Обвинувањата дека актерот Петар Арсовски во далечната 1979 година, наводно, бесрамно го клеветел својот колега Ристо Шишков, комотно може да се дефинираат како предизборна виртуелна игра на ВМРО-ДПМНЕ. Противникот што го избра, се разбира, е СДСМ. Фактот што владејачката партија од нафталин извади судски списи стари три децении, е некаков акт на кој, доколку пред нас не се изборите, слободно може да му се наметне префиксот „некро“.
За неупатените: завчера на прес-конференција ВМРО-ДПМНЕ изнесе обвинување и презентираше некаков документ, пишан архивски исказ, записник, во кој е наведено дека актерот Петар Арсовски, сега носител на советничката листа на СДСМ за Скопје, на времето го „клеветел“ Шишков дека овој го напаѓал тогашниот комунистички режим и неговата политичка персонификација Јосип Броз Тито. Поради таквото однесување на Шишков, тој во тоа време е суден и затворен, а неговата кариера е уништувана од страна на тогашниот режим.
По овој повод, пак, Арсовски изјави: „Бев млад, тогаш имав 27 години. И, воопшто не сум сведочел на суд против мојот драг колега Шишков. Никој тогаш не ми пречел, а најмалку Шишков. Дадов некаква изјава, но не пред суд, туку во некаква предистражни постапка, а тоа не е исто“.
Од партиска гледна точка можеби и е разбирлива „играта“ ВМРО-ДПМНЕ, со вакво наметнување случај во предизборна политичка кампања, да го оцрни својот противник. Но, малку е јасно и несфатливо за цивилизирано граѓанско општество за тоа каква и колкава е свеста на одговорните луѓе во партијата за ваков тип пропаганда. Особено за тоа што сакаат да предизвикаат со вакви петарди, со навраќањето на едно вакво дело што и самите не го обелоденуваат докрај.
Во што е различна оваа постапка на пратеникот Шамбевски со онаа на времето, за која тој и неговата партија се обидуваат да го наклеветат Арсовски. Наспроти нивните намери, со овој потег не се деградира или дисквалификува актерот Петар Арсовски, туку токму на неговиот починат колега Ристо Шишков. Горчлива е штетата што може да му се нанесе на големиот актерски, театарски и филмски бард Шишков, човекот чие име секаде се спомнува со голем пиетет. И тоа, за ништо друго, туку за некакви приземни, ниски цели, за место во Советот на Скопје!
Според книгата на писателот и новинарот Гоце Ристовски, посветена на животот на Ристо Шишков, пресвртот во кариерата на големиот актер ќе се случи за време на снимањето на филмот „Води“. На 14 јуни во 1979 година општинскиот судија за прекршоци во Струга го прогласил за виновен затоа што во пијана состојба ги навредувал артистите од српска и од хрватска националност, и затоа што рекол дека го мразел Тито, поради Грамос. На 14 декември истата година јавниот обвинител од Окружниот суд во Битола поднесува обвинителен акт во кој остануваат обвинувањата за пцостите спрема припадниците од српска и од хрватска националност за време на снимањето на „Води“. На 15 јануари во 1980 година, Шишков заминува во затвор. По излегувањето се врати на театарските штици со извонредни улоги. Почина во 1986 година, на 46 години...
Добро е во сиот овој надреален дијалог е што медиумите токму од пиететот кон Ристо Шишков и уметноста, не се нафрлија на мамката што на прес-конференција ја фрли ВМРО-ДПМНЕ. Тие го игнорираа политичкиот инфатилизам да објавуваат судски записници со кои треба да се превртуваат коските на починатиот Шишков. Има многу забелешки за вакво или онакво однесување на медиумите, но овој пат тие покажаа многу повисоко ниво на свест од политичарите. Медиумите со тоа, всушност, направија се' за да го заштитат токму Ристо Шишков, односно „македонскиот Марлон Брандо“, кој зад себе остави антологиски улоги.
Pa i sam aktorot kogo go branite kazal deka na policijata i se "ispovedal" i mu go zagorchil zivotot na Risto Shishkov.Togasnata milicija bese "bog i batina"i nemase sudovi trt mrt.Zatoa neznam zosto vie g-gjo novinarke ste protiv izleguvanje na vistinata na videlina!!!Mojot dedo bese predaden i ubien od spionite zatoa sto se zalagase za samostojna(denesna) Makedonija i seuste ne znaeme kade mu lezat koskite.Ama za vas toa ne e bitno neli?
Од: Филип Куманово
Датум: 28.02.2009 05:08:33
Гѓо Иванова па сега вие исто реагирате како во 1979 .Ристо ги навредувал на национална основа бил осуден и нека е.сто мозел да му помогне Арсовски.Но другарот од Хрватска бил тој кој сто прв поцнал да не навредува нас македонците на сто Ристо му вратил со камата и тоа дупло,а сите други наси големи бардови гледале во земја.Казете ми еден филм каде Ристо има глумено сто е сниман во бивсите републики.Слуцајност или несто друго нека пресудат цитателите.
Од: ljupco,bitola
Датум: 28.02.2009 07:40:08
Македонскиот Марлон Брандо,морам да признам таа компарација ми се допаѓа.Додека Шишков глумел во преставите и во филмовите, Петар Арсовски покрај него можел да добие ангажман само како суфлер или статист,па најверојатно одтаму и мотивите за неговата додатна професија-кодош и полициски тастер. Зависта е честопати двигател на човечките постапки и е до накаде за опростување,ама сегашното негово негирање и омаловажување на големиот Шишков е тотално непримерно. Глумењето на невина жртва на лустрацијата некако не му прилега.
Од: Gorgi
Датум: 28.02.2009 12:13:56
Kolku bese golem Risto Siskov na scena ili pozadi kamerite, tolku bese mal koga bese pijan. Ova go kazuvam so cista sovest, zasto druzev so nego i go obozuvav kako glumec. Vo sebe go imase dlaboko komleksot na egejcite. Bese potrebna mala iskra(a ponekogas i ne), za da pocne negovata kanonada od navredi i besmisleni kavgi. No trezen bese lepce i zatoa mu prostuvavme. Taka se sluci i toa vo Struga, na cel glas da navreduva sesto i sekogo, pa ne bese potrebno nikoj specijalno da svedoci, zasto svedoci bea cela kafana. Inaku bas vo vremeto na Tito, toj bese akter sto igrase samo golemi ulogi i neveruvam deka ako bil vo nemilost ke mozese da gi dobie. Ova e vo interes na vistinata, a nekoi moroni-pratenici od Ovcive, moze da pravat filmovi kolku sakaat, no seuste ima luge sto gi znaat rabotite.
Од: vvv
Датум: 28.02.2009 13:30:20
Sega sigurno se prevrtuva vo grob koga eden Sambevski i bagrata sakaat da poentiraat na izbori preku nego
Од: Драган
Датум: 28.02.2009 14:17:53
Доколку Шишков бил пијан додека го кажал тоа што го кажал - секоја му чест. Доколку го кажел тоа трезен во тоа време би бил уште поголем херој на македонскиот народ. Во секој случај, итно да се подигне споменик во негова чест. Жално е новинаркава да се брука вака со име и презиме под влијание на весникот за кој што пишува. Тоа важи за сите новинари во Македонија - не постои независен весник во моментов.
Од: Trajko
Датум: 28.02.2009 19:21:11
Ovaa dpmne-ovcite imat kolem merak na smetka na nekoja maka si ja zgolemuvat izbornata popularnost.A za ova vreme za koe se govori vo statijata ,toa beshe najidealnoto vreme vo koe i najubavo se ziveeshe.Sega e strashno,sega vladee vistinska diktatura.
Од: Blagoja
Датум: 01.03.2009 00:18:26
O ,kolkavo licemerie! I od ednite i od drugite. Zarem Sambevski ne mozese da odbere" popogoden" moment od ovoj pa da gi iznese ovie fakti. Cista predizborna matematika . A za Arsovski e mozda samo edna od onie "neznacajni" ulogi od vremeto na ednoumieto da se bide podoben dousnik na vlasta. Zalno.Stradanjata na pravdoljubivite lugje sekogas bile i se biten del od istorijata na sekoj narod,pa i makedonskiot. Od zivotot na Siskov ,mozeme samo da ucime nie pomladite deka ne bese se taka rozevo vo vremeto na "bratstvoto i ednistvoto". A dejanijata na Siskov se samo del od ona sto tleelo vo dobar del od Makedoncite koi ne se plasele da go kazat svoeto mislenje. Ne e toa nikako kompleks na Egejcite(kako sto e navedeno vo nekoj od komentarite) tuku del od vistinata za Makedonskiot narod,a e del od onaa slika koja tolku umesno se kriese vo komunizmot .Zalno e sto dobar del od nasiot narod seute idolizira i neguva nostalgicni cuvstva kon toa vreme, preferirajki go turbo folkot pred Crno Seme
Од: sime
Датум: 01.03.2009 07:24:15
Koristenje so vakvi "argumenti"vo politikata e samo za osuda,neregularno,tendenciozno i na steta na partijata.
Од: Nikola
Датум: 01.03.2009 10:02:15
Pominati se mnogu godini, a vo politikata i novinarstvoto se mladi ludje koi ne mozat da znaat sto se slucuvalo. Neka go procitaat brojot na togasniot nedelnik "Puls" po smrtta na Siskov. Neka gi procitaat secavanjata na Pavle Vuisic za Siskov i kako se odnesuval Siskov so majka mu. Neka ne pravime idoli, site si imame doblesti i maani!
Од: miki
Датум: 01.03.2009 11:15:23
Авторке Иванова па немојте да ги браните таквите кодоши, заради кои многу македонски дејци беа однесени по затвори и убивани.Ако не е кодош ќе се види кога ќе се спроведе законот за лустрација, а ако е треба да го нема од било каква јавна функција и тој и таквите како него.
Од: Aleksandar I
Датум: 01.03.2009 13:57:00
Prema oficijalnite izjavi,na spisokot na tajnite sluzbi imalo 140 000 sorabotnici od Makedonija.Kolkava e vistinskata brojka nikoj tocno neznae,verojatno X3 bile razni ligusi,tasteri i grebatori.Za drzava od 2 milioni,navistina pregolem tovar od gubre sto do den denes nemoze da se oslobodi Makedonija i da krene napred.Za konkretniot slucaj so sudbinata na Risto Siskov,mozam da kazam i od licno iskustvo kakov bese tretmanot na ,,makedonceto,, vo bratskata drzava od sluzenjeto vo JNA.Sekogas se nastapuvalo so potcenuvanje i navreduvanje.Toa sto Risto ne go dozvolil nekoj da mu popuva doma,moze samo da ni posluzi za primer kako se saka Tatkovinata,zasto ,,dobriot ucitel uci i po smrtta,,.Vo togasnite makedonski filmovi vriese od jugoslovenski akteri,a za ulogi na Risto nadvor od Makedoija jas ne se sekavam,mozebi covekot i ne zakal da igra na tug jazik.