covekot koj proizleze od negovata politicka partija i koj se vivna na pretsedatelskoto mesto. I ovoj,i vakvite,koi nemaat pocit ni kon mrtvite ,ni kon zivite, ni kon svoite ni kon gostite treba da ja vodat RM i narodot vo podobra idninaAko pak negovata licna filozofija na odnesuvanje e -neka cekaat i imaat kogo da cekaat,ke treba da se sooci i so druga filozovija na mislenje-na primer,dosta ni e od cekanje.I kogo cekame,i zosto cekame...
Од: Verag
Датум: 28.02.2009 15:35:06
Љупчо,доста млатиш празна слама.Јасзабележав дека и Иванов,како кандидат,каснеше и на забелешка на новинарите дека барем треба да се извини,само праша:" Треба да се извинам!Значи ова некултурно и безобзирно однесување е карактеристично за вмро-ОВЦИ
Од: sluga
Датум: 28.02.2009 16:39:46
Carot makedonski! nekultura! makedonska tocnost! dignat nos!
Од: Tetovka
Датум: 28.02.2009 17:23:41
da se docni na pomenot na ex PRETSEDATEL e sramen cina a uste posramen i ako tamu go ceka diplomatskiot kor na drzavata zaedno so Pretsedatelot...takvoto odnesuvanje na Grujo e slika an samiot sebe kako neorganiziran, nedosleden i aroganten... pa toa lie luge premier?!?!!?
Од: dimce
Датум: 28.02.2009 17:33:16
ova e balkan......prostakluk
Од: niko
Датум: 28.02.2009 18:06:22
Od odredeni pricini na sekoj mozi da ni se sluci da kasneme , no kasnenje na pomen e stramota ....poarno da se izvinel i voopsto da ne prisustvuval...navreda za pocinatiot...
Од: jovceska
Датум: 28.02.2009 19:42:22
Site vie sto go kritikuvate Premierot, dali vi se slucilo da zakasnite nekogas, normalno na sekoj mu se slucuva,ne treba za se i sesto da go kritikuvate
Од: dime
Датум: 28.02.2009 22:14:03
mi se gadi od vakvi poltroni kako vas sto go pravdate docnenjeto na sevisniot....
Од: susana
Датум: 28.02.2009 22:18:16
ej kolku ima dobar lek za toa site protokoli za kaj nego ke gi pravat so saat porano ako treba da e manifestacijata vo 11 nego ke mu pratite da dodje vo 10 i toj ke stigne na vreme, ili nekogas koga ke pojde ke nema nikoj.EEEEEEEEEe be makedonce se gleda kolku imame drzavnik , t.e premier ne mozi mozi da si gi pogodi pantolonite cevlite ili sl , Ne se nasol nekoj da go vrzi vo edna takva situacija zatoa i strancite mnogu go smirglaat nego i negovite pajtasi.
Од: Од редовен читател
Датум: 28.02.2009 22:20:26
Бидејќи станува збор за пракса, а не за случај, објаснението е дека се работи за голем и невиден простаклук. Човек кој не го цени времето и не заслужува да се наоѓа на така висока позиција.
Од: beti
Датум: 28.02.2009 23:26:53
i vo chikago zadocni,.i toa mnogu.tamu bese sostanokot za promocija na makedonija i vlozuvanje vo nea.lugeto,gosti bea sokirani.jas ne velam deka moze da se sluci,no ima nastani kade sto ne smee da se sluci pa se izleguva mnogu porano.posebno na vakvi javni licnosti i na mesta kade sto e nedopustlivo kasnenje.imase eden amerikanec koj rece deka ostanuva i go trosi vremeto ater za negoviot prijatel majk zafirovski.
Од: Bufalo Bil
Датум: 01.03.2009 00:09:25
Rabotel 18 casa i bil svetla tocka vo Makedonija!Aj vi se molam!Znam deka se namnozija nepismenite vo Makedonija i toa se glavno slepite podrzuvaci na Grujo,ama ne treba da se bide ekspert pa da se zakluci deka docnenjeto e odlika na sitni,iskompleksirani karakteri,koi ,vo nedostig na drugi vrednosti,na toj nacin si pridavaat na znacenje.Megjutoa,fala mu na Gospod,se nazira krajot na mediokritetite i prostacite.GOTOVI STE!!!
Од: Boris
Датум: 01.03.2009 01:37:35
Во најголемата светска економска криза,Владата во МК. прави споменици,ќе го реконструира Собранието,ќе финасира разно разни филмови и "патриотски" реклами...Од тоа не се живее...,но битно,имаме пари за трошење!
Од: Bogoja Struga
Датум: 01.03.2009 04:28:26
Grueski kasni ama sigurno stignuva i si gi vrsi site raboti.Abre komujnarcina ako Kiro Gligorov zakasnese ili nikogas ne stignese vo Njujok vo 95 godina i deneska ce se vikame Makedonija a ne Bajram .Ako zakasnese koga bese atentatot nemase da bidi oslepen a negovite do nego ce beja zivi.Ako Boris Trajkoski zakasnese ili trgnese porano denes ce bese megu nas.Grueski kasni namerno dane mu se desat tie raboti posto tie sto go znaet negoviot raspored seuste mozat da dadat naredba i nikogas da nestigne.I uste edno podobro da kasni i so Grckiot pritisok ama i so nasive domasni Grkomani {platenici] pa belki ce si go spasime i naseto ime.Brza kucka slepi kucina.
Од: nekoj
Датум: 01.03.2009 12:23:32
Jas vi se CUDAM NA SITE :) Zosto go cekate ?!?! Zatoa sto e premier pa moze da ve tretira kako saka??? ha ha ha. E toa e Makedonski mentalitet, od edna strana ke go zborat, od druga koga ke se pojavi ke se ligavat site tamu. Ako imate i vie malku profesionalnost, posle 10 min, ke si zaminete zasto vasata rabota trpi za necija neodgovornost! SITE STE ISTI.
Од: александар
Датум: 01.03.2009 15:22:34
човекот има премногу работа па за тоа не може да биде нацртан до минутка секаде.тој си ја свати сериозно работата.нека владејат способните..
Од: LONDON
Датум: 01.03.2009 16:25:29
Ako kritikite za postojanoto docneje na premierot se dobronamerni togas gi opravduvam. Sepak smetam deka kritikite poveke treba da se nasoca kon lugeto koi se odgovorni za rasporedot na javnata rabota na premierot i sledenjeto na protokolite.Treba novinarite da gi nasocat kritikite kon timot koj mu go pravi rasporedot na premierot i definitivno tamu nesto mora da se menuva. Vaka se sozdava ,,pogresen'' vpecatok deka na premierot mu preoga vo navika da docni. Mene mi lici deka administracijata koja se grizi za protokolot na premierot ili ne postoi ili ne znae kako da si ja vrsi rabotata!!! Vreme e nekoj da ja ponese odgovornosta za vakvoto neodgovorno odnesuvanje.

Најди! во Утрински
Насловна
Бесрамна злоупотреба на Шишков
Зденко
Грчката амбасадорка сред Скопје бараше забрана за уставното име
Политичко враќање на Агрон Буџаку
Насловна
Блуд и разврат
Буџетот за 2009 стои на стаклени нозе
Усвоен планот за изградба на хотели под Кале
Продолжува колапсот на стопанството, нема мерки
Балканска фудбалска лига
Неистомисленици
„Кожуф“ - јужна скијачка туристичка атракција
Зошто секогаш доцниме?